|
|
Предавството врз Александар Македонски |
Во 329 година п.н.е. Александар се вљубил и ја зел за жена Бактриската принцеза Роксана-Рошанак на Бактриски, која била ќерка на локалниот водач. Дел од македонските генерали биле против тоа,,..Па затоа, Александар го праќа Парменио во Вавилон да се грижи за позадината. Но највеќе македонските генерали биле незадоволни кога Aлександар регрутирал Персијанци во македонската фаланга. Дел од судењето е забележано : - Александар најпрво го погледна Филота и рече: Македонците решија да те судат. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кој ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот повеќе луѓе да ти го разберат. Потоа, царот рече: Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил, како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик. (Курциус Руфус, VI, c.36). Филота бил осуден на смрт заедно со татко му Парменио,..иако отсутен, во тогашно време се сметало кај македонците како одговорен за постапките на својот син,..Парменио бил убиен од Kлито. Така Александар го продолжува освојувањето ,..во местото Kалаш и Хунза ги остава старите, болните и ранетите војници и мал дел од војската заедно со благајник . |