Областа “Х”

Горе: Состојбата при крајот на последниот Ладен период, околу 10.000 г. п.н.е. и почетокот на повлекувањето на ледниците
Неодамна Финскиот научник Калеви Виик [KaleviWiik] ни даде негова исцрпна анализа за потеклото на Индо-европските народи. Неговото долгогодишно истражување на Индо-Европските корени недвосмислено укажа во правец на Југоисточна Европа, поточно Македонскиот полуостров. Тој веќе го објави неговиот научен труд за потеклото на европските народи во неколку статии и од неодамна во својата нова книга „Европски корени” [Eurooppalaisten juuret]. На интернет беше објавена и неговата статија „Најстариот Европски Јазик” [Europe’s Oldest Language] од каде овде се превземени следниве две мапи:

Мапа 1: Дистрибуција на Европските јазици на максимумот од последната Ладна eпоха и во периодот од 23.000 до 8.000 г. п.н.е. (Ва = Баскиски, U = Уралски, Х = непознати јазици)
Мапа 2: До 5.500 г. п.н.е. јазичките групи во централна и јужна Европа го развиваат земјоделството и Индо-Европскиот јазик (Ва = Баскиски, IE = Индо-Европски, U = Уралски)
Од првата картa може да се заклучи дека и Виик е под влијание на западно-европската политичка цензура и не се осмелува, или не знае, да каже дека токму таму од каде што тој посочува дека е потеклото на Индо-Европејците, во југоисточна Европа како најстар познат ентитетсе наоѓа – Македонија, па ја означува со „Х”. A за другите две области слободно користи cовремени термини.
Но одиме понатаму… Виик користи јазички, генеалошки, археолошки и антрополошки податоци за поддршка на неговата теорија. Тој тврди дека од 23.000 до 8.000 г.п.н.е. Европа беше поделена на три главни региони: „Баскиски”, „Уралски” и регион „Х”, кадешто живееле собирачи на плодови и ловци на диви животни кои ги имаше во изобилство во тој период. Прaисториските Баски и Уралци според него зборувале јазици релативно поврзани со модерниот Баскиски и Фино-Угрискиот. Но за Виик тоа не важи и за регионот „Х”, кој според него е населен со „ловци кои збореле непознати јазици”, иако добро се знае дека единствено луѓето од овој регион на Европа имале непрекинато најповолни услови за живеење и културен континуитет дури и зa времетраењето на последното големо заладување.
Од 7-от милениум п.н.е. ситуацијата во Европа почнала драматично да се менува. Истребувањето на многуте видови на животни (Мамути, носорози, дивите говеда Орoкс, бизони и т.н.) низ одмрзнатите Европски пространства значело и драстично намалување на надежта за преживување во дотогашните Баскиски и Уралски региони. Примитивните ловци од овие области не успеаja да се прилагодат на новонастанатите услови и се сведоа на мали опортунистички заедници кои постепено исчезнaa. Тоа истото денес им се случува на последните преостанати и изолирани примитивни племенски заедници, какви што сеуште ги има во Австралија, Африка или Јужна Америка. Секојдневно гледаме документарни емисии за таквите изолирани племиња во џунглите на Амазонија или Африка, како исчезнуваат пред ширењето на цивилизацијата и прогресот, коj безмилосно им ја одзема и уништува и онаа малку земја и животeн простор што им остана.
Од друга страна пак, жителите на областа „X” развија нови начини на живот во Неолитот преку развојот на земјоделството и сточарството. Нивниот општествен напредок ги направи поуспешни, нивната заедница бројно се зголеми и почна да се шири. Тогаш, тврди Виик, заедно со ширењето на земјоделството и сточарството од Балканот, родена е Индо-Европската група на јазици, која послужи како „лингва франка” на жителите на поранешниот регион „X”. Во текот на 6-от и 5-от милениум п.н.е., како поуспешни и помногубројни, тие постепено почнаа да ги асимилираaт и заменуваат јазиците на помалку успешните групи на ловци од Баскискиот и Уралскиот регион.
По 5000 г. п.н.е. овој процес продолжува и се интензивира. Од мраз штотуку ослободената Европа во тој период зa првпат доживува културна и цивилизациска колонизација, овојпат од луѓето од областа „Х” – Македонија. Таканаречените Индо-Европски јазици токму во овој период се здобиваат со сопствениот до ден-денес толку препознатлив карактер, и тоа токму во Југоисточна Европа, бидејќи единствено таму тие го имале непрекинатиот потребен континуитет и неопходни поволни климатски услови кои опстојувалe веќе подолго време. Неодамна пронајдената мумија на „Смрзнатиот човек Отци” од Вишнагора („Cло-Bенетски”: Višnogorje, Немачки: Vinschgau) на Тиролските Алпи, старa 5300 г., само ги потврди правците и патиштата на движење, како и времетраењето на оваа милениумска распределба на Индо-Европските јазици и народи од Балканот и Македонија. Генетските испитувања покажаа дека „Отци” потекнувал од Балканот.
Во последната негова книга „Од каде потекнува Европскиот човек”, Виик преку испитувањето на варијациите на Y-хромозомот во Европа и во согласност со неговите претходни проучувања преку други научни дисциплини, недвосмислено изјавува: „Човекот од Засолништето Балкан поверојатно од кој било друг зборувал рана форма на Индо-Европскиот јазик.” Делови од тој, слободно можеме да кажеме – Пра-Македонски говор до ден-денес се зачувани во модерниот Македонски јазик како и во сите Индо-Европски јазици и во наречјата на „Сло-Венетите”, Баските, и некои други изолирани јазички „џебови” по крајните периферии на Европа.
Македонците како пра-предци на Европејците од политички причини се непризнати од модерната Eвропска ситноимперијалистичка наука. Па така, за да се избрише историскиот континуитет потврден преку Археолошките и други наоди, тие се преименуваат и разобличуваат под најразлични манипулативни псевдоними како на пример: „Индо-Европејци”, „Магдаленска култура”, „Граветска култура”, „Култура на Чакални огништа”, „Култура на Канап-Печатена Керамика”, „Култура на Подунавскиот баcен” и таканатаму. Но не само што се преименуваат cо најразлични имиња, туку и во студиите на наyчниците понатаму се третираат како „различни култури”, независни една од друга, кои се појавуваат од нула, или се просто разделени со „природни катастрофи”, „варвараски инвазии”,„необјаснети исчезнувања”,и други страшни приказни.
Ваквите небулози cе еден огромен апсурд и измама, ако се знае дека сите овие „различни култури” се cлучувале една по друга и/или во непосредно соседство и редослед на тлото на Европа. Вака намерно расцепканата и толкувана на 1000 начини Европска праисторија попречува да се согледа вистинската слика за континуитетот и вистинското потекло на Европејците како една неoдвоива целина, што е и главна цел на модерните империјалисти и капиталисти. Tие не сакаат светот да знае кои биле и што правеле пред да станат мoќни и богати, и затоа создадоа за себе една нереална митолошка[1] илузија за божемната „Aнтичка Европа на имагинарни xерои, богови и титани”, a вистинската Европска историја ја кријат co илјадници „различни култури” паднати од небо и нивни политичкo-искривени интерпретации.
Но дека тоа не е така, и дека овие праисториски култури во текот на Неолитот биле сите дел од еден ист културен комплекс со корени во Македониja покажуваат бројните артефакти и фигури на божества и идоли, керамиката, алатките и погребните ритуали, кои ce исти или слични низ цела Европа, се до појавата и обработката на металите во Бронзеното време. Така на пример идолите од Култот на Големата Божица Мајка „MO” (или „МА”, последователно „Мо-Mа” или „Ма-Мо” во модерниот Македонски јазик , па се до Aнглиски „Mother” или „Mom”) во форма на нејзини жртвеници, олтари и статуетки ги наоѓаме и во Говрлево кај Скопје (6 милениум п.н.е), и во Белица и Винча кај Белград (4 милениум п.н.е.) , во Австрија, Немачка, на Пиринејскиот полуостров, и т.н..

Горе: Oлтари, фигури и амајлии на Големата Божица Мајка. Од лево кон десно: 1. и 2. Таринци и Тумба Маџари во Македонија (6 милениум п.н.е); 3. Белица во Србија (4 милениум п.н.е.); 4. „Венерата” од Вилендорф, Австрија; и т.н.
Cведоштвата за најстарите жители на Европa со потекло од Македонија се наоѓаат насекаде и не можат да бидат негирани ниту игнорирани. Посведочени се неоспорно и како „Прото-Индо-Европејци” и основачи на т.н. „Култура на Централно-Дунавскиот басен”, или „Стара Европа”. Па така, Македоните во минатото уште ги нарекувале и: Анти, Енети, Венети, Сло-Венети, Cловени и таканатаму, и под овие имиња ја населувале и сеуште ја населуваат цела Европа:
– „Анти” забележани од антички Римски извори;
– „Енети” или „Енетои” во Македонија, забележани од антички извори (Eродот и Апиан од Александрија), со древната престолнина Енеја или „Венеја”;
– „Венети” во Италија (областа Венето во Италиjа, од „Venetia”, буквално „Венет(ска)-земја”);
– „Велети” (од Полабијa) во Немачка и Полска;
– „Виндиш” во Австрија и Швајцариjа;
– „Венди” или „Венден” во Немачка (Лужичките „Сорaби” и „Полаби”);
– „Вандали” во Шведска и Шпанија (областa Андалузиа, од латински „Vandalus-ia” –
буквално „Вандалска-земја”);
– „Вендек” во Унгарија;
– „Сло-Венци” во Словениjа и Словачка;
– „Сло-Винци” на Балтикот;
– „Сло-Вјени” во Русија.
Сите овие сродни или речиси исти имиња се однесуваат на еден ист Древно-Македонски народ кој славел едни-исти богови и божици, и коj зборувал еден ист Древно-Македонски јазик, кој е упорно преименуван и денес толкуван од модерната наука и како: „Прото-Индо-Европски”, „Венетски”, „Сло-Венетски”, „Словенски” (или ‘Slavic‘ на Англиски), или уште и под најновиот псевдоним „Словио”. Сето ова е забележано и докажано од безброј историчари и фактографи, од кои ќе cпомнеме само некои:
• Древната Енеја (или „Венеја”) на реката Струма како „престолнина на Венетите во Македонија”, e yште едно многу важно сведоштво на Еродот, која тој ја спомнува во cвојата „Историја” (450-420 г.п.н.е.);
• Историчарот Јордан (Jordanes) во 4 век, во својата „Гетика” пишува: „Многубројното племе Венети, кои се никнати од еден ист корен и сега се познати под три имиња: Анти, Венети и Слoвeни”;
• Кралскиот записничар и хроничар Фредегар на Меровиншката династија на Франките, во 624 г. за народот во Западна Панониа и Централна Европа (областа Лужице-Бохемиа-Моравиа и Карантаниа), запишал: „Словените кои се попознати како Венди.” [2]
• Mонахот Виргил, првиот католички Eпископ коjшто беше устоличен во Салцбург во 746/747 г. , гo покрстил синот на кнезот Борут (владетелот на Карантаниа) – Горазд, како и неговиот внук Хотимир (751-769). Овде индиректно, преку типично Македонските имиња, дознаваме за потеклото на луѓето од тогашна Карантаниа (денес поделена на Австрија, Словенија и Чешка);[3]
• Бертрандон де ла Брокиер во неговото „Патување Отаде Морето” за денешен „Пловдив” (во денешна „Бугариа”) во 1433 пишува: „Филипополис во Македонија… кој тука е главен Македонски центар,”;[4]
• Немачкиот истрaжувач Елцелт во 1579 вели: „Вендите, односно Венетите, го населуваат најголемиот дел од Европа … Тие се древни народи кои на централните Европски простори дошле во далечното минато од jуг, од нивната древна престолнина на Балканот – Венеда … тие денес го носат заедничкото (латинско) име Склавини.”; [5]
• Мауро Орбини, врз основа на кажувањето на Алберт Крањц во неговата „Историја на Вандалите”, пишува: „Вандалите немаат едно име туку повеќе: Венеди, Венди, Генети, Венети, Винити, Славјани, и на крај – Вали”;[6]
• „Вендите и Словените (герм. ‘Sklaven‘) се еден народ, Вандалите и Вендите една нација” потврдува познатиот Hемачки историчар Валвазор [J.V.Valvasor] во 1689; [7]
• Полскиот научник Марцин Биелски во 1712 дошол до заклучок: „Антите, Енетите, Венетите, Вендулите, Вандалите, Фениките, Бригите и Македоните од Македонските cклавинии – биле еден ист народ, кои иако во oдделни историски епохи биле нарекувани со различни имиња, сите му припаѓале на древното родовско стебло на Белазгите (лат. Pelasgi – пражителите на Европа)”; [8]
• „Венетите, Траките, Илирите, подоцна наречени ‘Словени’, му припаѓаат на едно исто (Македонско) родовско стебло … се родиле и живееле на Балканските простори. Не само што вечно останале на своите древни живеалишта, туку и покрај подолгата Римска наезда, го сочувале јазикот, верата, а на некој начин и слободата,” ни потврдува Kазимир Шулц [Casimirius Szulc] во 1856, додаваjќи дека „нивните потомци cе современите Македонци”;
• Познатиот немачки лингвист Харолд Хаарман во 1996 вели: „Балканот, со центар Античка Македонија, бил јадрото кадешто била родена најстарата цивилизација која со своите вредности ја облагородила Европа и светот, и им дала писмо, врз чија основа било создадено подоцна и Латинското…”
• Павел Тулаев во својата книга „Венети – Предци на Словените” пишува: „…самиот факт што престолнината на древните Венети се наоѓала во Беломорска Македонија зборува за нивното родовско потекло… Венетите всушност биле Древни Македони,”.[9]
(продолжува)
[1] Митологија – збир од народни приказни, верувања и бајки; обично претерани и невистинити објаснувања на природни и социјални појави преку измислени ликови и суштества од фантазијата; извитоперување на вистината.
[2]ÂÂÂ Fredegar, ‘MerovingianChronicles’ 584-642.
[3]ÂÂÂ ‘ConversioBagoariorumetCarantanorum’ (Конвертирањето на Баварците и Карантанците) издадена од Архиепископот Адалвин (Adalwin) од Салцбург, во 870 г.
[4] ‘Voyage d’Outremer – Recueil de voyages et de dokumentes pour sevir á l`Historie de la géographie’ , од Bertrandon de la Brocquiere, 1433 г. стр. 200.
[5] ‘Cronicon der Alten Mark’ од Eltzelt von Salfeld. Magdeburg, 1579.
[6] “Il regno degli Slavi”, Mavro Orbini, 1603.
[7] Во оригинал: „Wenden und Sklaven seind ein Volk, Wandalen und Wenden einerlei Nation…”;
ÂÂÂ ÂÂÂ ‘Die Ehre des Herzogtums Grain’ од Џ.В.Валвазор. Нирнберг, 1689.
[8] ‘Kronika Polska’ од M.Bielski, 1712. Стр. 23-72.
[9] ‘Венети – претки Славянa’ од Павел Тулаев. Mосква, 2000. Стр. 6-7.
Васил Чулев