|
|
Нашиот грев е во тоа што ја сакаме нашата татковина (1889 г.) |
ОД СОСЛУШУВАЊЕТО НА ДАМЈАН ГРУЕВ ВО СОФИСКАТА ПОЛИЦИЈА: СЕ НАДЕВАВМЕ ДЕКА ЌЕ НЕ ПОМОГНЕТЕ ВО БОРБАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА. КАКО ШТО ИЗГЛЕДА, НИЕ СМЕ ИЗМАМЕНИ “Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија оти ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград г. Минчович дека ќе имаме полна слобода на здружување на нас Македонците. Новоформираното друштво во Софија не е политичка организација, туку Студентска книжовна дружина.Такво здружение ни е ветено во Белград и ние постапивме според него. Нашиот грев е во тоа што ја сакаме нашата татковина. Кога дојдовме тука, се надевавме братски да не помогнете да создаваме своја интелигенција, која ќе ја доведе татковината во борба за осло-бодување. Како што изгледа, ние сме измамени.” Прилози за Даме Груев..., стр.66-68; Б.Ристовски, Портрети и процеси..., 1, стр. 551; |