Среда, 01 Јули 2015   
Разбојници од Горен и Долен Дебар се готват да ја опљачкаат прилепската околија

(1 септември 1800 година)

Albanians Debar 1863

“До нашиот румелиски кајмакам во Битола, високомоќниот Есеид Селим-ага -да му се умножи славата - се соопштува:

Врз основа на содржината од твоето испратено писмо во кое се вели дека во Долен и Горен Дебар се собрале многу разбојници со цел да ја опљачкаат Прилепската каза; дека тие биле готови да тргнат; дека таа банда на злосторници и бунтовници била многубројна и дека одбраната од нив и нивното одбивање била од воена природа и барала големи напори и многу војска, - се назначува и се испраќа првиот меѓу знаеитите и првенците... високомоќниот Мехмед-беј... и му се ставаат под негова команда ајаните од казите -Скопје, Штип, Тиквеш, Кичево, Кукуш и Струмица.

По приемот на знаење, а до пристигнувањето на спомнатиот командант, да напишеш од твоја страна и да испратиш наредби до кого е нужно и да ги повикаш и собереш при себе ајаните, агите од тие области и да пројавиш, како што се очекува од тебе, родољубие и да вложиш многу сили за ликвидирање на злосторниците. Да се чуваш и да одбегнуваш од спротивни постапки на целта.

...За оваа цел да го жртвуваш сонот и комодитетот и до пристигнувањето на војската и спомнатиот командант, да постапуваш како што е горе изложено и крајно да се чуваш од спротивното.

Во таа смисла се пишува и се издава оваа повелба на Румелискиот совет...”

Напишано на 7 џемази - ул - евел 1215 година. ( 26. IX.1800 год.)

Турски документи за македонската историја, т.I Државен архив на НРМ, Скопје, 1951, стр.23;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.