|
|
Австрискиот цар, Леополд I, за македонскиот народ (Виена, 26 април 1690 год.) |
Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Краида, роден во Косана (денешен Кожани) и Димитриј Георги Поповиќ, роден во македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело, а со жар и ревност кон нашата служба, со сериозна намера е склоно да премине од преголемиот турски јарем под наша заштита, доколку му биде дадена нашата милост и сигурно покровителство. Поради тоа, согласно со нашата вродена добрина, со која, поттикнати од милоста да им укажуваме заштита на оние што ни се приврзани нам и на светата христијанска религија, милостиво го прифаќаме и го примаме под наша царска и кралска милост во секој начин и вид гореспомнатиот македонски народ, љубезно препорачувајќи им, поединечно и на сите наши војни заповедници, да не го напаѓааат споменатиот македонски народ, ниту да му причинувааат непријатности, туку според силите, се-кој пат и во секоја околност да го заштитуваат, бранат и да му помагаат за таа цел. Воопшто да му овозможат нему сигурност и увереност за да запазат5 повешќ е наши царски и кралски милости, права и слободи. Во случај некои припадници нод истиот народ да посакаат да војуваат под водство на нашите гореспоменати капетани и под наше знаме, нека се настојува повеќе да се поттикне таквата намера одошто да се спречи. Исто така допуштаме, со претходно знаење ии согласност на нашиот тамошен главен командант, да се собираат во одред и одделно да дејствуваат или да се поврзуваат со нашите, за да можат така да имаат сила да се борат против заедничкиот непријател... Претставници: бранители на македонскиот народ кои преминале во краиштата на Царското Величество. Изложено во Виена на 26 асприл 1690 година. М.Пауер. За Ветерани”(командант на јужниот фронт спрема Османлиите, н.б.) Ј.Радоњиќ, Прилози за историју Срба у Угарској у 16,17 и 18 веку. Књ. I . Матица Српска, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр.52-53; Документиза борбата на македонскиот народ..., т.I, док.109, стр.158-159; |