|
|
Секој Македонец треба да се чувствува ВМРО |
Секој Македонец треба да се чувствува ВМРО и да ја спроведува идеологијата на четирите букви. Да се потсетиме што значат четирите букви. Сите Македонци треба да знаат што е ВМРО. Традицијата на светите четири букви ВМРО - обврзуваат! Довербата на народот - обврзува! Сеуште неродените деца – обврзуваат! И над се`, Македонија обврзува! ВМРО е идеологија. ВМРО е одговорност. ВМРО е да ги штитиш интересите на Македонија. ВМРО е да ја сакаш, а ако затреба и да ја браниш Македонија. ВМРО е и да ги почитуваш тие кои во минатото беа прогонувани само затоа што работеа за идеологијата на ВМРО и ја сакаа Македонија. ВМРО е да ги почитуваш тие кои “ја ставаа главата во торба“ за идејата за самостојна Македонија. ВМРО е да ги почитуваш тие кои беа затворани, а голем број и убивани, тие кои беа испраќани на Голи Оток, во Идризово, на Солунска глава. Денес не се казнува ако кажеш дека си Македонец, денес е гордост да се каже дека си за Македонија и ВМРО. Денес треба да седнеш барем пет минути во денот да се потсетиш низ какви маки поминале овие луѓе, овие патриоти, овие родољуби и се` ќе ти биде јасно. Само пет минути во денот, тоа го заслужуваат. Тоа го заслужуваат тие кои ја прифатиле и се бореле низ историјата за идеологијата на ВМРО. Луѓето се раѓаат, живеат и создаваат со Божји аманет! Да не ги заборават делата на оние пред себе! Да не плукаат на нивниот самопрегор, визија и жртва! Божји аманет е да остават вредност зад себе, кога веќе ќе не` нема! Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите! Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг! Македонија вечна! АМИН! АМИН! АМИН! |