„...Сега гледам дека вие ич не се шегувате. Дозволете, впрочем, да ви кажам дека прашањето што го подигате за Македонците, каква народност се тие, влегува исто така во гру-пата на “природните” неприкосновени појави. Поодделни личности можат да се однародат од прост и подол инает или од интерес, но цел народ, со историја и духовен живот, не може да се однароди... Македонците треба да дејствуваат и не може инаку да дејствуваат освен како Бугари, ако имаат, се разбира, елементарен човечки лик и чувство, кое впрочем не подлежи веќе на никакво сомнение... Не лажете се со востание и слични вра-толоми и погубни и бесполезни мечти и басни. Не лажете се со “Европа” и со нејзиното “христијанство”, од кое Македонија ни-когаш не видела, ниту ќе види, ниту пак може да види облаги. Знамето ваше нека остане: Санстефанска Бугарија. Тоа е един-ствено реалното и најсигурното. А притоа вдахновувајте го, внедрувајте го, развивајте го стариот, безусловниот бугарски патриотизам во срцата на вашите интереси овде во Кнежевството и внатре во несреќната област. Не помалку безусловно вардете ја својата, не само христијанска, но православна вера. Само таквиот патриотизам ќе ве спаси од Грците и од Србите и од секакви пеопаганди и само тој ќе биде најнадежното средство за да достоиме во решавачкиот момент и таму, од каде што би се појавила склоност за да се накрни заветот на великиот наш Ослободител”.
С. Миларов, По македонски вопрос, Отговор на г. “ Македонец” в бр. 50 от “Македонија”), Македонија, ИИ, 1, 5.ЏИ.1889,стр. 2-3; |