|
|
За страдањето на Евреите во опожареното Скопје (октомври 1689 год.) |
“Од многу години, Евреите во тој град (Скопје, н.б.) бевме собрани на едно место, изградено како тврдина среде градот, опкружено со сидишта, со добро замандалени порти...и поради нашите големи гревови, непријателот преку сето фрли огнан, и врз нашите синагоги и врз училиштето, како и врз куќите, кои беа внатре во тврдината, и се стана плен на огнот...И не остана куќа таму внатре во тврдината, која стана плен на пожарот.” Еврејски извори за општествено-икономическото развитие на балканските земи, том II, XVII век, Редакција Ашер Хананел и Ели Ешкенази, Софија, 1960, стр. 313-314;
ПИСМО ОД АВСТРИСКИОТ КОМАНДАНТ ПИКОЛОМИНИ ДО ЦАРОТ ЛЕОПОЛД I: РЕШИВ ГРАДОТ СКОПЈЕ НА ПЛАМЕНОТ ДА ГО ДАДАМ(26 и 27 октомври 1689 год.) “Тогаш решив, иако не од се срце, градот (Скопје, н.б.) да го закопам во пепел. Ми беше жал за зградите, какви во оваа војна уште не бев видел; џамиите од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, на кои би им посветил внимание човек и од Рим; потоа убавите старини, градини и места за забава, иако според варварски вкус направени, големите средства за живот, сето тоа, сакал-неќел, морам на пламенот да го дадам. Но, за да не му оставам на непријателот ништо што може да се зачува, стравот и трепетот меѓу варварските народи да го раширам и оружјето на својот господар и во најдалечните краишта да го направам страшно, се решив да ја извршам таа работа... По сите градски ќошиња се поставија луѓе со гламни. На знакот од трите топовски истрели се вивна пламен и чад, го помрачуваше сонцето на 26 октомври и другиот ден по него. Ние стоевме на еден висок рид и, под звуците на војничките инструменти, го гледавме огнот над ова убаво место, навистина не без мака и жал...” Љубен Лапе, Одбрани четива за историјатана македонскиот народ, Скопје 1951, стр.190 |