|
|
Александар и неговите војски го освојуваат светот |
Александар бил радосен поради толку славната победа со којашто сметал дека му се отворени источните земји. Откако му принел жртва на Сонцето, ги пофалил војниците пред собранието. За да покажат уште поголема храброст во останатиот дел од вој-ната, им соопштил колку сили на Индите во овој судир се сотрени; потем дека во областа, каде што ќе се упатат, ќе има богат плен и огромни богатства; дека е безначаен и беден пленот, што го зел од Персијците, дека со злато, сребро и филдиш ќе ги исполнат не само своите домови туку и цела Македонија. Војниците, желни за богатство, но и за слава, а истовремено и затоа што неговото тврдење не ги измамило дотогаш, му ветиле дека ќе се потрудат да дадат сеж од себе. Кога ги распуштил, исполнети со добра надеж, заповедал повторно да изградат чунови, зашто кога ќе ја поминат цела Азија, повторно ќе дојдат до морето, што е крај на светот… К. К. Руф, Историја на Александар Македонски, кн.ИЏ, , стр.37 Д-р Иван Алексов ДОКУМЕНТИЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ од праисторијата до почетокот на 21 век- Скопје, 2007 |