|
|
Мислење од „Еден Македонец“ (1889 година) |
БОРБАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПОСТАВИ ВРЗ ЧИСТО МАКЕДОНСКА ПОЧВА. СИТЕ ЖИТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ИМЕНУВААТ КАКО МАКЕДОНЦИ „Борбата за ослободување на Македонија треба да се постави на неутрална македонска почва. Ние сме рекле и друг пат - не е време, ние, Македонците, да ја изразиме нашата желба за соединување со извесна држава. Тоа е опасно најпрво за самите нас, Македонците, а после за целиот бугарски народ... Ослободувањето на Македонија и нејзиното присоединување со извесна земја се две прашања, кои е незамисливо да се решат благопријатно во едно исто време, туку последователно, и маке-донската емиграција барем привремено треба да ја напушти својата досегашна политика; таа треба да се постави во борбата врз чисто македонска почва и после може да оди успешно напред со своите стремежи... Сите жители на Македонија да се имену-ваат како Македонци, а македонските друштва да се именуваат исклучиво како македонски без додавање на додавките “бугаро”, “румуни”, “србо”, или “елино”... ...Ние и другпат имаме речено, не е време ние Македонците да изјавуваме желби за наше присоединување кон некоја држава... Во таков случај ќе се восползуваат соседите. Македонија ќе биде раскината... Но сега, по нашето политичко расцепување, во нашата Македонија тукуречи не се гледа таква борба, па по сеж изгледа сите и ни го откажуваат сега правото на таквата борба, стремејќи се очигледно да неж завладеат, дури мнозина од слободните Бугари, макар и без основа, гледаат со една чудна недоверба врз една посамостојна борба од страна на Македон-ците. Се гледа дека сите му го откажуваат правото на Македоне-цот и самиот да се бори за олеснување на својот живот, како страдалец да си го издигнува гласот. Сите само една и иста песна пеат: “да ги ослободиме нашите браќа”, но да им помогнат на своите браќа да си се ослободат за себеси никој не сака да помага... Сите, се гледа, се плашат од една самостојна борба на Македонците и никоја соседна држав досега не дава да се развие таква, кое, без сомнение, си ги има причините...” Еден Македонец, Мнение за решаване Македонскија вопрос, в. “Македонија”, И, 36, 19 август 1889, стр. 143; |