|
|
Македонците се надевале дека Александар сака да се врати во родната земја |
„Другите Македонци што дознале за веста трчале радосно со факелите: тие мислеле дека Александар, палејќи ги и уривајќи ги дворците на Барбарите го оддава своето жалење за родната земја (Македонија, н.б.) и волјата да не остане кај нив”. Plutarch., Alex., 38 ( француски превод Б. Латзарус), преводна хрватски З. Дукат, Успоредни зивотописи, Загреб, 1988, т.III. СЕ РАШИРИЛ ГЛАС ДЕКА КРАЛОТ АЛЕКСАНДАР РЕШИЛ ДА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА „Гласот се рашири (иако ништо не го оправдуваше) дека кралот (Александар, н.б.), задоволен од она што го постигнал, решил веднаш да се врати во Македонија. Војниците, како улави, трчаа во сите правци кон шаторите; се пакуваа за пат: би се рекло дека во целиот логор, имаше наредба да се собираат пљачките. Едните ги бараа нивните другари од шаторот, другите ги товареа колите…” Quintus- Curtius Rufis, VI, 3,15-16 (француски превод Х.Бардон); АЛЕКСАНДАР ГИ ИЗОЛИРА “НЕПОСЛУШНИТЕ” „Тој (Александар, н.б.) ги вклучил во една единица што ја нарекол “Чета на непослушните”, оние што против него држеле непријателски говори, оние што смртта на Парменион ги згрозила, а освен тоа и оние што, во нивните писма испратени во Македо-нија, напишале работи спротивни на интересите на кралот. Тој не сакал неумесната искреност на нивното зборување да го заведе остатокот на војската…” Диодор., XVII 80, 4; Д-р Иван Алексов |