Дијаспора

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД ЖИВОТОТ НА Д-Р ЛАМБРО ДИМИТРОВ ОД ФЛОРИДА

1lamn1

1lamn1

Д-р Ламбро Димитров е еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки во Соединетите Американски Држави, со особена нагласка на македонскиот народ од сите делови на  Македонија.

Д-р Ламбро Димитров (Dimitroff, како што се води во документите во САД) е роден: по стариот календар на 21 октомври, а по новиот календар на 3 ноември 1922 година, меѓутоа во црковните книги е забелешан дека е роден на 18 ноември 1923 година во познатото револуционерно село Д’мбени, Костурско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелектуалци, меѓу кои, Лазар Поп Трајков, Лазо Москов, Лазо Трповски, Ташко Караџа, академик Антонијо Шкокљев-Дончо, донаторот Атанас Близнаков и други, кои се бореле за афирмација на македонските идеали и македонска вистина.

Инаку, родното место на д-р Ламбро Димитров, селото Д’мбени никогаш не го загубило македонскиот дух и белег, иако постојано потпаѓало под туѓинско ропство. Неговото население со векови го пренесувало борбениот дух, приврзаноста и љубовта кон родната земја и дедовските огништа, кои со силна моќ безгранично ги привлекувало тие намачени Македонци кои свиле гнездо насекаде по светот. Благодарение на нивните борбени традиции и дух, населението од овој крај на Егејска Македонија им остана докрај верно на борбените револуционерни и патриотски позиции.

Д-р Ламбро Димитров е роден во село Д’мбени, кое грчките фанатици го запалиле во 1943 година. Тој оттаму го понел македонскиот човекољубив патриотски дух, и македонската вистина, за да го развива и шири во целиот негов живот, да го шири насекаде во светот. Во новата средина дојде до израз неговата надареност, талент, образование, големата љубов и посветеност кон медицинските науки

Според пишаните документи д-р Ламбро Димитров, заедно со неговата мајка , на 6 април 1936 године, го напуштиле засекогаш нивното Д’мбени и се преселиле во Варна, Бугарија, а потоа во Софија. Во главниот град на Бугарија, Ламбро студирал медицина на универзитетот „Св. Климент“. Потоа од мај 1948 до јануари 1951 година студиран на Универзитетот Сорбона во Франција, а се школувал и во Белгија. Во 1951 година заминал за Соединетите Американски Држави во градот Хамонд, Индијана. Потоа се преселил во Чикаго, Илиноис, каде и се оженил со Патришија која живеела во Детроит, Мичиген, каде отворил и медицинска ординација. Меѓутоа, во 2002 година заедно со Патришија се преселиле во Палм Бич во Флорида, каде и сега Ламбро живее.

                            1lamn12

                              Д-р Ламбро Димитров и Бошко Рајчовски – Пелистерски

Ламбро беше во среќен брак со Патришија  цели 69 години. Taa почина на 72 годишна возраст на 2 септември 2021 година и го остави Ламбра во рацете на Бога. Патришија е мајка  на синот Џон Ламбро Димитров, кој, за жал го загубе животот на 18 мaј 1979 година (на 24 возраст) како постипломец на Медицинскиот факултет во Скопје, а загина во сообраќајна незгода на патот кон Тетово. Тоа беше голема тага за семејството и за пријателите и роднините на Ламбро и Патришија, меѓу кои беше и авторот на овие редови, Славе Катин, како пријател на Џон. Вториот син на Патришија и Ламбро е Томас  кој се школувал во Соединетите Американски Држави, а како адвокат денес живее и работи во  Лондон, Англија.

Нашето познанство со д-р Димитрив датира од пикникот што го организираше Македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида на 11 март 2018 година, кога беше претставено јубилејното издание на монографијата за македонскиот национален деец, иселеник и повратник од САД, Атанас Близнаков, чиј автор на овој текст, Славе Катин. Промоцијата се одржа по повод 40-годишнината од формирањето на фондацијата „Атанас Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Делото беше претставено пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, особено од Д’мбенското друштво и од селото  Д’мбени, Костурско, од каде потекнува донаторот Атанас Близнаков и д-р Ламбро Димитров, кој посебно зборуваше за неговиот соселанец, големиот донатор Атанас Близнаков

Според информациите на Македонскиот радио час „Оро Македонско“ чиј уредник е познатиот публицист Бошко Рајчовски – Пелистерски, стотиот роденден на д-р Ламбро Димитров бил организиран изненадувачки од неговиот син Томас Димитров кој живее во Лондон, Англика, на 18 ноември во ресторанот „Виргина“ во градот Нејплс на Флорида. За роденденот на д-р Ламбро Димитров биле  присутни голем број роднини, пријатели и обожаватели од Македонската заедница на Флорида.

Бидејќи Ламбро беше еден од значајните донатори на Македонската православна црква „Свети. Димитрија“ од Флорида, претседателот на Црковната управа Васил Стeвановски (Џајковски) му подари посебна Благодарница од име на Црквата за неговото забележително дарителстсво.

Исто така,. За прославата на неговиот 100 годишен роденден Македонскиот радио час „Оро Македонско“ му подари посебна Благодарница за неговиот придонец во Македонската заедница во Флорида, со желба за добро здравје.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top