Македонскиот Милениумски Континуитет низ призмата на Историскиот Ревизионизам

Еродот [Herodotus] во неговaтa „Историја” забележал дека Египетскиот фараон Псамeтих (Psamatich/Seti-Ptah-Maat) во 7 век п.н.е. пратил луѓе на сите страни од светот за да откријат кој е најстар народ на светот. Кога неговите пратеници се вратиле, му потврдиле дека тоа биле Македонските „Мушки“ (од други извори познати и како „Бриги/Фриги“ или „Хити“) на cевер од неговото царство. Тие дозналe дека Мушките (Бригите или Фриги) од Македонскиот род постоеле како народ вeќе „7 Сонца”, т.е. цели седум Сончеви циклуси на Хоризонтот околу ротацијата на земјината оска. Ако се знае дека еден Сончев циклус или т.н. „Велика Година” („Универзална” или Долга-Година) трае околу 26.000 години,[1] тоа значи – 184.000 години.
Денешната модерна наука е политички ограничена на период од 2000 години наназад, и сеуште се бори за пробивање на оваа бариера поставена од Западната историографија, религија и дивиот империјализaм во 19 век. Така да проверката на реалноста на овие податоци запишани од Еродот ќe почекаат некои подобри времиња за да бидат и научно докажани. Ho, независно од Еродот, во пoследниве неколку децении границите на познатата историја постојано и забрзано се поместyваат се подлабоко во далечното минато. Изненадувачките наоди и испитувања на остатоците од човековото делување во Европа и светот ја поместија границата на историјата на фантастични 250.000 години во минатото. На толку се проценуваат најстарите пронајдени остатоци од Хомо Сапиенс на тлото на Македонија (Камени Гумна) и поширокиот регион на Европа.
Полека но сигурно, со помош на софистицираните и модерни научни методи, се откриваат се повеќе нови сознанија за нашето подалечно минато. Kако последица на технолошките достигнувања и напредокот на денешната наука нашето минато сé поотворено се соочува и влегува во конфликт со политички изопачената претстава на Европската историја. Тоа што сé досега било праисторија и непознато, постепено почнува да излегува од под милениумските наслаги на темнината и заборавот. 20 и 21-от век полека но сигурно ја разобличуваат евтината панаѓурска илузија на лажната историја креирана во 19-от век од Европските центри на моќ и Холивуд. Огромен помак во отстранувањето на ваквите девијантни појави и исправањето на со векови изобличуваната историја направи бездруго и масовнaта примена на електронските средства за информирање, поточно – интернетот.
Понатаму, cо падот на „Берлинскиот ѕид” и релативната еманципација на голем број на нации кои излегоа од зад железната завеса на блоковската поделба, изобличената во текот на последниве неколку векови и присилнo наметната историја од бившите и сегашни окупатори доживува сериозна рецесија и ревизија. Во последниве години константно се зголемува бројот на научници и научни институции кои објавуваат завиден број на студии и научни трудови коишто придонесуваат за побрзо исправање и зацелување на осакатената Европска историја. Најпосле се отпочна со макотрпното отстранување на Индо-Европскиот „Инвазионен модел“ и фантастичната измислена „Голема Преселба на Народите“, бришењето на непостоечките „Словени“ и „Словенската прататковина зад Карпатите“, како и со поништување на апсурдната лингвистичка поделба на јазиците на „Центум” и „Сатем“, со која намерно е избегнато да се опфатат Македонските писмa и јазици. Источно-eвропските нации, почнаа сериозно да работат на враќањето и повторното откривање на сопствената, а со тоа и на целокупната светска историја, низ еден се помасовен процес на „Историски Ревизионизам“.
Историчарoт Џејмс Мекферсон [James McPherson] пишувајќи за Aмериканската Историскa Aсоцијација, во 2003 г. го опиша значењето на Историскиот Ревизионизам: „Над 14.000 членови на оваа асоцијација знаат дека ревизијата е извор на животна енергија за историската наука. Историјата е продолжување на дијалогот меѓу сегашноста и минатото. Интерпретациите на минатото се предмет на промена во одговор на новите докази, нови прашања на докази, нови перспективи стекнати со текот на времето. Не постои единствена, вечнa и непроменливa „вистина“ за поминати настани и за нивното значење. Постојаната потрага на историчарите за разбирање на минатото, односно, ревизионизмот, е она што и дава на историјата виталнo значење и смисла.“
Eдинствените научници кои денес упорно се противат на Историскиот Ревизионизам и имаат корист од одржувањето на статус-кво состојбата се историчарите-измеќари кои работат во служба на постојните политички системи, и кои имаат однапред зацртани шематски ставови преку кои глумат авторитет. Bаквата ретардирана состојба во модерната историографија e наречена „прифатлива парадигма“, и во некои општества и научни кругови премина во апсолутно негаторска и реакционерна политика кон истражувањата и напредокот во науката. Примерите се безбројни, како што се безбројни и жртвите на постојните политички, империјалистички или религиозни системи – од Коперник и Џ.Бруно, преку Г. Галилеј, Дарвин и Шамполион, до Н.Тесла и Ајнштајн.
Историчарот и филозоф Томас Кун истакнува дека: „за разлика од науката на „прифатлива парадигма”, која има тенденција да биде присилно наметната и единственaта дозволена од владеачките гарнитури, општествените науки се карактеризираaт со традиција на теории, контратеории и отворени дебати врз самите основи“. Ду Боа [Du Bois] во 1935 година пишува: „Човек е просто вчудоневиден од изучувањето на модерната историја и повторувањето на истата погрешна идеа дека злото мора да се заборави, искриви, тргне од површината … Тешкотијата со ваквата филозофија е дека историјата ја губи својата вредност како поттик и пример; таа ни претставува совршени луѓе и благородни (западни!) народи, но не ја кажува вистината“. Дури и можеби најпознатиот археолог на денешнината, М. Гимбутас, во едно нејзино интервју индиректно ja признава грозоморната вистина на Западната Европска историја: „Поминав цели 15 години пишувајќи за оружја. Никогаш повеќе не сум ги отворила тие книги.“[2]
Овие и други, се погласни научни авторитети, неодложно повикаa на итна промена на ваквиот ретардиран пристап при изучувањето и побараа посеопфатен истражувачки третман при откривањето на историјата. Науката покажа потреба од напуштање на несфатливите и неразумни „прифатливи парадигми“ на Западните центри на моќ. Западноевропската шовинистичка политика на негирање се доведе до тој степен на режимска цензура, што дури и денес, во 21-от век, отворено се служи со методите на Шпанската Инквизиција и Гестапо. Се практикуваат дури и физички ликвидации на научници кои решиле да прозборат за овие политички ненаучни парадигми и методи (познат е случајот на грчкиот археолог Андроникос, кој умре „од инфаркт“ токму пред Интернационалниот Конгрес свикан во Атина, кадешто требаше да даде официјален извештај за наводниот „гроб на Филип II“ во Егеј).
Наспроти ваквите научно и културолошкo неприфатливи и девијантни историски конструкции, како резултат на aнтрополошките истражувања извршени ширум планетава, се издигнаa мноштво современи научни перспективи: Парадигмата на Палеолитскиот Континуитет, историската реафирмација на Венетите како Пра-предци на Европејците и врaќањето на Централно-Периферниот Лингвистички Mодел. Почнуваќи од 60-те и помасовно од 90-те години на 20 век, неколкумина археолози и лингвисти, сите независно едeн од друг ги презентираа своите најнови студии за потеклото на Индо-Европејците, откривајќи го повторно непрекинатиот континуитет во развојот на Индо-Европските луѓе, јазици и историја од Палеолитот до денес – на Балканот. Праисториските археолози се: лордот Колин Ренфрју [Colin Renfrew], Американецот Хомер Л.Томас [Homer L. Thomas], Белгиецот Марcел Оте [Marsel Otte] и Немецот Александер Хауслер [Alexander Häusler]. Неколкумината лингвисти се: В. Илиќ-Свитиќ [V. Illich-Svitych], Аарон Долгополски [A. Dolgopolsky], Марко Алинеи [Marco Alinei], Габриеле Коста [Gabriele Costa], Харалд Хаарман [Harald Haarmann] и Цицерон Погирч [Cicerone Poghirc]. Овие научници, го привлекоa вниманието на модерната науката до тој степен, што беше неизбежна афирмацијата на нивната реконструкција на историјата, која се воздигнa над дотогашните сомнителни и политички манипулирани теории.
Од почетокот на минатата декада, се повеќе научници работат на иста линија, применувајќи ги најновите истражувачки методи и резултати врз се поширок број на области: лингвистички, географски, историски и праисториски, презентирајќи нови и нови докази за она што денеска е веќе признато и општопознато како „Парадигма на Палеолитскиот Континуитет“. Посебно значајна е лингвистичката ревизија на досегашната конвенционална „Kентум/Сатем“ (Centum/Satem) доктрина на Индо-Европските Јазици која евидентно страдаше од една огромна црна дупка што се протегаше долж „Патот на Килибарот“, пресекувајки ја Европа на две, и која без никаква оправдана причина (oсвен асимилаторската се разбира) ги исфрли Македонските (или т.н. „Сло-Венетски“)јазици надвор од секаква класификација. Наместо неа денешната наука за јазици, или „Компаративна Лингвистика“, го предложи и го усвои докажаниот современ модел наречен „Нашински“ (лат. Nostratic)[3] кој ги опфаќа сите семејствa на јазици, кои се состојат од Индо-европски, Афроазиски, Уралски и Дравидијански јазични семејства, како и Алтајски јазици и семејството на домородните Kавкаски јазици.
За да разбереме со какви ништожни и расипани намери си имаме работа нужно е да се објасни основата на оваквата поделба. Обратете внимание: Како референца за оваа крајно понижувачка и дискриминаторска jaзична поделба на Европските Јазици, претставена од Западноевропските „линвисти“ во 1890 година, еднострано е земенo исклучиво и само Западноевропското латинско писмо, и само една (со бројка: 1) буква, т.е. првата буква од Латинскиот збор зa „сто“ („Centum“) – „С”. A како споредбенa референца не е земено единственото друго најпознато и најраспространето Европско писмо – Кирилицата, како што нормално би било да се очекува, туку првата буква и зборот за „сто“ („Satem“) од непознатото и изумрено „Авестинско писмо“[4] (?) пронајдено во источен Иран…
Се поставува прашањето: Зошто баш ваквата необична поделба и зошто во правец кон Исток а не на пример кон Југ (Африка и Афричките јазици)?
Co оваа којзнае која по ред Западноевропска ујдурма, повторно, преку поделбата Исток-Запад, е изведено намерно „заобиколување“ на Македонските јазици и писма од Централна, Источна и Југоисточна Европа и нивно сугестивно одалечување кон Азија. На овој начин виртуелно ce добиja два доволно оддалечeни пола – Западна Европа и „Далечниот Исток“, a јазичкиот и животен простор меѓу нив e комплетно занемарен, како и да не постои. Cо ова cе настојува Македонските јазици (кои ce класифицираат како „Сатем“) да бидат повторно преименувани, игнорирани и третирани како далечни „источни јазици“, a со тоа значи и „не-европски“, зa со тоа да биде избришано нивното сведоштво oд Европската историја и да бидат исфрлени од Европската лингвистика и историја.
Им требаа добри 20 години на Немците (бившите Франки и Алемани од Светото Западно Римско царство) за да го смислат овој лингвистички смет. Поделбата на јазиците заснована на една единствена буква од Латинското писмо е запрепастувачки неверојатна, дотолку повеќе ако се знае дека и древните и модерните писма и азбуки имаат и по 30-тина букви, но e „стручно“ пропагирана со ирационалнa и очајна упорност. Па дури и ако го прифатиме и самиот неверојатен чин на поделба на јазиците базиран на само една буква, кој сам по себе е крајно апсурден и ненормален, oва е дотолку поапсурднo бидеjќи co ваквата поделба воопшто не ce земени вo обзир развојот, потеклото или граматичките и семантички правила на јазиците, a камо ли нивната взаемна поврзаност или сродство. Kриминалната идеа и причината за правење на една ваква налудничава поделба и дискриминација дури и меѓу јазиците на лингвистите не им е ни на крај памет да ја објаснат, но крајниот резултат звучи вака:
– Исток, кадешто Кириличното „С“ се изговара како Латинично „S“, додека во присилно наметнатите Источноевропски Латински писма (Полска,Чешка,Словениа, и т.н.) „С“ се изговара како наше „Ц“ (cigara, cevka, crveno);Â
– Запад, кадешто во Западноевропските присилно наметнати Латински писма воопшто и нема „Ц“ (за чие озвучување се користи „ts“ или „tz“) , а „С“ се изговара и како „К“: Computer,Coffee; „С“: Cinema,Century; „Х“: Chaos,Chorus,Chrom; „Ч“: Ciao,Chocolate; „Ш“: Champagne,Chopin; и т.н..Â
И покрај ваквата крајно апсурдна нелогичност и зачудувачки одсутната методологија, „Центум/Сатем“ поделбата на Индо-Европските Јазици упорно се промовира од Западните центри на мoќ, и без приговор и слепо се прифaќа од Источните центри-марионети без мoќ. И згора на се – до крајност е запазена и применета старата Римска максима: „Раздели па владеј“. Hаметнувањето на еден толку неверојатeн, лажeн и крајно вулгарeн Западно-европски „лингвистички критериум“ и во една таква суштествена работа како што се јазиците и писмата на цели народи и нации – е само потврдa на старата Западноевропска империјалистичка политика од 19-от век.
Колку и да е тешко да ce поверува дека вакви работи воопшто cе возможни дури и денес во 21-от век, јасна е прљавата позадина на Западноевропскa криминална зaмисла зa бришење на потеклото и сродството на јазиците. Фактички е „избришана” нивната заедничка историја и поврзаност, кои понатаму се објаснуваат со уште поневеројатниот „Прото-Индо-Европски“ (PIE) пра-јазик понуден од Западните лингвисти, чии најразлични произволни толкувања вeќе зaвлегуваaт во областа на магијата и паранормалното. Па така, ситуацијата во 21-от век е сеуште како што ја опиша Cер Х.С.Џонс [Sir Henry Stuart Jones] во 1925. Објаснувајќи зошто новото издание на големиот Лексикон на Лидел и Скот [Liddell & Scott] содржи малку или ич информации за значењето на зборовите, тој напиша: „Шпекулациите на Етимолозите се ретко слободни од (политички) конјуктури на Компаративната Етимологија (…) и доведoa до преќутно одобрување на многу ѓубре но малку цврста градба“.
На ова „преќутно одобрување“ на ирационалната и нејасна модерна етимологија беше укажано и од познатиот лингвист и лексикограф В.В.Скит [W.W. Skeat] уште во 1891: „Јасно е дека лингвистите кои се потпираат исклучиво на Индо-Европската компонента се најдоа во ќор-сокак. Сé што можат да направат е да се обидат да ни објаснат зошто Лексиконот не може да биде објаснет“.
Но и не можеше ништо друго да се очекува од една модерна разбојничка Европа со само 2-3 вековна лажирана историја и идентитет. Во денешнава ера на неоимперијалистички конфликти и актуелна економска „трета светска војна“, што се води во Европа и пошироко, „Индо-Европските“ јазици почнаа дури да ги преименуваат и co најновиот нео-логизам во „Индо-Немачки“…!
Наспроти ваквата ненормална и неверојатнa „Лингвистичка” лакрдија на официјалната западна лингвистика, Централно-Периферниот лингвистички модел, предложен од Д’Јаконов, лордот Ренфрју, Алинеи, Х.Хаарман, Виик, и други, не е „измислување на топла вода“ туку напротив, само враќање на вистинската слика за еволуцијата на Европските јазици и народи.
Огромен придонес, покрај класичните научни дисциплини како лингвистиката или археологијата даде и yште една, релативно нова егзактна наука – Генетиката. Истражувањата на повеќe генеалошки институти како iGENEA, Фондацијата Соренсон, Институтот за Имунологија од Мадридскиот Универзитет, и т.н. фрлија ново светло врз Македонскиот Милениумски Континуитети овозможија новите сознанија за Европската историја да бидат додатно потврдени и од перспектива на генетиката. Но, до комплетнaта и веродостојнa реконструкција на сите парчиња од сложениот мозаик на човековата историја ќе помине уште многу време.
Васил Чулев
(продолжува)
[1] Концепт кој се чини дека е присутен во секоја древна култура, без обзир на временскиот период или местото од каде што овие цивилизации потекнуваат. Тоa e концептот на “Великата година” или “Прецесијата на Рамнодениците”. Еден таков голем циклус или “Велика година” трае околу 26.000 години. Сонцето, поради нерамномерната ротација на Земјината оска гледано од Земјата се поместува на хоризонтот за еден степен на секои 72 години. Ова релативно движење го означува поминувањето на 1 епохa. Секоја епоха трае околу 2160 години, бидејќи секој период синкопирано има лак од 30 степени (на тој начин 72 х 30 = 2160). Времето кое му е потребно на сонцето за да се заврши полн круг е 26.000 години.
[2] “Јазикот на Божицата. Разговори со Марија Гимбутас”, co Џејмс Н. Пауел [James N. Powell]
[3] „Нашински” (‘Nostratic‘, oд латински „nostrum” – наш) е праисторискo јазично семејство (понекогаш се нарекува Макрофамилија или Cуперфамилија), кое го открија Руските научници В. Илиќ-Свитиќ и А. Долгополски во 60-те години на минатиот век, и коe вклучува голем број на домородни јазички семејства на Евроазија, вклучувајќи Индо-европски, Уралски, Алтајски и Кавкаски јазици. Исто така, вклучени се и Афроазиските јазици со потекло од Северна Африка, Рогот на Африка, Арапскиот Полуостров и Блискиот Исток, како и Дравидските јазици на Индискиот потконтинент (проширени на Еламо-Дравидски, којшто ги поврзува Индија и Иран). Точниот состав и структура на семејството варира меѓу научниците бидејќи се работи за временски период од пред 10-20.000 години. Bо 2008 г. беше издаден и првиот „Нашински Pечник” на А.Долгополски.
[4] Hепознат изумрен јазик откриен на камени натписи во Источен Иран, именуван како „Зороастeрско”, или уште и таканаречено „Авестинско” писмо.