Среда, 18 Ноември 2015   
Походите на Александар III Македонски (3 дел)

pohodite-na-aleksandarВо 332 п.н.е, Александар Македонски трнал да го освојува Тир, стратешка крајбрежна база . Бидејќи не бил во можност да јуриша на градот, Александар поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот од напуштениот град на копното за изградба на насип и кога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар бил толку лут заради начинот на самоодбраната на тирците и загубата на неговите војници, што за казна  срушил половина град. Сите 30,000 жители биле масакрирани или продадени во ропство.  

Hа крајот како ништо  да не се случило отишол да се помоли во храмот на Херакле.

Писмото од Дариј 

За време на опсадата Александар примил писмо од кралот Дариј 3-ти со понуда за примирје. Тој понудил да плати откупнина за неговото семејство од 1000 таленти и му се заблагодарил на Александар за нивната благосостојба. Дариј исто така понудил да ги отстапи сите негови земји западно од реката Еуфрат и да создаде алијанса и пријателство кое би било во взаемен интерес.

-  Генералот Парменион го посоветувал Александар да ја прифати понудата. Тој му рекол на Александар: 

Јас би прифатил, да бев   Александар. 

- Александар на тоа одговорил: 

И јас, да бев Парменион!"

Како одговор на писмото од Дариј, Александар одговорил: 

'' Вашите предци извршија инвазија на Македонија  и така ни наштетија без ние први да им  наштетиме. Јас сум назначен за главен командант на Македонците и другите , преминав во Азија со цел да ги казнам Персијците, бидејќи вие сте агресори. Вие го поддржувавте Перинт, кој му наштети на татко ми, и прати војска во Тракија, која беше под наша власт. Татко ми умре од раката на заговорниците нарачани од Вас, како што и самиот се фалевте на сите во Вашите писма; Вие го убивте Арс со помошта на Багоа и се здобивте со тронот неправедно, спротивно на персиските обичаи, наштетувајќи им на Персијците. Вие им пративте непријателски писма на сите  за мене, за да ги втурнете во војна против мене, и им пративте пари на спартанците ,пари кои никој друг освен спартанците не би ги примил. Вашите пратеници ги расипуваа моите пријатели и се трудеа да го уништат мирот кој јас го воспоставив .

Затоа поведов експедиција против Вас и Вие ја почнавте расправијата. Но сега ги поразив сите Ваши  сатрапи, како и Вас лично и Вашата војска и ''по милост божја'' јас владеам со земјата. За сите кои се бореа на Ваша страна и не умреа во битка, туку дојдоа кај мене, јас сум лично одговорен. Tие не се на моја страна под принуда, туку учествуваат во експедицијата по своја волја. Затоа пријдете ми како на господар на сета Азија. Ако се плашите да не Ви направам нешто ако дојдете лично, пратете некои од Вашите пријатели за да Ве уверам. Дојдете кај мене и побарајте ја Вашата мајка, жена, деца. Ќе ги добиете. Побарајте и било што друго. Што и да успеете да ме убедите да Ви дадам, ќе биде Ваше.

Во иднина кога комуницирате со мене, ословувајте ме како Господар на Азија. Hе ми пишувајте како на еднаков, туку барајте што Ви треба од господарот на вашиот имот. Доколку не го направите тоа, ќе Ве третирам како грешник. Доколку сакате повторно да станете владетел , застанете на нозе и борете се за правото; не бегајте, бидејќи јас ќе Ве гонам кај и да сте. ''

Кога Александар стигнал во Газа во Ерусалим градот бил под опсада,.. на крајот македонците стигнале до светиот храм ,..Храмот бил опколен со еврејски војници на чело со еден стар свештеник со бела коса и брада ма во раката држел еден меч. Aлександар пријдел до свештеникот , му се поклонил и ветил дека светиот храм ќе биде поштеден и ако сакал можел да ја шири еврејската вера по целата македонска империја,..
Македоннските генерали зачудено го прашале Александар :

'' Kако е можно тој да се поклонува на еден старец?...    

Александар одговорил:

''НА СОН СОНУВАВ ДЕКА ОВОЈ СТАРЕЦ ЌЕ MИ ПРОРОЧИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОСВOJAM ПЕРСИЈА''

Свештеникот му рекол на Александар  Македонски дека ќе му направи ''ВЕЧЕН СПОМЕНИК '' ... така  ТОГАШ: 

ЕДНА ГОДИНА СИТЕ ЕВРЕЈСКИ ДЕЦА ВО ТАА ГОДИНА АКО БИЛЕ МАШКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДАР, А АКО СЕ ЖЕНСКИ ГО ДОБИЛЕ ИМЕТО АЛЕКСАНДPА. 

А самите индни еврејски свештеници го земале името Александар, а Александар и ја гарантирал слободата на вера .  

Од тогаш Евреите го славеле Александар како ослободител од Персијците,.. 

 Занимливо е тоа што денес Алекдандар е во меморијата на тие луѓе таму НО КАКО ТОЈ  ШЕТАЛ СО ЈАРЕШКИ РОГОВИ,..бидејќи  Александар имал дијадема на лик од јарешки рогови...така што го имитирал Дион  .

Во 332.год.п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите  сили кон Египет.

По воената кампања околу заземањето на Милет, Александр имал потреба малку да ја одмори својата војска од напорните војувања, истовремено било потребно да се даде време ранетите и болните повторно да се вклучат во воените операции, од тие причини, еден полк составен од изнемоштени и ранети војници бил пратен горе во Фригија каде што ранетите и болни Македонци опкружени со бројните стада овци, боровите шуми и Фригите кои зборувале на нивниот македонски јазик, се чуствувале како дома во Македонија, што допринело истите мошне брзо да ги залечат раните и излечат болестите.

Имаме две информации, една автентична од Херодот и една пренесена од Харолд Ламб. И во двете информации недвосмислено се укажува на фактот дека Фригите потекнуваат од Македонија каде се викале Бриги, а јазикот им е ист со јазикот на Македоните.

Херодот во “Историја, Полимија – книга 7, гл.73.”. има запишано:
“ Фригите имале опрема мошне слична на пафлагонската, и тие многу малку се разликувале. На Фригите по кажувањето на Македоните во времето додека живееле во Европа и биле соседи на Македоните, им било име Бриги, а кога се преселиле во Азија, ги промениле во исто време и татковината и името и се нарекле Фриги.

Армените биле наоружани исто како и Фригите, затоа што се потомци на Фригите. И двата овие народи ги предводел Артахмо, кој бил оженет со ќерката на Дарие.”

Александар, пак се упати кон Египет, каде што беше и порано и марширајќи од Газа на седмиот ден пристигна во Пелусиј во Египет. Неговата флота пловеше едновремено од феникија до Египет. И во Пелусиј ги најде закотвени корабите. Персиецот Масака, кој беше сатрап на Египет поставен од Дареј, кога разбра  и за настаните  во битката кај Ис и за срамното бегство на Дареј, како и дека и Феникија и Сирија и голем дел од Арабија беа заземени од Александар... Го прими пријателски Александар во градовите и во земјата....

...Преку пустината стаса во Хелиопол. Оттаму ја премина реката (Нил.) и пристигна во Мемфис. Од Мемфис заплови долж реката, удолу кон морето... Запре на местото токму каде  што сега се наоѓа градот Александрија, наречен според Александар. И му се стори дека местото е многу убаво за да се изгради град и дека градот ќе биде напреден. И го обзеде жед за работа, и самиот го постави основниот план за градот и каде треба да се постави агората, колку храмови треба да се изградат... И каде треба да се постави околната ѕидина...

Продолжува ...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.