Среда, 11 Февруари 2015   
Во Преспа Самуил решил да се круниса за цар

SamoilВо Преспа Самуил решил да се круниса за цар и тоа со помошта и подадршката на римскиот Папа.

Во научната литература сѐ уште не е точно утврдена годината на прогласувањето на Самуил за цар и на неговата држава за царство.

Еден дел од историчарите истакнуваат дека тоа се случило најверојатно во последните години на 10 век. Според некој официјалното крунисување на Самуил за цар било извршено во црквата Св. Ахил во Мала Преспа и тоа во присуство на римските прставници кои по склучената спогодба меѓу него и папата Григориј V во Преспа ја донеле царската круна. Со тоа градот Преспа станал царско седиште на Самуиловото царство.

Самуил успеал да ја оствари својата цел како што истакнува Поп Дукљанин во својот летопис. За сметка на Византија создал големо кралство т.е кралство на Словените. Според некој научници градот Преспа станал и црковно седиште на Самуиловото царство. Со папска дозвола Самуил својата црква ја издигнал во ранг на архиепископија. Со крунисувањето на Самуил за цар неговата држава добила меѓународно признавање. Од расположливите податоци не може да се утврди видот на круната кој ја добил Самуил од Папата. Најверојатано е дека Папата го удостоил Самуил со титулата рекс што значи дека добил кралска круна, на латински наречена corona. Треба да се истакне дека Римската црква со царка титула единствено ги удостоила франечките владетели почнувајќи од Карло Велики и германските владетели од Отон I. Самуил иако формално - правно се стекнал со кралска титула, тоа не му сметало да се нарекува цар. Некој од западните автори избегнувале да ја употебуваат царската титула за Самуил, а таков пример е Лупус Протоспатариус кој во своите анали го нарекува Самуил (Samuel rex), сепак Самуил бил признат за цар и таа титула била прифатена од византиските, арапските и другите автори.

Има само два извора кои опишуваат како Самуил станал цар. Првиот е Јахја, современик на овие настани, кој изнесува дека Самуил по поразот што му го нанесе Никифор Уран, отпрвин барал од Василиј II милост, ветувајќи му послушност. И токму кога владетелот сакал да се согласи со тоа, се случи да умре бугарскиот цар, кој се наоѓаше во царскиот затвор во Цариград. Кога Самуил чу за неговата смрт, самиот се прогласи за цар.

Втор, но подоцнежен извор е Поп Дукљанин, кој вели: Јасно е дека круната на Самуил не му ја дал младиот Василиј II, со кого бил во непријателство. Исто така е јасно и дека бугарската круна била во Цариград заедно по 971 година, па до неа Самуил не можел никако да дојде. Затоа е очигледно дека патот до круната му бил отворен единствено преку Рим, каде што седиште имал папата, што се потврдува со подоцнежната кореспонденција меѓу бугарскиот цар Калојан (1197-1207) и папата Инокентие III (1198-1216). Дека Самуил навистина имал круна (се споменува круна составена од зрна бисери), сведочат неколку наоди, меѓу кои и извештајот од шпанскиот Евреин Ибрахим Ибн Јакуб. Но, и покрај сите претпоставки, денес не се знае со сигурност каде е крунисан, кој присуствувал на овој важен чин и каква обврска примил Самуил при крунисувањето. Титулата на цар Самуил како цар, крунисувањето и воопшто, припадноста на Самоил и неговото царство е контроверзна денес и претставува предмет на спор меѓу историчарите.

Предавството на Ашота

За време на својот престој во Преспа, Самуил својата ќерка Мирослава ја омажил за Ашот, синот на убиениот солунски управител Григориј Таронит. Веднаш потоа Ашота како царски зет бил испратен да управува со Драч и во потчинетост да ја држи сета драчка област. Но набргу Самуил бил предаден. Имено Ашот во договор со својата жена Мирослава го предале градот Драч на византијците. За тоа предавство византискиот цар го удостоил Ашот со титулата магистер, а неговата жена со дворската титула Зости (дворска дама). На тој начин градот Драч повторно се нашол во рамките на Византија.

Војната со Василиј (1001-1004 година)

Веднаш по прогласувањето на Самуил за цар, византискиот влаадетел Василиј II уште додека бил на истокот им наредил на патрициј Теодорокан и протоспатариј Никифор Ксифијас да ги нападанат самуиловите владенија на територијата помеѓу Дунав и Стара Планина односно голем и мал Преслав и Плиска и по успешниот поход византиската војска се вратила во Цариград. Откако Василиј II склучил примирје со египетскиот калиф Ал-Хакимон, се посветил на борбите против Самуил.

Во 1001 година Василиј II со голема војска се насочил кон Солун. По патот за Солун го зазел селото Вероја (Бер) кое било предадено од тамошниот управник Добромир и кои за таквото дело ја добил титулата антијат. Тогаш Василиј II се обидел да го придобие на своја страна и управникот на Сервија но неуспеал по што таа била опседната и освоена. По падот на овој град Василиј II од него иселил голем број на луѓе, а заробениот Николица го однел во Цариград кој подоцна успеал да избега и да се врати кај Самуил. Потоа Сервија била опколена од самуиловите војници но Василиј II успеал да ги натера да се повлечат и зазеде неколку тврдини во околината на градот. При овие борби Николица повторно бил заробен и однесен во Цариград, а Василиј II го освоил и Воден по што се вратил во Солун. Во летото 1002 година ненадејно се појавил со својата војска на брегот на реката Дунав, и тоа пред градот Видин. Самоил не дошол да му помогне на градот, и конечно после осум месеци во 1003 година, Видин паднал во рацете на Византијците. По освојувањето на овој воено - стратешки центар Василиј II се насочил кон северо - западна Македонија. Јован Скилица соопштува дека за време на овој поход во овој дел на Македонија бил нападнат и градот Скопје. Во одбраната на овој град учествувал лично Самуил со својата војска. Тој сметал дека Василиј не ќе може да ја мине реката Вардар, па затоа се улогорил на другата страна од реката. Но со помош на сплавови византијците ја минале реката и го изненадиле Самуил. Не очекувајќи го сето тоа Самуил избегал го оставил својот логор и царски шатор. Така во 1004 година византијците го освоиле градот. Всушност, Скопје Василиј II го освоил по пат на предавство, а градот бил предаден од Роман Симеон, син на покојниот бугарски цар Петар, на кого уште во 976 година Самуил му ја доверил управата. За овој чин Роман од страна на Василиј II бил удостоен со титулата Патрициј и Препозит и бил испратен како стратег во Абидос. По заземањето на Скопје, Василиј II тргнал кон Перник (блиску до Софија) кој бил бранет од управникот Кракра. Но, откако видел дека не може да го освои, се откажал од Перник, па заминал кон Пловдив, и оттаму во Цариград. Така завршил овој четиригодишен поход на Василиј против Самуил.

Војната меѓу двајцата владетели се разгорелеа и се проширила на територијата на Македонија како и на други Самуилови владенија. Византискиот цар сѐ уште не успеал да ја уништи главнината на Самуиловото царство, а самиот Самуил кроел планови како да му нанесе катастрофален пораз на Василиј II.

Битката кај Беласица (29 јули 1014 година)

До 1014 година, Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото царство и напаѓал. Откако Самуил ги проучил сите начини за судир со византискиот цар и откако дознал по кои патишата главно се движела византиската војска, одлучил во 1014 година да влезе во директен судир со Василиј II. За таа цел, Самуил презел напор за преградување на кој водел од Цариград преку Струма кон нејзината притока Струмица. Овој пат бил познат како царски пат. На најтесното место каде се доближуваат Беласица и Огражден, Самуил изградил дема (преграда) и на неа поставил добро извежбани луѓе, а во стрмните долини распоредил добро извежбани стрелци. Според Јован Скилица, царот Василиј II имал обичај секоја година да навлегува во центарот на Македонија, па затоа Самуил се одлучил да му го прегради приодот на византискиот владетел низ теснината Кимба Лонга што во превод значи долго поле и е од влашко потекло и Клидис што значи клуч.

Кога во летото 1014 година Василиј II ја минал реката Струма и се упатил кон градот Струмица наишол на демата. Тогаш војниците на Самуил почнале да стрелаат и од демата и од стрмнините, нанесувајќи и на византиската војска голема загуба. Според Скилица, византискиот цар сакал да се повлече и врати назад но бил разубеден од Никифор Ксифија кој му предложил план за освојување на демата.

Според планот Никифор Ксифија требало со својата војска да ја заобиколи планината Беласица и да се спушти од другата страна и зад грб да ги нападне бранителите на демата и овој план бил одобрен од византискиот цар. Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Ова го искористил Василиј II кој успеал да ја сруши демата и на 29.07.1014 година дошло до голема битка меѓу двајцата владетели. Таа се одвивала во самото подножје на планината Беласица на просторот меѓу Клучката клисура и денешните села Борисово и Мокриево. Во оваа битка учествувал и самиот Самуил при тоа тој решил да стави сè на коцка, и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица, Самуиловиот војсководец. Вотанијат всушност, гонејќи ги Самуиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината наречена Беласица, и ги изненадил утврдените војници на Самуил од зад грб. Самуиловите војници биле целосно поразени, а Самиот Самуил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината наречена Прилеп. По битката Василиј II се упатил кон тврдината Мацукион која се наоѓала во подножјето на планината Беласица и откако ја разурнал заминал кон другата тврдина Термица која се наоѓала во близината на денешната бања Банско не неуспеал да ја освои и затоа се упатил кон Струмица. Според Јован Скилица, додека траела опсадата на Струмица византискиот владетел го испратил словенскиот дукс Теофилакт Вотанијата со еден дел од војската да му обезбеди пат кој водел низ Дојран за Кукуш и Солун. На овој пат Гаврило Радомир имал поставено повеќе заседи. Кога Теофилакт Вотанијат одел по овој пат бил пушен да помине, но кога се враќал назад бил нападнат и целата византиска војска била уништена. Михајло Деволски истакнува дека Гаврило Радомир лично го убил Теофилакт Вотанијат. Кога византискиот владетел разбрал за смртта на својот војсководач решил да се одмази. Василиј II уште пред да ги крене опсадите на Струмица, Мосинопол и Мелник наредил сите самуилови војници да се ослепат, а на секој стоти да му се извади по едно око и така тие осакатени да ги однесат останатите ослепени војници кај Самуил во Прилеп. Ова се случило во село Водоча по што и самото село го добило своето име.

По малку повеќе од два месеци на 6 октомври 1014 година, Самуил умрел од срцев удар. Во историската наука нема согласност каде точно умрел Самуил. Според веста на Јован Скилица еден дел од историчарите се на мислење дека тоа се случило во Прилеп, но некој од научниците се сомневаат во тоа. Треба да се истакне дека Јован Скилица воопшто не соопштува каде Самуил починал. Имено тој соопштува за бегството на Самуил по битката во Прилеп, а потоа раскажува за ослепувањето на самуиловите војници и истакнува:

Скилица детално ја опишува смрта на Самуил но не наведува каде починал, а настаните ги изложува како тие да се случувале последователно и брзо еден по друг и поради тоа се добива впечаток дека Самуил починал во Прилеп. Меѓутоа се заборава дека помеѓу двете случувања: бегството на Самуил во Прилеп и неговата смрт поминале повеќе од два месеци. Затоа дел од историчарите се сомневаат дека тој останал во Прилеп и дека всушност тој починал во Преспа како што наведува Михаил Аталијат.

Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврило Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато име.

Самоиловото царство останало независно уште 4 години по смртта на својот водач.

Познато е дека во Самуиловата држава први и најбројни биле Македонците, потоа Словените во Грција и на Пелопонез, а по нив Србите, Хрватите, Ромеите, па Арбанасите (Албанци) и Власите, а потоа Романите, Турците Вардариоти и Ерменците.

Треба да се нагласи дека нема ниту еден изворен податок дека Македонците самите себеси се нарекувале Бугари. На чело на ваквиот конгломерат на народи, стоел царот и автократ Самуил, „раб божји“, како што се нарекувал самиот себеси. Службен јазик бил словенскиот, за што сведочат спомениците што самиот Самуил ги подигнал.

Јадрото на неговата држава било сосема поинакво. Тој востанови и врховна црковна институција на својата млада империја, во сосема друг центар, со седиште прво во Преспа, а потоа во Охрид. Но папската курија не се согласила Самуиловата држава да добие патријарх, туку архиепископ, а бидејќи Охридската архиепископија се косела со интересите на Византија, Василиј II не сакал да ја потврди. Во одделни истакнати манастири постоеле и препишувачки училишта, каде писарите-монаси препишувале на стариот словенски црковен јазик.

За судството од тоа време, не постојат посебни документи, освен дека самиот владетел е врховен судија.

Потекло и карактер на Самоиловото царство

Околу прашањето за потеклото и карактерот на Самуиловото царство во историската наука постоелe и сѐ уште постојат голем број на дискусии и несогласувања. Преовладувале неколку теории. Тезата дека Самуил е владетел на Првото бугарско царство е отфрлена од едноставна причина што Византија го уништува Првотобугарско царство во 971 година, а тезата дека Роман бил крунисан за бугaрски цар е отфрлена, бидејќи бил шкопен и според средновековната традиција неможел да носи царско звање. Една од постарите хипотези е Дриновљевата теорија за Западнобугарско царство на Шишманови од 963 година но оваа теорија одамна е отфрлена како неточна. Откако оваа теорија била отфрлена во историската наука се спротивставиле две гледишта за Самуиловото царство. Едната теза е застапувана од страна на бугарските научници и таа е прифатена во голема мера од западната историографија. Според оваа теорија во 968 година од Симеоновото царство се одвоило Западнобугарското царство (Македонија) и според оваа хипотеза, тоа егзистирало покрај Источнобугарското царство кое било освоено од страна на Јован Цимиски, додека пак западниот дел успеал да опстои и тоа станало јадрото на Самоиловото царство. Другата гледна точка која се спротиставила на бугарските научници, а најасано и најдетално била изложена од страна на Д. Анастасијевиќ, Хипотеза за Западното Бугарско царство претставена во Гласник на скопското научно друштво 3 (1928) (L hipotese de la Bulgarie Occidentale Recueil Uspenskij I, 1930, 20 sg.). Според ова гледиште никогаш во историјата не постоела поделба на Западно и Источнобугарско царство, а Јован Цимиски го освоил целото Бугарско царство и дури потоа во 976 година со востанието на Комитопулите против византиската власт и било создадено ново царство во Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.