Среда, 17 Јуни 2015   
Најглавната работа е Македонија да се помакедончи

Сега секој македонец признава, оти тој не е бугарин и гласно ја исповеда својата нација. Најглавната работа е македонија да се помакедончи.

temko-popov
ПИСМО  ОД ТЕМКО ПОПОВ ДО ДЕСПОТ БАЏОВИЌ,  (Солун, 9 мај 1888 год.)

“Во предговороф на ова писмо ќе ти предизвестам, оти ја ќе се помачам да ти пишам, колку је можно на наше наречие замествајќи оние  речи, који ја и не знам се блграрќи. Шчо да се чинит инака, Деспоте! Нашево наречие кога можело да диктира на друѓите славјански наречиа останало наисиромашко и, као питач, да опружвит р’ка било на блгарското, било на српското па дури и на Руското! Не отричам ја оти свите славнаноќи наречиа се сходни помеѓу си и оти природно је да се взаемеат едното от другото. А не до какво дередже (дж не знам како се пишит) до кое е дошло нашето кутро наречие, шчо да не можит чоек да си си кажит мислите, без да употребит блгарсќи речи, ако тои имат живено у блгарско, српски - ако у српско. Вистина, нашево наречие, као наисходно со српското скоро, требит от него да црпит оние речи, кои ќе немат у речникот си, но к’де ни је нашиот речник, к’де се нашите филолози, кои да можит да се завземеет со овој важен вопрос, т.ј. да ни составеет граматика и друѓи наинужни учебници, барем за основнуите училишча? Немаеќи наши филолози, к’де се српсќите, кои да знает нашево наречие и да сочунеет овие елементарни и необходими книѓи со такво наужно беспристрасие, штото само употребеет српсќи, вместо дополнителни, к’де неможеет да наидет меќедонсќи речи, а не да се водеет от слеп патриотизам, вместо да составеет ма-ќедонски учебници, да сочинеет чисто српсќи.

Да не се л’жиме, Деспоте, националниот дух у Македониа до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит от небото неможит да го уверит Маќедонеца, оти тој је Блгарин или Србин, освен оние Маќедонци у кои веке пропаганда-та блгарска се имат вкоренето. За да се увериш ти во ова нешчо требит да земиш блгаризма пред очи. Блграската пропаганда ево веќе времина, кога грцизмот-сосвем чужда нациа, беше зафатил да се фкоренвит во срцето Маќедонско; и Маќедонците кога видоа зрак од славјанизмот, фрлиа се, као слепи во пазувите му, без да пулеет на разликата му. Стигаше за ними оти отќинаа од грцизмот. Но шчо се чинит сега т.ј. после дваесет години блгарски м’ќи, аѓитации и немилосни парични жертви?

Се чинит тоа, драги мој Деспоте, шчо је природно, но за Блгарите неочеквено т.ј сега секои Маќедонец признава оти не јет Блгарин и гласно исповедува својата нациа, ако и да се ползувит ушче от блгарски средства, немаиќи, разуме се, свои. После, от какоф и да е тои, славјансќи јазик? Ја не вервам, а така исто не вервам и ти да верваш. Зато ние, Драги Деспоте, бефме расчистриле ушче од лани и дури от олум-лани да пре-поручвиме да се отвореет маќедонски училишта со ова намерение, штото колку је можно да се искоренвеет блгаризмите, кои се имеет пикнато от отворањето на блгарските учиљ(ишча) у Маќедониа, и да се замествеет со поприродните, т.ј српсќите.

Мене никој не можит да ме разубедит оти по инакоф начин можеет да се збратимеет ови два братсќи народи и јазици. Најглаваната работа је Маќедонија да се помаќедончит.

Кога заминаф от Врање, бев ти разкажал за поето п’туване, но како не ни  останвеше повише време за разговор, ти се таксаф, да ти пишам и еве сега си исполнувам речта.

Ти многу (и мошне се велит) добро знаиш за Групчевото идење таму ушче похубаво знаиш краиот на работата со свите танкости; така исто знаиш оти еден от сомишљениците Групчеви беф и ја и еден друг наш пријатењ, а по причина, шчо не ни повикаа у Ца-риград, ние дваицата послеѓни, останафме - еден у Солун, а друѓиот - у Самоков. Ја от твоја страна, штом доиде овде г-н Карастојановиќ, беф зафатил да разговарам со него, како сами требит да зафатиме да работиме овде, кои подполно удобраваиќи мојата идеа писа у Белград и от тамо телеграфически дури удобри Г-н Ристиќ све шчо му предложифме. И така ние пушчивме 7 учители, погодени по 60 л.т. год, кои свршиа овдешна бл-гарска гимназиа, кат им дадофме  по 5 л.т. п’тни трошок. Но од тога ево близу година ќе помиинит и ушче кутрите чекает  да им платиме и ушче им плаќаме....

...уверавам те , Деспоте, оти можит да ми напраит некои скандал, зашчо имат љуѓе кои го остреет; во интерсот нифни је да излезит оваа работа на мегдан. Ја сам се чудам, како ќе се отќинам од оваа  несреќа. Бидвело ли, бе браико, да те кладеле да условиш учитељи и после да те остаеле во калта? Да те условеле тебе 15 л. месечно и после да не ти даделе нишчо. Верваи ме Деспоте, оти огнусено ми је от зборвеине и пишеине по ова работа, но што да праам кога сум ангажирал љуѓе. Ја сум работил без никакво задномислие и зато сум пропаднал...Собственото ја за идеата не зборвам, зашчо сум се посветил за оваа идеа и по никакоф начин не ќе се остаам от неа, макар и да не ми се дадеет ни пет пари, било за мои есап, било за есап на учитежите, но све ми је м’ка зашчо да бидам вака ужасно усрамен пред своите пријатељи и сомишљеници кои некои ден можеет да ме разигреет, како шчо рекол Господ.

Оваа ми ти је работава , накусо, Деспоте ако сакаш да ја знаиш...

...Ваш пријатељ

Т. Попов...”

 Народна библиотека-Београд, Фонд: Јован Хаџи Васиљевиќа

 413/III,  9 мај 1888 год.;  Граѓа за историјата на македонскиот

народ од Архивот на Србија..., т. IV, кн.3  док. 46, стр.134-136;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.