Среда, 03 Јуни 2015   
Попот со неговите парохјани останале при убедувањето дека тие се македонци а не бугари

ШПИРО КОПРИВИЦА ДО ПРЕМИЕРОТ НА КРАЛСТВОТО СРБИЈА:

(Цариград, 15 август 1887 год.)

koprivica“Во месец мај оваа год. Друштвото Св. Сава ми опредложи работа и борба против бугаризмот во јужните предели на српска Македонија. Јас , како родољуб, радо го примив предлогот и истиот месец тргнав  во Прилеп со главата в торба. Со мене беше и некој доктор Правица со жената, за кого јас не знам ништо....

Мојата работа во Цариград се заврши неповолно, поради тоа што попот (претставник на Прилепската протестирачка против бугарскиот егзарх општина), не сакаше конечно да го признае патријархот, од причини, што насловот “македонска” општина (во спротивно “бугарска) не звучеше најпријатно во грчко-патри-јаршиските уши (Грците сметаат дека е нивен Прилеп). Па и самиот поп се покажа, како обичен македонски, врдало, мислејќи, како и мнозинството: “даваш пари, че станам Србин, - надеваш, станем како сакам”. Но така е насекаде, Г. Министре, каде што случајот игра улога на знаење. Кога ние би биле снабдени со некои инструкции, според кои треба да се работи, можеби и би биле криви, но во вакви прилики за инструкции не може да стане збор. Тие се создаваат со самата состојба на нештата во она место, каде што имаш намера да работиш; - според приликите и расположен. Впрочем, мене ми се чини, дека е доволно и тоа, што попот со неговите парохијани останал при убедувањето, дека тие се Македонци, а не Бугари, како што се нарекувале до нашето доаѓање.     

Моите назори и заклучопци за се, што видов и слушнав во Македонија, му ги соопштив на Друштвото Св. Сава во спомнатиот извештај. Но бидејќи гледам дека тоа и на тоа красноречиво молчи, принуден сум да го замолам Г. Министер, да ги посоветува уважените господа, да се откажат од подобниот начин на рабопта, бидејќи тој не само што не е корисен, туку е дури и штетен, бидејќи со тоа ја компромитираат Србија. Друштвото би сакало, и волците да се сити и овите цели, но тоа е физиолошки апсурд. Нека друштвото биде уверено, дека подобната пропаганда ќе остане само “пиа десидериа”. Еден единствен начин на работа во Македонија, тоа е постапното потпомагање на се она, каде што се појавува македонското самосознание, бидејќи србизмот е засега за сите опасен. За тоа не требаат особено лица да скитаат по Ма-кедонија: еве во Цариград имаме два  Македонци, кои создаваат новини  и кои потполно срспски дишат, па друштвото нека работи преку нив, бидејќи тие знаат речиси се што се случува во Македонија. Односно на позитивната работа, јас го изложив своето мислење во извештајот. Впрочем, ако друштвото се бави, со такаречи донкихотство, го уверувам дека јас прв ќе го развијам српското знаме на Марковите кули во Прилеп, но тоа ќе биде само борба со ветерни мелници.

Сметам дека е одвишно да го повторувам она, што веќе го реков во мојот извештај, па затоа го молам Господинот Министер да подејствува кај друштвото, да ми испрати пари за издржување што побрзо, бидејќи ни најмалку немам намера да станам пролетер на српскиот патриотизам, а уште помалку “маченик за идејата” без награда и во исто време нека ми испрати упатства за натамошна работа.

Останувам како и секогаш...

Шпиро Копривица...”

АИИС, збирка Јована Руистиќа 12/515  / XII/10 ;

Граѓа за историјата на македонскиот народ

 од Архивот на Србија..., т. IV, кн.2,  док. 133, стр.174-175;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.