|
|
Св. Миларов му одговара на Еден Македонец и го застапува бугарското гледиште „по македонското прашање“ |
„...Дека Македонија ниту сама, ниту Бугарското Кнежевство, било само, било во сојуз со другите балкански државички, може да ја исполни великата народна задача: ослободувањето на Македонија и нејзиното соединување со останатата Татковина... дека “Македонското прашање” зависи да се реши од Европа, односно Русија, но дека таа Европа е денеска разделена на два непријателски лагера; го проследува настанувањето и смислата на таканаречениот Троен сојуз... Тој Троен сојуз си го има од-живеано векот и не го плаши веќе друг освен лесноумните и заслепените... Засега нема помен за Македонија, ниту пак може и да стане помен додека не се разреши овдешното бугарско-кне-жествено (прашање) во согласност со желбата на Петербург. Потоа, пак само Русија може да го подигне прашањето дека ќе го подигне пак врз основа на Берлинскиот договор, но тогаш Цариградската влада ќе биде најпотчинета и обидот за автономијата ќе има изгледи за успех. Дотогаш сите што милееме за Македонија треба да се трудиме кој како и со што може да ги разбудуваме и да ги просветуваме своите несреќни сонародници по Македонија и да им го вдахнуваме и внедруваме тој корав и безусловен патриотизам и фанатизам бугарски и словенски, од којшто се веќе надахнати одавадешните наши земји. Особено треба да ги чуваме од туѓите пропаганди, особено религиозните. Во едниот и во другиот однос Бугарската егзархија си ѕида вечен споменик со заслугите за Македонија и Татковината. Се разбира дека не треба ни да се помислува да се прават бунтови и не знам што си. Ако може тоа да биде полезно, ќе му дојде времето, па и ќе се каже од когошто треба, ако треба” Св. Миларов., По Македонки впрос, “Македонија”, И, 38 и 39, 6.септември 1998, стр. 151-152...; Б. Ристовски, Портрети и процеси, 1, стр. 394-395; |