Среда, 01 Јули 2015   
Треба да знаеме за што ќе се бориме (11 март 1891 година)

РЕДАКТОРИТЕ НА  “МАКЕДОНИЈА”: ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ БОРИМЕ, ИЛИ ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ КОН КНЕЖЕВСТВОТО ШТО ЈА ЗАГРОЗУВА ЦЕЛОСТА НА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ЗА САМОСТОЈНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, ЗА ЦЕЛОСТА НА НАШАТА ТАТКОВИНА

makedonska-borba

“Во минатиот број ние се запревме повеќе врз чиновниците - “патриоти” што не знаеме по каква логика се сметаат за претставници (!) на македон(ското) прашање; рековме и некој горчлив збор што можеби не им звучи добро на нивното “истенчено” и “патриотско” уво. Но може ли поинаку да биде? Мислат ли тие некогашни Македонци дека нивните бивши сотат-ковинци и потомството ќе ја заборават таа црна дамка што се фрли поради нив врз лицето на сите Македонци, благодарејќи на кокошкиниот ум на бугарските таканаречени журналисти што, со целата своја генијалност и со меракот да разговараат на уличен јазик, карактеристика само за бугарската журналистика, расејаа меѓу публиката таква лесно приемлива храна, за кое веруваме дека ќе се каат, а ние нема да спечалиме многу? ...Да, само фантазерските и жолчните редактори на „Свобода” користејќи ги постапките на сомнителните Македеонци-чиновници-”патриоти” можеа да ги создадат фразите...”ќе ми дадеш пари - ќе се чинам Бугарин” и др. и други мудрувања со кои Македонецот е понижен дотаму што пред очите на слободните “браќа” стои како пред нас Циганот!...

...Ако ние уште сега не се фатиме со тој страшен суд, кога ќе се реши и судбината на нашата Татковина. Треба значи да си изработиме едно мислење, да усвоиме една програма за сегашните и идните акции, програма што ќе ја сокриеме од сите за да не заприлегаме на јунаците од басната „Орел, Рак и Штука”; треба што поскоро да знаеме што ќе бараме и за што ќе се бориме: или за присоединувањето кон Кнежевството како што се правеше до сега, коешто ја загрозува целоста на Македонија, или пак очај-нички да се бориме за самостојноста на Македонија за  ц е л о с т а на нашата Татковина”.

“Македонија”,III,9, 11.III.1891, стр.1;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.