Среда, 11 Ноември 2015   
Хрватите и Србите зборуваат на ист јазик – македонски

Македонска нација

Macedonian Slavic dialects

Хрватскиот автор како да заборава дека старославјанското писмо глаголица, која го создава св. Кирил (Константин), на основа на јазикот на Македонците од околината на Солун, и на кој кон средината на 9 век ги преведува црковните книги, во Хрватска се задржува се до 19 век, кога таа е потисната од латиницата. Сатира или не, сепак македонскиот народ има големо влијание врз развојот на славјанските јазици!

Македонскиот меѓу десетте најстари јазици во светот, а Хрватите и Србите зборуваат на ист јазик - македонски!

„Хрватскиот и Српскиот не се два различни јазика туку се дијалекти од оргиналниот Јужнославјански јазик. Најблизок на тој оргинален јазик е Македонскиот јазик, така да може да се констатира дека јазикот кој се говори во Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора е всушност дијалект на Македонскиот јазик, тврдат лингвистите“ – пишува Марко Дејановиќ за хрватскиот портал news-bar.hr.

Во текстот под наслов „Лингвистите се согласуваат: Хрватите и Србите зборуваат на ист јазик - македонски!“, објавен на 23 август 2012 година, М. Дејановиќ меѓудругото пишува:

„..Лингвистите од Институтот "Фрањо Араповиќ" конечно го завршија деталното истражување за јазиците на Јужните Славјани, а нивните наоди го негираат дури и Мирослав Крлежа.

-Хрватски и српски не се два различни јазици, тие се само дијалекти на оригиналниот јазик со кој зборувале Јужните Славјани. Најблиску до тој оригинален јужнославјански јазик се Македонците, така што може да се каже дека македонскиот јазик се зборува во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, но во овие земји сега се користат само малку различни дијалекти.. - објаснуваат лингвистите во заклучокот на научната работа.

Експертите од Институтот "Фрањо Араповиќ" при истражувањето внимателно го испитаа развојот на зборови, особено обрнувајќи посебно внимание на зборовите кои не се исти во македонскиот и во некој од дијалектите кои се формирале подоцна...

- Нашето истражување нема грешки. И јас некогаш мислев дека српскиот и хрватскиот се два одделни јазици, но не бев во право. Оваа истражување и неговите заклучоци се несоборливи. Србите и Хрватите зборуваат на ист јазик - македонски - кратко ни прокоментира лингвистот Санда Хам.

Реномираните лингвисти ... откриле дека бугарскиот јазик не е ист како македонскиот. Со помош на историчарите открија дека, при ширење на старославјанското македонско племе, во Бугарија, најверојатно, заминал и еден Македонец со говорна мана, па славјанизираните Бугари всушност прифатиле македонски со говорна мана, кој и денес го зборуваат во најголем дел во само малку модифицирана верзија.


Колку се резултатите од ова истражување убедливи, покажува и тоа што многу светски универзитети, ден по објавувањето веќе ги преименувале катедрите за јужнословенски јазици на катедри за македонски јазик.“ – објавува хрватскиот портал.

(извор: - http://news-bar.rtl.hr/vijesti/regija/lingvisti-sloni-hrvati-i-srbi-govore-istim-jezikom-makedonskim).

Во прв момент текстот преставува вистинска бомба, кој на кратко може да ги замисли хрватските и српските читатели, македонските да ги направи горди, а да ги налути словенските и бугарските. Меѓутоа, тоа е се до моментот додека не се прочита името на институтот „Фрањо Араповиќ“, кој не е лингвист туку поранешен  хрватски кошаркар, репрезентативец на хрватската и југословенската кошарка. Тогаш веќе сфаќате дека се работи за сатиричен текст во кој се критикува работата на хрватската лингвистка Санда Хам.

Хрватските медиуми беа полни со потсмев и осуда по изјавата на професорката и уредник на списанието „Језик“ Санда Хам дека треба да се преведува меѓу Хрватите и Србите. Таа беше долго време мета на оние пројугословенски сили кои постоењето на посебност на хрватскиот јазик го сметаат за увреда и со сите сили настојуваат да го вратат стандардниот хрватски јазик во онаа фаза на Новосадскиот договор (1954), од кога се говори за српскохрватски јазик.

Санда Хем во борбата за посебноста на хрватскиот јазик, како дел од хрватскиот идентитет, се се спротивставува на југофилите и застапниците на хрватско-српски јазик, по што се соолува со хрватски викиликс кој објавува дел од нејзината е-пошта и избива скандал на почетокот на 2012 година.

Текстот во сатиричниот хрватски портал news-bar.hr се појавува во периодот кога хрватската јавност веќе ја тресе скандалот по објавувањето на „нејзината“ електронската пошта од комјутерот на Филозовскиот факултет во Осиек, во која наводно обвинува за постоење на хрватска и пројугословенска струја која се држи до Новосадскиот договор. Инаку во договорот од Нови Сад од 1954 година, пишува дека „Народниот јазик на Србите, Хрватите и Црногорците е еден ист јазик, и отука и книжевниот јазик кој се развил на оваа основа околу двата главни града Белград и Загреб, е единствен со два изговори, ијекавски и екавски“. 

Овој Новосадски договор потоа ќе донесе единствен правопис на српско-хрватскиот книжевен јазик (Бошњаците не биле признати како посебна нација, а Црногорците никој не ги сфаќал озбилно). Треба да се напомене дека пред овој договор хрватскиот и српскиот јазик во Југославија биле издвоени, а во Нови Сад всушност била извршена ревизија на одлуката донесена за време на Втората светска војна со која сите прогласи на АВНОЈ ќе се објавуваат на српски, хрватски, словенечки и македонски. Според одлуката бр 18 од јануари 1944 година, потпишана од др Иван Рибникар „Сите овие јазици се равноправни на целата територија на Југославија“.

Новосадскиот договор на некој начин беше враќање кон унитаристичката јазична политика на Кралството Југославија, во која освен Словенците, се користеше српскохрватскиот јаик и се пишуваше по т.н. Беличев правопис од 1923 година. Само да се потсетиме дека Македонците во кралството СХС не смее ни да писнат на македонски. Но, иако македонскиот јазик беше равноправен во СФР Југославија, во ЈНА се користеше исклучиво српскохрватскиот јазик.

Сатирата на хрватскиот автор во текстот „Лингвистите се согласуваат: Хрватите и Србите зборуваат на ист јазик - македонски!“, индиректно се однесува и на пријателскиот македонски народ, кој се обидува да го сочува името и својот идентитет. Истиот автор, тоа го потврдува во сатиричен текст во кој преку Ромите се исмејува со проектот Скопје 2014.

Сепак, дека хрватскиот автор не е „далеку од вистината“ кога вели дека хрватскиот и српскиот се дијалекти на македонскиот, говори истражувачката Лани Селингер која покрај еврејскиот, тамилскиот, литванскиот, фарси, исландскиот, баскискот, финскиот, грузискиот, ирскииот галски, го вклучува и македонскиот јазик како еден од 10-те најстари јазици во светот кои сеуште се зборуваат (The 10 Oldest Languages Still Spoken In The World Today,By Lani Seelinger).

Според неа: „Еволуцијата на јазикот личи на биолошка еволуција - таа се случува од час во час, генерација по генерација, па затоа не постои посебен прелом меѓу еден јазик и следниот јазик кој се развива од него. Затоа, невозможно е да се каже дека еден јазик е многу постар од кој било еден друг; тие се сите толку стари колку и самото човештво. Тоа значи, дека секој од јазиците подолу има малку нешто посебно, нешто антички, за да се разликува од мноштвото.“

Во контекст на македонскиот јазик Селингер ќе напише: „Славјанското семејство на јазици, кое ги вклучува рускиот, полскиот, чешкиот и хрватскиот, меѓу другите, е релативно младо, колку што јазици одат подалеку. Тие само ја започнаа поделбата надвор од нивниот заеднички предок, општославјанскиот (или прото-славјанскиот), кога Кирил и Методиј го стандардизирал јазикот, создавајќи го она што сега се нарекува старославјански (староцрковен славјански), и ја создале азбуката за него. Тогаш тие го зеле јазикот со нив на север, кога во 9 век одеа да ги конвертираат Славјаните во христијанство. Тие дошле од некаде северно од Грција, веројатно во денешна Македонија и македонскиот јазик (заедно со многу блискиот бугарски) денес е најтесно поврзан со старославјанскиот.“ (извор:

http://theculturetrip.com/asia/india/articles/the-10-oldest-languages-still-spoken-in-the-world-today/)

Хрватскиот автор како да заборава дека старославјанското писмо глаголица, која го создава св. Кирил (Константин), на основа на јазикот на Македонците од околината на Солун, и на кој кон средината на 9 век ги преведува црковните книги, во Хрватска се задржува се до 19 век, кога таа е потисната од латиницата. Сатира или не, сепак македонскиот народ има големо влијание врз развојот на славјанските јазици!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.