Среда, 21 Јануари 2015   
Демостен за Филип II: Тој не е Хелен, туку е барбарин, чума македонска

Philip II of Macedon CdM

„Од многуте беседи, о мажи Атињани, кои се одржаа во Собранието, безмалку секоја е за она, со што Филип, откако склучи мир (Филократовиот мир во 346 г. п.н.е.), ви чини неправди не само вам, туку и на другите, и иако сите, знам кажаа... дека треба и да се зборува и да се дејствува, за да престане оној со дрскоста и да поднесе казна, гледам, дотаму се доведени работите и изгубени, што се плашам... положбата... мислам дека полоша не можеше да биде одошто е сега. За тоа, секако, има многу причини и во таа положба... најголеми виновници... ќе ги најдете оние, кои се определија повеќе за да угодат одошто да го кажуваат она што е најцелеобразно... ништо друго не работат, освен на тоа, државата сама себе да се казни и слично на тоа, а на Филипа да му биде овозможено да говори и да прави што сака. Е такви се вашите навики, што се однесува до јавниот живот, и тие се виновни за несреќите...

...Работите стојат лошо зашто вие... ништо од тоа што треба да се прави, не го правите... Сега значи Филип ја победи вашата раскомотеност и безгрижност, а државата не ја победи. Не сте ниту поразени, но не се ни покренавте.

Ако, значи, сите се сложуваме дека Филип со државата војува и го крши мирот, оној што ќе излезе овде не треба ништо друго да зборува, освен тоа, како полесно и посигурно од него да се браниме...

Вели дека не војува, а јас сум толку далеку од тоа да се сложам дека некој што така постапува живее во мир  со некого, што тврдам дека тој, напаѓајќи ја Мегара и подготвувајќи тиранида на Евбоја и со сегашното влегување во Тракија и сплеткарејќи на Пелопонез и со сеж што прави со војската, прави да го погази мирот и да војува со вас...

...Тоа што, да прави што сака и еден по еден Хелените така да ги ограбува  и напаѓа, навалувајќи на градовите, да ги потчинува... И сите неправди, нанесени од Лакедајмонците во текот на оние 30 години и од нашите предци за 70 години, се помалку, о мажи Атињани, од она што Филип во тек на нецели 13 години, колку што е тој на врвот, им го сторил на Хелени-те...ни Хелада ни земјата барбарска не ја задоволува желбата на тој човек за што повеќе. И тоа го гледаме и слушаме сите Хелени и не си испраќаме пратеници за тоа едни кај други и не не фаќа лутина...ниту да направиме некој сојуз за помош и пријателство, туку го гледаме човекот како станува се посилен и секој... ниту настојува да  се спасат интересите на Хеле-ните... А и ова знајте го: Што и да трпеле Хелените од Лакедајмоинците или од нас, трпеле од такви што биле род роден од Хелада, а тоа му доаѓа, некако, исто..., како, ако, некој син прав, а роден во богат дом, нешто не го води домаќинството како што треба, па за тоа заслужува укор и приговор, но не може да се рече дека тоа го правел како некој што не е близок и наследник на сето тоа. Но, ако роб или подметнат син го уништи тоа што не му припаѓа, и го растури, о Херакле, колку пострашно и заслужно за гнев би рекле сите дека е. Но спрема Филипа и спрема она што го прави тој, не се такви, макар што тој не само што не е Хелен, ниту нешто близок на Хелените, туку ниту барбарин од земја, за која нешто убаво би можел да кажеш, туку е чума македонска, од каде порано човек ни роб не би купил”.

Демостен, Говори, превод и редакција Даница Чадиковска, Култура, Скопје 1995, Трет говор против Филипа, стр 78.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.