Фељтон

Македонски милениумски континуитет (8 дел)

zelezno-vreme-1

Железното време во Македонија

zelezno-vreme-1

Горе: Железни врвови од Копја. Висои кај Беранци

Во поголемиот дел од 20-тиот век, преминот од Бронзеното во Железно Доба на целиот Егејски простор бил нарекуван „Мрачно Доба“. Толкувањата на овој период во Македонија, како и на околните области, беше обоен со приказни за миграции и инвазии. Сепак, погрешното означување на овој период како „Мрачно Доба“ повеќе не се применува за Македонија и наместо него е прифатен терминот „Рано Железно Време“, додека за појужните делови на Пелопонез „Мрачно Доба“ остана важечки.

Причините за оваа различна терминологија за еден ист историски период во два соседни региони на Македонскиот полуостров не се експлицитно наведени во релевантната литература, но независно од тоа се општоприфатени од научниците поради драстично различниот историски развој на регионот Македонија од јужниот дел на Егејското копно во доцното Бронзено Доба. Имено, додека во Македонија работите се многу јасни и имаат свој посебен антрополошки и културолошки континуитет, во јужниот дел од Македонскиот полуостров, поради вештачката генеалошка конструкција при создавањето на „Античка Грција“, креирана од западната историографија во 19 век, мораше да се прибегне кон замаглување на фактите од теренот со „Мрачно Доба“.[1]

На крајот од 2-от милениум и почетокот на 1-от милениум п.н.е., Македонија е сеуште под влијание на превирањата од Бронзеното Доба, наречени од историчарите „Егејски Преселби“, предизвикани од наглиот технолошки и демографски развој во претходниот бурен период. Но тоа е и време кога животот во Македонија се стабилизира, и културните иновации постепено биле прифатени. До 8 век п.н.е. железото веќе е присутно насекаде.

zelezno-vreme-2

Железното Доба (1100-600 г. п.н.е.) е историски период во развитокот на металургијата, кога луѓето научија како да топат и поцврсти метали од бакар или калај, како што впрочем е железото. Населението правело куќи од камен, а садовите и предметите биле сродни на ранобронзените наоди од повеќе области на Македонија. Досега истражените населби (Градиште, Дамјан, Оризари, Бразда, и т.н.) покажаа постојаност и забележителен континуитет од Касното Бронзено Доба, без некои приметливи големи промени.

За главни носители и пра-предци на оваа култура во Македонија историчарите ги сметаат Белазгите (или Пелазги), со кое име се дефинираат сите праисториски жители во Македонија и околу неа, кои подоцна ќе бидат дефинирани во посебни групи како Агријани, Бриги, Десарети, Енгелини, Линкести, Пенести, Пелагонци, Пајонци, Сиропајонци, и т.н.

Бригите, кои во 1150 г. п.н.е. биле распространети од Пелагониа до Кутлеш на југ и дури на исток од Вардар, до 1050 г. од сеуште непознати причини ги изгубиле овие територии и необјасниво се преселиле во Мала Азија каде станале попознати како „Фриги“. И покрај тоа, како одлични метало-обработувачи и трговци нивното влијание е присутно долж Виа Игнациа од Егејот до Јадранскиот брег се до 8 век п.н.е.

Пелагонците и Пајонците според Хомеровите стихови во “Илијада” се сојузници на Илион (латински „Троја“), и уште од доцното Бронзено Време живееле од Скопје на север до долното течение на Вардар и Термајскиот Залив (Солун). Тие создаваат големо кралство кое трае се до 5 век п.н.е. кога се поразени од Персијците. Тогаш и цела Македонија станува „сојузник“ на Персија, а голем дел од Пајонците се селат во Мала Азија.

Во 9 век п.н.е. во Македонија бил забележан и првиот продор на разбојнички Гало-Илирски племиња од северозападните области на Балканот, од Босна и Далмација. Наречени од Римјаните  „Илири“, име кое не е нивно и не ни го открива нивното вистинско етничко потекло, а од Македонците „Голи“ (бидејќи биле познати по тоа што се бореле голи или полуголи) овие племиња не оставија никакви културолошки влијанија за време на нивниот пљачкашки продор во Македонија.

Наскоро потоа и други дојденци почнаа да ѕиркаат од југот – Данајците од Пелопонез и Мореа. Излегувајќи од „Мрачното Доба“ (на доселување од Африка и Мала Азија) тие преку извидници и трговија полека почнаа да се приближуваат до Македонија… 

(продолжува)


[1] Ова е универзален залажувачки термин кој е применет и за „Мрачниот Среден Век“ поради сличните малверзации со измислувањето на непостоечки „нации“ и фалсификувани случувања. Како на пример за Римското и Ромејското Царство, преименувано во 1557 г. од западната историографија во „Византија“, со намера да се создадат разлики за да се прекине континуитетот на инаку нераскинливите врски на Стариот со Новиот Рим (Константинополитана Нова Рома).


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top