Историја

Попот со неговите парохјани останале при убедувањето дека тие се македонци а не бугари

koprivica

ШПИРО КОПРИВИЦА ДО ПРЕМИЕРОТ НА КРАЛСТВОТО СРБИЈА:

(Цариград, 15 август 1887 год.)

koprivica“Во месец мај оваа год. Друштвото Св. Сава ми опредложи работа и борба против бугаризмот во јужните предели на српска Македонија. Јас , како родољуб, радо го примив предлогот и истиот месец тргнав  во Прилеп со главата в торба. Со мене беше и некој доктор Правица со жената, за кого јас не знам ништо….

Мојата работа во Цариград се заврши неповолно, поради тоа што попот (претставник на Прилепската протестирачка против бугарскиот егзарх општина), не сакаше конечно да го признае патријархот, од причини, што насловот “македонска” општина (во спротивно “бугарска) не звучеше најпријатно во грчко-патри-јаршиските уши (Грците сметаат дека е нивен Прилеп). Па и самиот поп се покажа, како обичен македонски, врдало, мислејќи, како и мнозинството: “даваш пари, че станам Србин, – надеваш, станем како сакам”. Но така е насекаде, Г. Министре, каде што случајот игра улога на знаење. Кога ние би биле снабдени со некои инструкции, според кои треба да се работи, можеби и би биле криви, но во вакви прилики за инструкции не може да стане збор. Тие се создаваат со самата состојба на нештата во она место, каде што имаш намера да работиш; – според приликите и расположен. Впрочем, мене ми се чини, дека е доволно и тоа, што попот со неговите парохијани останал при убедувањето, дека тие се Македонци, а не Бугари, како што се нарекувале до нашето доаѓање.     

Моите назори и заклучопци за се, што видов и слушнав во Македонија, му ги соопштив на Друштвото Св. Сава во спомнатиот извештај. Но бидејќи гледам дека тоа и на тоа красноречиво молчи, принуден сум да го замолам Г. Министер, да ги посоветува уважените господа, да се откажат од подобниот начин на рабопта, бидејќи тој не само што не е корисен, туку е дури и штетен, бидејќи со тоа ја компромитираат Србија. Друштвото би сакало, и волците да се сити и овите цели, но тоа е физиолошки апсурд. Нека друштвото биде уверено, дека подобната пропаганда ќе остане само “пиа десидериа”. Еден единствен начин на работа во Македонија, тоа е постапното потпомагање на се она, каде што се појавува македонското самосознание, бидејќи србизмот е засега за сите опасен. За тоа не требаат особено лица да скитаат по Ма-кедонија: еве во Цариград имаме два  Македонци, кои создаваат новини  и кои потполно срспски дишат, па друштвото нека работи преку нив, бидејќи тие знаат речиси се што се случува во Македонија. Односно на позитивната работа, јас го изложив своето мислење во извештајот. Впрочем, ако друштвото се бави, со такаречи донкихотство, го уверувам дека јас прв ќе го развијам српското знаме на Марковите кули во Прилеп, но тоа ќе биде само борба со ветерни мелници.

Сметам дека е одвишно да го повторувам она, што веќе го реков во мојот извештај, па затоа го молам Господинот Министер да подејствува кај друштвото, да ми испрати пари за издржување што побрзо, бидејќи ни најмалку немам намера да станам пролетер на српскиот патриотизам, а уште помалку “маченик за идејата” без награда и во исто време нека ми испрати упатства за натамошна работа.

Останувам како и секогаш…

Шпиро Копривица…”

АИИС, збирка Јована Руистиќа 12/515  / XII/10 ;

Граѓа за историјата на македонскиот народ

 од Архивот на Србија…, т. IV, кн.2,  док. 133, стр.174-175;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top