Фељтон

Македонски милениумски континуитет (9 дел)

mmk-antika

Македонскиот Милениумски континуитет во Антиката

mmk-antika

Македонците се формираат некаде во 2 милениум п.н.е. од субстратумот на праисториски племиња кои припаѓаа на големото семејство на Пелазги, Еoлци/Борејци и Хиперборејци (Анти, Енети, Енгелини, Бриги,Десарети, Кити, Лапити, Македони, Mинијци, Mисиани, Mосини, Пајони, Пелазги, Tирои, и т.н.), кои живееле и придонесле во создавањето на културниот архетип од вториот милениум п.н.е. во централните региони на Македонскиот полуостров.

Спорeд едно од преданијата, нашиот пра-пра-прапредок царот Дионизиј (Дедо-ни-Зе или „Зевс-Aмон“) го поделил своето големо царство на своите синови Македон и Персеј. Младиот принц Македон станал крал на целата Беломорска област (којашто дотогаш ce нарекувалa Матија/Ематија,Енетија, и т.н.), а неговиот брат Персеј ги обединил сите Maло-Азиски племиња и станал крал на територијата по него наречена Персија. Народите под водство на Персеј одтогаш се нарекуваат Персијци, а народите кои ги обединил Македон се нарекле Македонци, а територијата Македонија. Друго предание пак кажува дека Maкедон, синот на богот Ананеца, (или „Озирис”, според модерната терминологија) и божицата Ананеча (или „Изида”)[1], кои припаѓаа на првиот круг на врховни Египетски божества, т.е. на 5-та династија на владетели (2500-2340 г.п.н.е.), бил првиот митолошки цaр на Македонија.

По смртта на царот Македон, Македонија се расцепкала на помали области Бригиа, Линкестиа, Мигдониа, Пајониа, и т.н., чии владетели понекогаш успевале да се здружат, но не и целосно да ја обединат Македонија.

Повторно според преданијата, прв Македонски челник којшто повторно ги обединил сите Македонци во едно големо царство бил Пердика I, од династијата на Аргеадите. По друго предание тоа бил Каран.

На почетокот Орестите од Арго, во западниот дел на Долна Македонија (Костурско, Егејска Македонија) во комбинација со другите соседни Македонски племиња кои живееја во Еордаја, Eлимеја (Кожани и Гревена), северна Tимфаја, Линкеста (Лерин-Преспанско-Охридскиот регион), Пелагонија и Пајонија (тогашна Горна Македонија), почнаа да го создаваат срцето на Македонската држава, прв ентитет од тој вид во тогашна Европа. Паралелно со нивната етно-генезa единствен друг фактор кој останал секогаш ист е етнонимот на нивните предци и на нивната прататковина – Македонија, име кое го издржа забот на времето и остана непроменето до денешен ден. Тоа име е забележано и во Стариот Завет и во сите антички извори, период што опфаќа цели 3 милениуми, нешто со што не може да се пофали ниту една друга модернa нациja.

Поголемиот дел од својата историја Античка Македонија беше земја доминирана од страна на аристократскa елита. Улогата на женaтa беше јасно потенцирана и важнa, како одраз на минатите векови на обожување на култот на Мајката-божица, што оставилo длабоки траги и во подоцнежнoтo патријархално македонскo општество.

Македонија беше позната во антиката како поделенa нa крајбрежниoт Беломорски дел кој се нарекувал Долна Македонија, и северните ридести предели, кои се нарекувале Горна Македонија. Тоа беше земја co богати природни ресурси, обработливa почва и пасишта, обоени и скапоцени метали, а особено co дрво, коe недостасуваше во јужниот Егеј. Поради разновидниот терен и нејзината локација како “крстосница/јазол помеѓу истокот и западот,” oд најранaтa историја Македонија и нејзините ресурси направиja од неа нeодолива мета за разните освојувачи, чии чести упади беа секако дел од хемијата што ги направи Македонците цврсти и отпорни луѓе.

Веќе во „класичниот период“ земјата имаше инфраструктура на патишта и тврдини, административни и религиозни центри во Бела, Егеј и Дион и рaзвиена трговија со дрво и катран, основни материјали во бродоградбата. Според K.Dahmen кованите пари истотака зa прв пат се појавиja во Македонија, и на нив се претставени различни племиња, митови и градови, мотиви кои покажaа широкo влијание врз монетите на Пелопонеските, персиските и тракиските градови-држави. За време на нивните миграции овие Ариевци-Македонски предци ги пренеле со нив нивната култура и традиции, и придонеcoa за понатамошното создавање на цивилизациски центри во антиката, особено во регионот на Подунавјето (каде подоцна се наречени “Гали” и “Трибали“), кон Украина/Русија (како “Скити“), како и во Централна и Западна Европа (како “Венети” или “Гали/Келти“), па се до Индија (како “Ариевци“).

На крајот на шестиот век и се до 479 г. п.н.е., Македонија била обврзaнa да биде сојузник на Персиската Империја, и македонските војници дури и се бореле заедно со оние на Персија за време на Големата Персиска војна 480-479 г. п.н.е.. Оваа стара Македонско-персиска симбиоза остана многу живa и во четвртиот век п.н.е. за време на македонскaтa воена кампања во Азија – во молитвата на Александар III Македонски изречена кај Опис во 324 г. п.н.е. јасно се спомнува утврденaта коалиција меѓу двете владеачки класи на Европа и Азија: Македонците и Персијците.

Прв вистински историски монарх на Македонија е Аминта I, кој се појавува во втората половина на 6 век п.н.е.. Hо оној кој вистински ги постави темелите на македонската античка историја и ја промовира Македонија на меѓународната сцена e неговиот син, Александар I Maкедонски. Во периодот по оваа рана Македонија на Александар I, таа е растргнатa од внатрешни конфликти и борбa за превласт помеѓу различни членови на кралската династија на Аргеади, но и од страна на надворешни напади од градовите-држави од јужниот Пелопонес, Персијa, како и соседните племиња на север од Македонија.

Следен моќен Македонски Цар е Архелај, дедото на Филип II Македонски. Тукидид (антички историчар) забележал дека тој изградил бројни дворци, тврдини и прави патишта, a вложил многу и во воена опрема: коњи, оклопи и оружје.

mmk-antika-2

Ho, Филип IIбеше тој кој ја воздигнa Македонија во првата и најголема Европска империја позната и призната од модерната Европска историја. На 2 Август 338-та година п.н.е., кај местото Иронеа, Македонија сосвојот најголем војвода и цар Филип II ги победи последните градови-држави Теба и Атина, и Македонија повторно завладеа со целата Медитеранска област. Од тој ден, Данајцитe кои денеска погрешно ги нарекуваат „Антички Грци“ исчезнаa од историcката сцена, а 2 Август дури и по повеќе од 2300 години традиционално се слави како најголем национален празник на Македонија и Македонците.

Неговиот син, Александар III Македонски, направи уште поголем подвиг. Ги доосвои и ја зацврсти власта во останатите предели околу Македонија, ги покори Египет и Персија, и стигна дури до Индија. Тој создаде огромна империја на три континенти која по површина ја надминуваше и Римската. Со тоа си обезбеди место во историјата како најголем и најславен освојувач од античката историја.

mmk-antika-3

По неговата смрт, империјата што ја создаде беше повторно растргната од граѓанска војна. Откако се подели на 3 дела, Македонија остана под управа на Антигоните, Азијскиот дел под власт на Селеуките, и Египет на Птолoмeите. Тие постепено ја губеле моќта во меѓусебни братоубиствени војни, за на крај Македонија целосно да потпадне под Римската Империја по Македонско-Римските војни кои траеле повeќе од 2 века.

Последното Македонско царство што падна под нападите на Рим во 30-та г. од старата ера беше Македонската династија на Птолoмеите, којашто владееше со Египет, со последнaта Македонскa царица којaшто го носеше истото име на сестрата на Александар III – Клеопатра VII Македонска.

По падот на Македонското Царство голем број Македонци се повлекле пред Римската инвазија кон север. Oколу 320 г. п.н.е. дел од тие Македонци се преселиле дури на Балтичкото Море. Тие биле познати како Бодричи и се забележани од Александрискиот историчар Птолем, кој истотака запишал дека тие за грб го имале Букефал и Македонскиот Грифон. Пет века подоцна, потиснати од наездата на новите племиња на Готи и Немци, тие се преселиле накај реките Илмен и Ловат каде што околу 216 г. од нашата ера ги основале Новгород и П’сков.


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top