Тибетските лами го наследиле знаењето од древно-македонските мистици. Го наследиле од оние Одбраници на кои усно им се предавало исконското знаење оти знаењето и се заслужува. Знаење за потеклото на светот,за космичката поврзаност меѓу Небото и Земјата,глобалните циклични промени, создавање на новите раси и под-раси. Дел од тоа знаење се криело во тајност со милениуми,дел се пројавувало во шифрирани записи и параболи.
Во астролошката ера на рибите тоа прикривање на исконската вистина особено е изразено, при што добиваме цивилизација која е крајно материјализирана, крајно одделена од Универзалните законитости. Оттогаш се поминати две илјади години и затоа е многу тешко враќањето назад кон правилно поимање на нештата,кон впивање на знаењето кое запишано во нашиот код. Ако археолошките артефакти не се поткрепат со знаење за матрицата на наследување тешко ќе може да се докаже лукавата игра која била изиграна при крај на минатата ера, уште пред раѓањето на Александар Македонски.
Нам ни е познато дека е фалсификувана целата македонска историја и религија. После Константин Велики се формира лажно,нискофрекфентно христијанство. Тоа христијанство отстапува од изворното древно-македонско со тоа што е одзмена женската компонента на Тројството. На тој начин се нарушува космичката хармонија на целата планета. Се воспоставува квази-идеологијата на Спасител кој ќе ни ги откупува гревовите, за да се затскрие вистината дека секој сам треба да се очисти и обезгреши и дека секој сам може да воспостави контакт со Креаторот. Се востановуваат симболи кои се против изворната македонска содржина за да може народот да го држат во ропство. Се пишуваат нови записи,во вид на Нов Завет со содржини кои наликуваат на македонските, но на кои им е одземена езотеричната компонента. Во македонската вера не постои израз Раб Божји туку сите се ДЕЦА Божји.
Еден од основните поими при чинот на создавањето е Тројството. Татко,Мајка и детето или најчесто се одредува како Син. Многу е природно да се сфати машко-женскиот принцип во овој чин. Денес Тројството има сосема поинакво сфаќање. Во догматското христијанство тоа правило е изместено, односно никаде не се спомнува женската компонента. Се вели во името на Таткото, Синот и Светиот дух. Забележуваме дека ја нема женската компонента. Каде е кај нас Мајката? Зошто ја нема? Кој го направил тоа и по чија промисла?
Да го земеме митолошкиот концепт на космогонијата. На Почетокот постоеле Уран (Небо) и Геја (Земја). Тоа е првиот пар на создавањето,после што следи вториот пар Крон (време) и Реја (река како згусната светлина ). Очигледно тоа се фази на создавањето на светот и човештвото. Па доаѓаат З(Ѕ)евс и (Х)ера кои ни се најблиски во пишаната македонска митологија.
Забележуваме парови на богови како основни чинители на создавањето,Бог и Божица. Само на таков начин се задржува хармонијата на редот и само со стопување и вкрстување на машко-женскиот пар се постигнува раѓање,плодност и правилен развој. Денес треба да се напушта официјалната верзија на античката митологија и да ја обистинуваме нашата, македонската, изворната. Во неа врховниот Бог е ИЛИ- ИЛЕ и Маке-Дона. Таа религија е еднобожна или монотеистичка, а наследниците како примарна обоготворена сила биле со силна моќ и затоа се нарекуваат богови.
Бидејќи жената ја нема во јудеохристијанството како основен чинител на создавањето,ние застануваме со дилема зошто ја нема и каде е прекршена низата во наследување. Примарната вистина е сама по себе логична,таа е проследувана и во основното знаење кај мистиците и гностиците,кај Богомилите и сите слободоумни личности.
Светото Тројство е ведско-аријски концепт и е применет во раното или почетното христијанство. Маж,Жена и Дете родени да владеат и да управуваат со сите световни и божествени сили. Во древен Вавилон запишани се Нимрод,Семирамида и Тамуз. Во древен Египет тоа се Озирис, Изида и Хорус.
Тајната на божествениот Ерос,скриена во древните мистерии кои се наследени од другото човештво,од страна на првото,откриена е преку Светото Тројство. Зборувајќи за Бог можно е да се каже вечно машкото е во Таткото,вечно-женско во Мајка-Дух,а Единството на тие две суштествувања е Син:Црквата. Тело Христово е Невеста додека самиот Христос е Младоженец. Тоа значи дека во него постојат два почетоци-вечно женски и вечно машки. (Mereshkovski D.S-,,Tajna zapada,,Metaphysica,Beograd,2002,стр. 188).
Иако овој автор се обидува да направи некаков компромис со црквата,сепак го наведуваме неговиот текст за сведочење на машко-женскиот принцип во светото Тројство. И да истакнеме дека тајната на божествениот Ерос односно на чинот на раѓањето е во древните Мистерии, нашите, македонски кои морале да се забранат за да се прекине патот на самоспознанието. Тоа се случило со настапот на ,,наша ера,,.
Што е тоа наша ера? Чија е таа наша ера? На кого е? Од каде доаѓа овој поим? Мора да има посилна симболика отколку што ни се чини на прв поглед. Да се обидеме да го објасниме.
По завршувањето на славната епоха на Македонија и по распаѓањето на големата империја на Александар Македонски,црните магови полека и сигурно воспоставуваат своја власт. Воспоставуваат нов ред,нови животни правила со кои ќе владеат со обезличениот народ. Тоа е период на постепеното опустошување на македонското царство се до појавата на Исус. Неговото доаѓање било најавено како спасител од римската окупација. Но не било баш така. Појавата на Исус не ја означува неговата ера. Напротив,неговите параболи се извртени,неговиот живот затскриен со магловити прикаски.
Древната македонска вера го губи континуитетот,ја губи рамнотежата со Природните сили. Се било намерно насочено и сработено сионските магови да владеат во ерата на рибите и токму од нив доаѓа терминот ,,наша ера,, Таа ,,наша ера,, е ера на регресија на духовната сфера. Место еволуција на човековиот развој се случува инволуција,што значи длабоко понирање во сферата на материјалното. Се пишувале дела,се одвивале дејствија кои материјалното го величат,а дховното го нагрдуваат и го казнуваат. Но ние многу добро знаеме дека примарната димензија се наоѓа во духовноста,а од неа произлегува материјалното. Никако поинаку. Мислата,идејата, интуицијата, инстинктот, десната страна на мозочната хемисфера се содржини на спиритуалноста.
Во ,,наша ера,, се случува сето она што е против природните закономерности,против здравата гностичка доктрина на спознавањето. Тој процес се случувал бавно и присилно,со прогони, насилства, убиства,војни. Назнаката ,,наша ера,, денес може да се спореди со таканаречениот светски заговор.
Тогашната христијанска црква била така втемелена за да ја одржува во континуитет крајно машката вибрација,енергија на Сонцето. Се извршил атак на балансирачката женска енергија и со тоа се ослабува протокот на моќните природни животворни сили. Ете, ова ни се случува, одделување и регресија на женскиот космички принцип и нагласување на машкиот. Со ова се нарушува универзалната рамнотежа,а тоа пак води до намалување на вибрациите и пад на свеста.
Луцидните истражувачи од оваа област забележуваат наизглед неинтересен,но за нас битен факт,сите должински мерки кои порано се употребувале како што се милја, стопа,тежинска мерка ока,се отстранети од употреба за да му отстапат место на машкиот елемент-метар, километар, тежински грам, килограм.
Од записите дознаваме за да се прогласи еден наследник за фараон тој морал да го примири машкиот принцип со женскиот слегувајќи во подземните простории,во земјата,во матката, исполнувајќи ги исконските ритуали. Подоцна тоа се сменило,прогласувањето се случувало на сила, формално и без исполнување на кодираните молитви и пеења. Со ваквите насилни превземања се нарушувале позициите на владетелите, а тоа доведувало до пропаѓање на силните династии.
Во почетокот на христијанството кое ние денес го познаваме,намерно е изоставен женскиот елемент и во Новиот завет, Марија Магдалена место светица станува блудница. Да приложиме еден текст како потврда на стравот од возобновување на просветлувачките идеи преку генетската лоза на Марија Магдалена за која се тврди дека пребегнала на запад. А крвната линија не може да се асимилира туку така,таа само може некаде да стивне,како семе пред сеидба. И секако да прортува во изданок кога за тоа ќе дојде време.
,,Отцепени сме од нашата врска со креативната женственост. Нашиот креативен дух ја деградира и ја игнорира,како самите ние одбиваме да ја следиме нашата интуиција, нашите чувства,длабоките сознанија за нашето тело,,-цитат на Џозеф Кембел од книгата на М.Мејер- Традицијата на алтернативните евангелија/ ,,Тајните на Марија Магдалина,,).
Требало многу записи да се изгорат,скријат и преправат за да нема ни трага од нашето вистинско потекло, за најинтригантната тајна дека некогаш сме биле спиритуални суштества. За Време и после Константин Велики фамилијата Писо, која му била блиска по род, преправила голем дел од Библијата со особени инструкции да направат верзија со која луѓето ќе бидат понижени и потчинети. Ништо не смеело да не потсетува на исконската поврзаност со Универзумот. Преку догматското христијанство се случила космичка амнезија.
Идното време треба на жената да и се даде улога паралелна со мажот затоа што целата величественост на космосот е заснована на оовие два принципа. Основата на Битието е величието на двата принципа. Како е возможно смалување на едното од нив? Сите преживеани и грозни неволји и космички катаклизми во основа го имаат понижувањето на жената. (Од писмото на Елена Рерих до Клизовски,23.04.1938г)
Ако се уште не е јасно каква е поврзаноста на тројството со отсутноста на женскиот елемент,да си припомнеме на владеење со умот. Имено таквата состојба на умот,усмерено дебалансирачка, им е потребна на сионските владетели за да владеат се до денес. Имено таквиот заробен ум е далеку од слободата на спознавањето. Кога нема рамнотежа и хармонија тогаш светот е полн со ментални робови.
Олга Новачева