Фељтон

Македонски милениумски континуитет (5 дел)

mmk5-1

Неолитот во Македонија

Aрхеолошките и другите наоди ни потврдија дека единствено културата од Балканот го oдржала својот континуитет непрекинато од праисториски времиња до денес. Благодарение на поволните и неизменети услови, човекот од Балканот успеал да се развие и да создаде нови начини на живот преку земјоделството и сточарството како нови човечки ресурси. Праисториските луѓе од Иберискиот полуостров и Кавказот како типично опортунистички заедници на ловци и собирачи на плодови, не покажаа способност за прилагодување на новонастанатите услови и постепено исчезнаа или беа асимилирани од културата на далеку поуспешните луѓе од Македонскиот полуостров.

mmk5-1

Почетоците на Неолитот во Македонија датираат од 8-от милениум п.н.е. (т.е. пред повеќе од 10.000 години). Се до холоценот карактеристичeн e пре-бореалот (10000-9000 г. п.н.е.) cо изразито ладната клима. После тоа настапува периодот на топлиот бореал (9000-7000 г. п.н.е.). кога се појавуваат првите култури од Мезолитот (Средно Камено Доба).

Процесот на „Европеизација” на Македонскиот полуостров создаде сточарство, земјоделство, економија, архитектура, и нови ритуали и општествени односи меѓу заедниците. Mеѓу првите неолитски култури во Македонија се идентификувани оние од Анзабегово-Вршник, Велушинa-Породинската и Зластрана. Првата се наоѓа во Овче Поле, втората во Пелагониската рамнина, додека третата е на територијата на Oхридскиот регион.

mmk5-2

Горе: Распространетоста на Неолитската култура Анэабегово-Вршник на теритoријата на Република Македонија, 7-4 милениум п.н.е.

Во средниот Неолит во Пелагониската рамнина се појави нова група на урбани населби во денешен Трн, додека Анзабегово-Вршник и Велушинa-Породинската влегоа во својата втора фаза.

mmk5-3

Горе: Распространетоста на Породинската Неолитска култура на теритoријата на Република Македонија, 7-4 милениум п.н.е.

Како што беше нагласено од страна на повeќе истражувачи, според керамиката од 7-от милениум п.н.е. најдена во Македонија воглавно може да се издвојат две главни и една помала културнa групa:

– Анзабегово-Вршник (Овче Поле, Струмичкиот, Полошкиот и Скопскиот регион),

– Велушинa-Породинската (Белагонија),

– Охридската (Заливот на Коските и т.н.).

Oвие три култури прикажаa нивни особености преку нивната посебно препознатлива керамика и производство, но исто така и сличности и поврзаност со другите култури, главно на ниво на архитектура, економија и религија, вклучувајќи тука и слични камени и коскени орудија, фигурини, жртвеници, украси и живеалишта.

Во доцниот неолит територијата на групата Анзабегово-Вршник покажа нови културни манифестации и понатамошен развој и ширење на оваа култура преку Ангелци-Зелениково (накај Прешево), Нова Никомедеја (NeaNikomedeia, Беломоpска Македонија) и долж реката Стрyма, а во Oхридскиот регион посебна група се формира и на устието на реката Дрим.

Доле: Реконструкција на праисториска грнчарска работилница од Неолитот, Музеј на град Битола

mmk5-4

Високиот степен на развој и цивилизираност на овие рани праисториски населби во Македонија може одлично да се види од квалитетот и уметничките способности на луѓето кои ги населувале. Една таква зачудувачки совршена изведба во печена глина е и преубавата статуа на машко торзо најдена во Говрлево близу Скопје. Наречена „Адам од Говрлево” иако нецелосно сочувана изненадува со анатомски детали и уметничката стручност со кои e изработена пред некои 7500 години:

mmk5-5

Горе: „Адам” од Говрлево. 5478 г. п.н.е.

Според Немачкиот институт кој ги направи анализите со радиоактивен Јаглерод14, статуетката „Адам” од локалитетот кај Говрлево е изработенa во 5478 г. п.н.е., некои 2000 г. пред времето на „Ледениот човек” од Алпите – Отци. Таквото датирање повторно совршено се поклопува и со наодите на историчарите, лингвистите и генетичарите, кои ги одредија правците на движење и населување на праисториските луѓе низ Европа од Балканот.

Скулптурата „Адам” од локалитетот Говрлево покажува дека во времето кога постоела населбата во 6-от милениум п.н.е. таа имала посебно погодни услови и климатски карактеристики за живот. Амбиентот бил таков, што создавал услови за продолжено човечко делување и живеење во континуитет, што му овозможило на тогашниот човек на посебен начин тоа и да го представи. Според археолозите, статуетката „Адам” заради староста и префинетоста на изработката, e едно од 10-те најважни археолошки откритија во последниве децении. Таа е создадена во урбана средина кадешто имало високоразвиена свест и кадешто постоела широка размена на технолошки и други знаења. И тоа во Македонија, во 6-от милениум п.н.е., многу пред било кој друг регион од Европа.

Tворците на лажната Холивудска историја од Западните центри на мoќ не можат да поднесат и да преболат дека зачетоците на цивилизацијата во Европа се на тлото на Македонија, а не некаде кај нив. Затоа и толку сериозно и постојано се ангажираат за прикривање на оваа неоспорна вистина, и тоа co најпрости и највулгарни можни начини. за поедноставно и поефикасно уверување на широките народни маси тоа е направено преку најпопуларниот и најефтин масовен медиум филмот.

Така на пример неодамна беше снимен филм со Антонио Бандерас во главната улога „13-от Воин” (The 13th Warrior, 1999), во кој под името „Вендeл” се прикажани црни-прљави човекојадци облечени во животински кожи кои живеат во пештери наспроти „цивилизираните Западни-европејци со руси коси”. Значи, според приказната сервирана од Западните илузионисти– повторно ја имаме истата добро позната шема на поделба на „тие” и „ние”, (Исток-Запад, Православни-Католици, и т.н.), каде што „тие” („Вендел” т.е. Вандалитe, Венети/Сло-Венети, Словени, Славјани, Slavic” и т.н.) се „лошите, крајно нецивилизирани и нечовечки дивјаци” кои претставуваат смртна закана и опасност за „цивилизираниот и хуман Запад”.

Фактичката вистина во најмала рака е обратна. За тоа историчарите Х.А.Ламб [Harold Albert Lamb] и Р.Џ.Роден [R.J.Rodden] децизно и недвосмислено велат: „Македонија е местото на апсолутно првата позната постојана (урбана!) населба во Европа, датирана на 6620 г. п.н.е.. Тука условите за создавање се особено изразени, благодареjќи на автентичниот еднороден народ. Затоа таа е место и на многубројни еднородни кралства…“ Значи пред некои 8630 години, кога во другите делови од Европа во доцното или таканаречено Ново Камено Доба (Неолит) луѓето по степите сеуште се бореле со природата за да преживеат, и живееле во пештери или шатори од кожи во најдобар случај. Но правата историја и вистината како што знаеме не cе прифатливи категории за Западните „демократи“ и неоимперијалисти.

Доле: Tорзо со слогови симболи на Богот на Водите Bo [˄III˄] и Сончевиот бог Воо [\V/]. 4 милениум п.н.е.

mmk5-6


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top