|
|
Острогорски за „храбриот македонски цар“ и за уништувањето на „македонското царство“ |
„Меѓутоа, уништувачки удар Василиј ИИ му нанел на Самуиловото царство дури во јули 1014 година, после долгите борби... Самуиловата војска е опколена во кланците на Беласица. Самиот цар се спасил и стигнал во Прилеп, но голем дел од неговите војници изгинал, а уште поголем западнал воп заробеништво. Својата победа Василиј Бугароуби-ецот ја прославил на грозен начин. На заробениците, кои наводно биле 14.000 (податок според Кекавмен изд. Василевскиј-ЕрнШтедт, стр. 18; според Скилица (Цедр.ИИ,458)биле 14.000 заробеници, н.б.), им се ископани очите; само на секој стоти му е оставено по едно око, за овие по-луслепи да ги одведат своите слепи соборци кај царот во Прилеп. Кога Самуил ја догледал оваа страотна поворка, го удрила капка, и за два дена храбриот македонски цар умрел (на 6 октомви 1014 год.). Неговото царство го надживеало само за неколку години. Внатрешните судири му ја олесниле работата на освојувачот. Самуиловиот син и наследник Гаврило Радомир паднал веќе во 1015 год.; него и неговата жена ги убил неговиот брат од стрико Јован Владислав, синот на Арон. Истата судбина го снашла и неговиот зет, зетскиот кнез Јован Владимир, кого Јован Владислав со измама го уловил и погубил. Во меѓувреме освојувањето на земјата систематски продолжувало. Војувањето се свело на ликвидирање на поедини точки на отпорот, бидејќи тука и таму царевите војводи сеуште јуначки му пркоселе на победителот. На крајот, во февруари 1018 год., за време на опсадата на Драч, загинал и самиот Јован Владислав. Војната се завршила со свеченото влегување на Василиј ИИ во Охрид... Неговата цел била постигната: Македонското царство, со кое тој се носел повеќе од три децении, најодзади е срушено. Обиколувајќи ја покорената земја, Васи-лиј ИИ насекаде ја обновувал византиската власт...” Георгиј Острогорски, Историја на Византија, Српска книжевна задруга, Белград 1959, стр. 294-295 |