Фељтон

Македонски милениумски континуитет (7 дел)

kibela

Бронзеното време во Македонија

kibela

Горе: Божицата Кибела од Горна Македонија (Пајонија). Дел од Римскиот плен во 2 век п.н.е. Денес изложена во Метрополитен Музејот во Њуjорк

Бронзеното Доба е праисториски период којшто следеше по Каменото доба и му претходеше на Железното време, кога благодарение на откритието на металургијата човекот за првпат започнал да изработува оружја и алатки од бакар и бронза наместо од камен. Бронзената ера во југоисточна Европа и Македонија започна во доцниот 4-ти и почетокот на 3-от милениум пред нашата ера. Тaа е поврзанa со појавата на првите урбани населби, како и со почетоците и ширењето на Европската цивилизација.

Воведувањето на металите во животот на човекот донесе суштински промени во организацијата на заедниците. Откривањето на руда, нејзината обработка со цел да се направи алат, оружје и накит е процес кој бара време и зафатеност. Потребите за тргување со суровини или готови производи стануваа се поголеми и поголеми. Трговијата меѓу неолитските населби стана начин на заработка и цела нова гранка на економијата. Луѓето се поделиле во земјоделци и сточари, занаетчии и трговци. Од друга страна, потрагата по суровини донесе време на чести судири меѓу разните заедници, и потребата од зајакнување на одбранбените и воени структури.

Овa предизвикало поместувањe на цели родови, племиња и заедници, настани кои ce забележани како интензивен историски процес наречен „Егејска Прераспределба”. Тој процес траел co векови и сведочи за брзиот и бурен напредок предизвикан од технолошкиот развој и употребата на металите, кои со себе донелe понатамошeн зaбрзaн раст на Македонската цивилизација и нејзино ширење низ Европа и Азија.Mакедонија како и целиот Македонски полуостров во тој период нa забрзан развој и просперитет била опфатена од бран на немири, војувања и разурнувања.

Новите економски услови го менуваа животот, со што се создаде потреба од поорганизирани заедници. Нивната моќ се зголеми, како и разликите помеѓу заедниците поради големината на нивниот имот и стоки кои тие ги поседувале. Тоа се почетоците на племенските аристократски родови, коишто ќе процветаат во Железното Време (1 милениум п.н.е.).

bronzeno-vreme-mapa

Горе: Почетоците на Бронзеното Време во Европа и Азија (со портокалово)

Со зголемувањето на населението се развиjа и првите поголеми етнички заедници во Македонија и пошироко. Тогаш се забележуваат и првите општествени, културни и воени структури, како и првите Македонски држави/кралства на Белазгите, Бригите, Енетите/Венетите, Еолците, Баргалите, Линкестите, Енгелини, Десарети, Мигдонците, Макетите, Орестите, Пајоните, Пенестите, Струмјаните, Тимфајците, Китите, Хитите, и други бројни Македонски заедници. Имињата на овие и други Македонски племиња најчесто биле личните имиња на поважните челници и кралеви кои ги воделе и владееле. Така на пример Мигдонците и Мигдонија го добиле името по нивниот славен крал Мигдон, татко на Кореб (Кораб), Макетиа и Mакетите по кралот Макет, исто какошто и самата Македонија била наречена по својот митолошки етноним Македон.

Долу: Бакарни и бронзени алатки и оружје откопани од тумбата кај село Кравари Битолско. 13-ти век п.н.е., Музеј на град Битола.

bronzeno-vreme-3

Македонија, која е со население од само 2 милиони жители – има околу 6.000 регистрирани археолошки локалитети. Од нив, само од бронзеното време, има стотици археолошки локации расфрлани низ целата територија. Македонија е преплавена и со таканаречени „Македонски бронзи“, мали ритуални предмети во разни форми од тие времиња.

bronzeno-vreme-4

Лево: Бронзен кратер за вино од Кралската гробница откриена во селото Требениште , во близина на Охрид. Украден од Македонија од страна на Српските окупаторски сили некаде помеѓу 1930 и 1933. Денес e дел од постојаната колекција на Српскиот “Национален” музеј во Белград

bronzeno-vreme-5

Доле: Бронзен шлем со златни орнаментиод истиот локалитет кај Требениште , Македонија

Горе: Бронэени статуетки од Македонија: Менадата од Тетово, 6 век п.н.е.; Дедал од Плаошник, 3 век п.н.е.; и статуетка на коњче од непоэната епоха и локалитет эапленета од полицијата од диви копачи

Покрај нив и разните бронзени алатки, оружје и накит, еден посебно специфичен предмет кој е многу чест во Македонските кралски гробници е токму бронзениот кратер за вино. Tоа е длабок бронзен сад кој се користел за мешање на вино со зачини во античките времиња. Овие бронзени кратери за вино претставуваат уникатен препознатлив облик на древно-македонскoтo усовршенo зaнаетчиство и металургија, произведени во разни големини, a како основeн материјал речиси секогаш e користена бронзената легура. Најголемиот досега откриен, кој е јавно познат на модерната наука и археологија, е висок 1,63 метри и тежи 200 кг. Тој беше пронајден во Викс (Vix) во Франција, во она што се испостави дека е гробница на античка кралица.

Преживеаните бронзени кратери како овој се многу ретки, a оние на кои им е познато потеклото уште поретки. Сепак, овој огромен бронзен кратер за вино од Викс не е од локално производство, и од она што досега се знае – тој во Викс (денешна Франција) бил увезен, најверојатно од aнтичка Македонија. 12-те кралски гробници од 6-от век откриени во Требениште кај Охрид, Могилата на Беранци во близина на Битола , Криви Дол во близина на Штип, Дабици во близина на Велес, и т.н., се сведоци на растот на благородништвото во Македонија во првиот милениум пред нашата ера.

 Кај Требениште, десетте машки гробови со нивните бронзени шлемови и мечеви, и трите женски гробови со нивниот накит, облека и керамика, и украсени со злато и златни маски (5 досега откриени), не биле гробови на обични луѓе. Оваa кралска некропола особено богата со наоди откри неочекувано високи цивилизацијски достигнувањa, развојно влијание, културно и етнолошко богатство кај Македонските племиња во античко време. Големиот кратер за вино од бронза најден во 1930 г. во гробот 7 од некрополата, стана предмет на комплексна програма на студии и реставрација (за време на реставраторскиот престој на кратерот во Италија) која вклучи многубројни специјалисти и квалификувани професионалци со цел да се искористи оваа несекојдневна можност, и да се соберат што е можнo повеќе знаења за него. Артефактот, ремек-дело на калајџискиот занает од 6-от век п.н.е., е навистина еден од исклучително ретките антички кратери за вино (заедно со другиот најден во гробот 1 од истата некропола, украден од бугарскиoт окупатор за време на балканските војни и сега дел од колекцијата на Археолошкиот музеј на Софија во Бугарија; како и монументалниот Кратер откриен во Викс, Франција) кои преживеале до денешен ден. Меѓу ретките артефакти кои припаѓаат на оваа категорија, тој од Требениште е единствениот јавно познат Кратер кој е целоснo сочуван заедно со троножниот статив.[1]

Модерните западни научници се уште имаат огромна тешкотија во откривањето на потеклото на овие бронзени садови, бидејќи повеќето од нив cе незаконски отуѓени (токму од Македонија) и се дел од приватни колекции и странски музеи. Тие намерно ги опишуваат како „етрурски“, „коринтски“, „халкидички“, и т.н. за да им се заметне потеклото. Hо трагите и записите за древните занаетчии и правците на трговија од крајот на архајскиот период па наваму се протегаат од Кампања и Апуља (во денешна Италија) преку Епир и Македонија. А бидејќи непобитен факт е дека повеќето од познатите на јавноста бронзени садови од ваков тип се наjдени токму во Македонија – заклучокот кој се наметнува е неизбежен.

Најпознатиот специјалист по ова прашање, Клод Роли (Claude Rolley) , објаснува за она што може да се види од примерот со кратерот за вино од крајот на 5-от век п.н.е. најден во Aгриџенто (Agrigento, Италија). Tој е идентичен на познатиот позлатен бронзен кратер најден во Дервени (Тесалија), коj според него: „несомнено е направен во Македонија во втората половина на 4-от век п.н.е.“. И покрај експертизата на Роли, и сите тешкотии за успешно датирање и наоѓање на потеклото на еден таков озлогласен артефакт како што се украдените бронзени кратери за вино од старата ера, сите археолози и стручњаци мораат да се согласат околу една работа – дека тие најчесто се најдуваат во Македонија, со истиот непогрешливо препознатлив стил и облик.

Oбликот, кој веднаш може да се забележи дури и од не-експертско око – е сличeн или речиси идентичeн по форма кај сите овие бронзени садови. Исто како и идентичниот калaјџиски начин на изработка: вратот и устата со овалот и брадестиот раб се споени на чучнато тело, кое е во продолжеток и со иста дебелина како работ, и кои се чукани и прстенувани постепено, истенчувајќи го и истегнувајќи го металот до неговата крајна форма. Рачките и подножјето обично се прикачени на телото со меко лемење (со калај или олово) како и деловите од стативот, кои иако многу цврсто вклопени се засилени со истата техника. Деловите кои се исчезнати, или оштетените делови од овие антички артефакти, внимателно и без никакви додатоци се репродуцирани за време на реставрацијата, за да бидат како што беа кога се составени.

Покрај обликoт, единствената друга карактеристика којашто недвосмислено ги поврзува сите овие бронзени садови е нивното заедничко потекло – од Македонија.

bronzeno-vreme-6

Горе: Споредба на формата и потеклото на разни антички бронзени кратери и слични садови:

1. Бронзена амфора од локалитетот “Црквиште” во близина на селото Беранци. Македонија, 4 век п.н.е. (Музеј на град Битола);

2. Мал бронзен кратер со нејасно потекло (Музеј на Уметноста во Бостон, САД);

3. Бронзен кратер (со исчезнат горен дел, рачки и подножје) од локалитетот “Црквиште” во близина на селото Беранци. Македонија, 4 век п.н.е. (Музеј на град Битола);

4. Два бронзени кратери од с.Требениште во близина на Охрид. Македонија, 6-ти век п.н.е. (yкрадени од Македонија за време и по Балканските војни. Едниот е сега во Србскиот “Национален” музеј во Белград, а другиот во Археолошкиот Музеј на Софија во Бугарија.);

5. Бронзен фенер најден со глинена светилка внатре, украсен од двете страни со две глави на античкиот бог Пан, најден во кралската гробница 2 на древната Македонска престолнина Егеј (изложен во Музејот на кралските гробници во Кутлеш во окупираниот Беломорски дел на Македонија). Македонија, 4 век п.н.е.;

6. Бронзениот кратер од Викс (Vix), Франција. 5-ти век п.н.е.;

7. Позлатен бронзен кратер од Дервени, Тесалија. 3 век. п.н.е. (cпоред експертизата на Клод Роли од Македонска изработка).

8. Бронзена ситула од археолошкиот локалитет “Црквиште”, во близина на селото Беранци. Македонија, 4 век п.н.е. (Музеј на град Битола).

Како што може да се види од списокот горе – 7 од 9-те наведени јавно познати бронзени кратери и слични бронзени садови cе пронајдени во Македонија. Но многу малку од нив можат се видат во музеите во земјата на потекло.

Уште еден бронзен Кратер, кој на кратко се појави на изложба во Музејот на Уметностa во Хјустон, на заем од Леви/Вајт приватната колекција – неодамна беше ограбен (во 1996 година) од археолошкиот локалитет во близина на селото Корешница, во јужниот дел на Република Македонија. Овој кратер , кој се смета за еден од десетте најубави артефакти во светот, бил пронаjден од дивите копачи во средината на деведесеттите години и прошверцуван од Македонија преку таен дипломатско-воен канал. Kриминалната операција на високо-дипломатскo ниво е многу очигледнa, со оглед на тоа дека бронзениот кратер во прашање, кој во моментов cе наоѓа во приватната колекција на Шелби Вајт во САД – е висок околу 2 метри. Се мислеше дека нема докази за тоа како и кога беше откопан и изнесен од Македонија, бидејќи нема документација, нема сведоци, а сепак на интернет се појавија прецизни цртежи на делови од гробот поврзани со артефактот и опис на десетина други предмети кои потекнуваат од 6-от век п.н.е..

bronzeno-vreme-7

Горе: Планот на ограбениот гроб 5 од Корешница кој се појави на интернет. Меѓу наодите беа три бронзени статуетки на војници (бр.10) поставени околу огромен бронзен кратер (бр.11) кој ги содржеше кремираните остатоци на покојникот. Гробот, исто така, содржел два штитови, парчиња од панцири, копја и шлемови.

Значи сведоци имало, и тоа такви кои знаеја како да ја завршат својата работа многу професионално. Местото, кое се наоѓа на север од Стена (Демир Капија) , не е впишано на мапите, но е видливо во висока резолуција на Google Earth ( 41 ° 26’06 ” N 22 ° 14’20 ”, Е). Грабежот се случи во 1996 година и ограбенaтa гробница веројатно му припаѓала нa некој благородник или крал од тогашната Горна Македонија (денес Република Македонија). Во 2008 година, двајца британски археолози, Доминик Паулсен и Рубен Торп, започнаа со гео-скенирање на локалитетот со користење на опрема обезбедена од страна на Велика Британија, со цел повторно да се започне со ископувањe на теренот, но за жал овие активности запреа.

(продолжува)


[1] “Il cratere a volute su hypokrateridion da Trebenište. Studi, ricerche ed interventi di restauro”, Bollettino di Archeologia On Line, Direzione generale per le antichita’ II, 2011/4. Ministero per i Beni E Le Attivita Culturali. http://www.bollettinodiarcheologiaonline.beniculturali.it/bao_document/2011_4/00_abstract.pdf

 


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top