|
|
Робот има и света обврска да востанува против господарот за да го натера последниов на отстапки |
РЕДАКЦИЈАТА НА “МАКЕДОНИЈА” МУ ОДГОВАРА НА МИЛАРОВ: ПОЛИТИЧКО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА СО НЕЈЗИНО ПРЕТВОРАЊЕ ВО АВТОНОМНА ОБЛАСТ ПОЛЕСНО МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ (1891 год.) “..дали полесно може да се постигне политичкото ослободување на Македонија кога се бара нејзиното просоединување со Бугарското Кнежевство или нејзиното претворање во автономна област со месна администрација и војска? Според нас, послед-ново полесно може да се постигне отколку првото... Во таков случај и националното прашање во Македонија ќе се реши самото од себе и мечтите на Грците и Србите, како и нивните претензии ќе исчезнат како дим...Тоа право (правото за кревање востание во Македонија, н.б.) произлегува од природната склоност на човекот да биде слободен и ништо, никакви околности не можат да го запрат, освен ако самиот роб не се смета достатно под-готвен да го преземе, или пак ако господарот се согласи да му ја олесни судбината со давање некои правдини. Робот има и света обврска да востанува против господарот за да го натера последниов на отстапки, инаку господарот сам од себеси, непринуден ништо не дава”. в.”Македонија”, III, 2, 19.И.1891, стр.1-2; |