Среда, 07 Октомври 2015   
Статут на Светскиот Македонски Конгрес: Светскиот Македонски Конгрес претставува парламент на македонците од целиот свет

smk

(7 и 8 август 1993 год.)

“...Член 2

Светскиот Македонски Конгрес (во натамошниот ктекст Конгрес) претставува Светски Парламент на Македонците од целиот свет заради нивното духовно, културно и економско обединување, а во фукција на Македонскиот народ и неговата др-жава Македонија.

Светскиот македонски конгрес има статус на здружение на граѓани...

...III. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Член 8

Основни цели на Конгресот се:

- духовно, културно и економско обединување на Македонците од целиот Свет, а во функција на Македонскиот народ со неговата држава Македонија,

- афирмација на етничкиот, културниот и јазичкиот, верскиот и историскиот идентитет на Македонскиот народ.

Член 9

Основни цели на Конгресот се:

- обединување на сите асоцијации, организации и институции на Македонците и пријателите на Македонија од целиот свет;

- донесување  Македонска Национална Програма;

- предлагање и преземање мерки за опстанок на Македонскиот народ и обнова и развој на Македонија;

- донесување платформа за интегрално остварување на правата на Македонскиот народ;

- свикување Меѓународна конференција за правата на Македонскиот народ под покровителство на Организацијата на Обединетите нации;

- формирање и градење лоби во парламентите и владите на државите и постојаните членки на Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации кои имаат решавачко и одлучувачко влијание во уредувањето на мународните односи...

- зацврстување на позицијата на државно-правниот статус на  Македонија како самостојна, суверена и независна држава и како признат меѓународнио-правен субјект;

- изградување на Македонија како правна држава врз принципите на парламентарната демократија, пазарната еккономија, општите слободни тајни и неподредни избори и почитувањето на жовековите права и граѓанските права и слободи, во согласност со меѓународните договори;

- обезбедување на правата на националните, етнички, јазички, верски, културни и други малцинства и групи во Македонија, во согласност со меѓународните договори;

- основање центри на Конгресот насекаде низ светот каде што живеат Македонци по род и државјанство ( во натамошниот текст: Македонци)

- основање Светски Македонски Културено-Информативен Центар, со Македонски културно-информативни центри низ целиот Свет;

- основање Светски Институт за Македонија, заради мултикомплексно проучување на Македонската вистина, преку кој разни асоцијации, организации, институции и поединци ќе ос-тваруваат разни програми и проекти од мултимедијален карактер;

- меѓународно афирмирање  на Македонската вистина, култура, јазик, уметност, историја и достигнувања на секое поле од општествениот живот;

- основање Светска Македонска Трговска Комора;

- основање Светски Македонски Трговски Центар;

- основање Светска Македонска Банка или Меѓународна банка за обнова и развој на Македонија;

- основање Светска Македонска Фондација....

- основање меѓународен ланец на хотели, мотели, трговски и деловни центри под името “Македонија”;

- основање Македонски клубови и асоцијации, организации и институции насекаде низ Светот;

- основање Македонски општини (етнички заедници);

- преземање мерки и активности за остварување правата на Македонскиот народ

- заштита и одбрана на правата и интересите на Македонскиот народ и Македонците од целиот Свет пред надлежните државни и меѓународни органи, организации и заедници;

- грижа за заштитата на положбата и правата на Македонците  во целиот Свет;...

- проучување на архивската граѓа за осториската вистина на Македонија и Маеонкиот народ, во земјата и светот;

- собирање податоци, издавање  разни публикации, списанија и други материјали и документи за Македонците од целиот Свет и меѓународната јавност:...

Светски Македонски Конгрес, Прво Генералнособрание на СМК, Охрид, 7-8 август 1993, стр.1-2;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.