Среда, 09 Февруари 2022   
Александар и’ говори на македонската војска

makedon4-240ФИЛИП ВЕ НАПРАВИ ГРАЃАНИ И ВЕ УРЕДИ СО ДОБРИ ЗАКОНИ И ОБИЧАИ.

ТОЈ И’ ЈА ДАДЕ  НА МАКЕДОНИЈА ТРАКИЈА.  АТИНА И ТЕБА ГИ СТОЛЧИ. ОТКАКО ГИ ПОРОБИВ САТРАПИТЕ НА ДАРЕЈ, ИМ ГИ ДОДАДОВ НА ВАШЕТО КРАЛСТВО ЈОНИЈА, ФРИГИЈА, МИДИЈА, МИЛЕТ. АЈГИПЕТ, СИРИЈА, ПАЛЕСТИНА, МЕСОПОТАМИЈА, БАБИЛОН, ПЕРСИЈА И ИНДИЈА ВАШИ СЕ.

„Јас Македонци, нема да зборувам за да ја правдам вашата желба да си заминете дома, ...вие може да одите каде сакате... Зошто Филип ве собра како скитачи и беспомошници, облечени со овие гунчиња, што пасевте по некоја овца во планините, заради кои се боревте со Илирите и  со Трибалите и со соседните Тракијци. Филип ве спушти од планините во долините и ве направи достојни противници на соседните непријатели... Филип ве направи граѓани и ве уреди со добри закони и корисни обичаи. Потоа ве направи господари на истите оние племиња, од кои вие бевте поробувани... И тој иж го даде на Македонија поголемиот дел од Тракија... Потем ве направи господари на Тесалцијите... и откако ги покори Фикидците, минувањето низ Хелада од тесно и непристапно, го направи за вас широко и лесно. Атина и Теба, кои секогаш сакале да ја уништат Македонија, ги столчи толку многу, а и  ние со него веќе во тоа време учествувавме во не-говите маки, што наместо да иж плаќате данок на Атина и да иж се покорувате на Теба, тие од нас требаше да го добијат правото на безбедбност од нас. Потоа тој премина на Пелопонез и таму воспостави ред. И како војсководец, господар на останатиот дел од Хелада, преземајќи го походот против Пер-сија, тој го доби овој нов престиж не толку за себеси, колку за целиот македонски народ...

Сите овие постигнати дела на татко ми за вас... се огромни, но сепак се мали, ако се споредат со нашите... се покренав од земјата што едвај можеше и вас да ве прехрани и наеднаш ви го отворив патот кон Хелеспонт, иако тогаш Персијците беа господари на морето. Потоа, откако ги поробив со мојата коњица сатрапите на Дареј, им ги додадов на вашето кралство цела Јонија, сета Ајолија, Горна и Долна Фригија и Мидија. Милет го зазедов со опсада. Сето друго што го добив преку доброволно предавање, ви го дадов за да ги користите плодовите од него. Сите добри нешта на Ајгипет и Кирена, што ги добив без борба се ваши. Долна Сирија, Палестина и Месопо-тамија се ваш сопствен имот. Ваши се Бабилон, Бактрија и Суса. Богатството на Лидија, трезорите на Персија, добрите нешта на Индија. Вие сте сатрапи, вие сте стражари, вие сте војсководци. Што ми остана мене од овие маки освен пурпуров и дијадемава? Ништо не сум зел за себеси и никој не може, не може да ги покаже моите трезори, освен овие ваши имоти, или она што е зачувано за вас....

Можеби си мислите, додека вие се мачите и страдате, дека јас сум го постигнал ова без маки и без страдања. Но кој од вас се грижел за мене онолку, колку што јас сум се грижел за него? ...Зашто нема ниту еден дел од моево тело...што нема лузни. Бев ранет од меч, гради в гради. Бев погодуван од стрели...од катапулт...од камен и дрво, за вас и вашата слава, за вашето добро. Ве водев како освојувачи во секоја земја, по секое море... ако некој имаше долгови, јас не бев толку загрижен...кога добивавте толкави плати и ...толкав плен... сите ви ги простив. И натаму, златните венци се спомен за пов-еќето од вас, за вашата храброст и за честа што ви ја укажав, спомен што никогаш нема да згасне... Зошто под мое водство, не побегна никој од вас?

...Но, бидејќи вие сакате да заминете, сите заминете си. И кога ќе стасате дома, кажете им дека овој ваш крал, Александар, победникот над Персијците, Месите, Бактријците, Саките… господар на Партиаја, Хорозмија, Хирканија со Каспиското Море,...кој што ги премина реките.... кој влезе во Индискиот Океан преку обете устија на Индос, кој што ја помина пустината Гадросија...кого што, кога неговата флота отплови од Индија кон Персиското Море, вие го вративте повторно во Суса - кажете им...дека сте го напуштиле, оставајќи им го на грижата на дивите племиња... Тогаш кога ќе го изјавите тоа, тој ќе биде, без сомнение, славен меѓу луѓето и благословен меѓу боговите. Заминете!

Александар заврши и брзо се спушти од говорницата и премина во дворецот... и не го посети ниту еден од  “другарите”... Но на третиот ден тој ги повика избраните луѓе од Персијците и им ја распредели командата над разни боеви редови. Им допушти да го бакнат само на оние, што сега му беа роднини. Македонците, сепак, многу се возбудија во моментот од неговиот говор и останаа во маки... Сепак никој не тргна по кралот кога заминуваше освен неговите лични “другари” и телесната стра-жа... Но кога слушнаа дека за Персијците и за Медите...и дека барабарската војска е распределена по одредите и дека на некоја персиска чета и е дадено македонско име и дека има пер-сиски “пешадиски другари” и...персиски сребреношлемци и пер-сиска коњица на “другарите” и таква кралска чета, не можеа да се воздржат, туку се стрчаа сите заедно кон дворецот и го фрлија своето оружје пред портите како знак за молба кон кра-лот... ако Александар не им се смилува”.

Александровата Анабаса...

Д-р Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ од праисторијата до почетокот на 21 век- Скопје, 2007

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.