|
|
Манифест на австрискиот цар Леополд И до балканските народи (1690 г.) |
„Ние, Леополд I (австриски цар и унгарски крал 1657-1705 г., н.б.)... На сите народи, кои зависат од нашето наследно Унгарско кралство и на сите други што ќе го читаат ова или слушнат за него, особено на албанскиот народ (им ја искажуваме) нашата царска и кралевска милост и (им пожелуваме) секое добро. Нека ви биде познато дека Турската војна ( се однесува на Австро-турската војна, н.б), на која неправедно сме предизвикани, поради кршење на договорот, според нашата царска и кралска должност, уверени во божјата закрила и правдата на нашето дело, ја водиме единствено со таа цел - народите, кои по правиотот нам ни се потчинети... како и сите други христи-јани - да ги отргнеме од страшното турско ропство и да им ја вратиме претходнатта слобода, претходните привилегии и претходното единство со телото од кое што зависат, откако отс-транивме секаква злоупотреба и ја поправивме штетата, сторена од турската тиранија, како и да го вратиме секому неговото право. Поради тоа љубезно ги повикуваме сите народи, населени низ цела Албанија, Сервија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, како и другите земји, што зависат од гореспоменатото наше Унгарско кралство, и сите други народи од споменатото наше Унгарско кралство, и сите други народи кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба и во оваа толку поволна околност, кога силите на Турците се сотрени во многубројните порази од нашето победоносно оружје, да преминат сите на наша страна и да земат оружје против Турците, за својот спас и ослободување и за напредок на христијанската религија.” Јован Радоњиќ и Мита Костиќ, Српске привилегије од 1690 до 1792. САНУ, Посебна издања. CCXXV. Нова серија Књ.10, Београд 1954, стр 26-27; Документи за борбата на македонскиот народ...,т.I, док.108, стр.157-158; |