Среда, 18 Ноември 2015   
ЛИГАТУРА - скриениот клуч на Хермес

„ЗЕТА МАКЕДОНИЈА„
400.000 г. Писменост македонска цивилизација на пет континенти традиција до денес.

ХЕРМЕС – лик од македонската митологија, син на Господовиот поглед „ЅЕ“, или Божјата молња што претставува Божји машки принцип наречен „ЅЕУС“, роден од мајката Земја оплодена со Господовата молња. Хермес од Господ ги спознава писмото, цифрите, мерките, науката и сите уметности. Го нарекле писар и гласник, господар на пишувањето, господар на папирусот, господар на божествениот збор.

Светото слово Господово во облик на светлосниот зрак, го пренесува на својот народ. Загрижен за сопствениот род, од неписмените одродени браќа, групирани во посебни племенски заедници, со нивната вандалска и уништувачка тенденција, вкупното Господово знаење го запишува за идните генерации, го запишува во облик на лигатура, цртеж-лигатури во вселената, на карпа или земја.

Eден схоластичар ќе рече:

„ХЕРМЕС ја согледа целоста на сите нешта.
И откако ја виде таа целост, ТОЈ РАЗБРА СÈ.
И откога разбра сè, тој ја придоби моќта
да разоткрива и да насочува.
ВСУШНОСТ, НЕШТАТА КОИ ТОЈ ГИ РАЗБРА - ГИ НАЦРТА!
И откога ги нацрта - ГИ СКРИ!
Зошто за повеќето посака да молчи, а не да говори.
ЗА ДА ГИ БАРА НИВ секој НАРОД
роден по големиот светски потоп.“

Големиот светски потоп не е потоп на вода врз земја. Големиот светски потоп е потоп на умот. Потоп кој се случил со појавата на неписмените, одродени Македонци, одвоени како посебни племенски групи кои формирале нови многубожји верувања. Новонастанатите верувања и религии во борба за уништување на сопствениот корен и историјата, духот Господов Македон го претворија во Ѓавол, а Македонија – рајот на земјата, ја претворија во пекол.

Хермес, Господовиот чист и бел бисер, духот Господов Македон го сокрил и западно-научната лига не може да го согледа. Само македонскиот народ како божји деца и богови на земјата, со избрани поединци ја чуваат тајната на животот и постанокот на светот. Денес многумина сакаат да ја дознаат, но бисерот не се фрла пред свињата.

И тогаш! – Се случува чудо Господово со новото македонско царство.

Обожествениот Македон врз основа на сопствената вера и правото слово, го формира ПРАВОСЛАВИЕТО! Се јавуваат, спасителите, избрани од БОГ со царско име и божјиот дух, светиот Кирил и Методиј, светиот Климент и Наум! И тие го реинкарнираат македонскиот УМ и Култура. Тие ја шират македонската култура во Големата Зета Македонија.

***

Според артефактите пронајдени ширум светот на сите пет континенти (обработени во книгата „Зета Македонија“), дознаваме за моќта на синот божји Хермес. Тој ја пренел културата на живеење на својот род и народ - Македон, добиена од Господ, моќ изразена преку цртеж-ЛИГАТУРА, во која се препознаваат цифрите, писмото во стихови, јазикот и музиката, науката и монотеистичката вера.

Во реализацијата на лигатурата, Хермес ја користи најмалата единица за одбележување на еден глас - графемата. Во графеми спаѓаат слова, типогравски лигатури, источно азиски карактери, цифри и интерпукциски знаци. За сето тоа има причина...

Лигатурата е првиот доказ дека човекот отсекогаш имал потреба да се искаже писмено, а истовремено и уметнички, без притоа тоа да биде израз само на инстиктивни пориви. Две или повеќе букви претставени со еден писмен знак, сплет на букви и цифри на прв поглед неразбирливи, но со анализа препознатливи како склоп на зборови со одреден мисловен концепт, претставува ЛИГАТУРА – главното изразно средство на Македонците – создавачи на историјата на светот.

Македонците го поседуваат божјиот дар – УМОТ, имаат нужна потреба умствените активности да ги пренесат на други луѓе не само усмено, туку и писмено воедно и симболично. Загадочната форма, уметничката вредност и совршеноста на изразот е она што ја одликува лигатурата како карактеристична форма, која ни одгатнува една навидум неразрешлива мистерија.

***

Како божји деца и богови на земјата, согласно нивната митологија, во истиот момент, кога се создава првиот глас, се создавала и првата буква како еден ЦУТ - ПРОЛЕТ. Со создавањето на повеќе гласови, повеќе цутови, меѓусебно оплодени, се создаваат зборовите, а воедно и писмото.

Од искона првото писмо било фонетско, за секој глас по едно слово. Божјиот македонски народ, со подарениот ум од Господ сонце ИЛЕ, го спознава словото, создадено од

Господовите зраци ИЛ. Тие со помош на словата и цифрите, создале тајно и јавно писмо (КИРИЛИЦА И ЛАТИНИЦА) во вид на ЛИГАТУРА, или за полесно да разберат пошироките народни маси, се изразувале со цртеж-лигатура, гравир-лигатура или скулптура-лигатура. Тоа значи, претставите на фигури ги цртале со букви исто како и денес.

Лигатурата или ЛЕГАТУРАТА се слеани знаци – слова. Македонските слова легнати врз господаречката фигура, наредени во една композиција во форма на реалистички цртеж, претставува цртеж-лигатура. Цртежот е едноставен и јасен, најчесто анатомски и пропорцијално точен, од научната лига е претставуван како наивна уметност, меѓутоа во суштина крие натпис. Со неа се искажуваат претстави, цели апстрактни композиции од мисли со митолошка симболика, која постепено станала традиционално обележје со сопствена оригиналност и посебност на одредени географски региони.

Совршеноста на лигатурите е во нивното симболично прикажување на митологијата за пошироките народни маси, но и во текстуално значење за боговите Македонци, како изразно средство, а во исто време сето тоа да биде и фигура и пишан документ на едно случување, на еден момент, кој би бил засекогаш втиснат на некоја карпа, земја, камен, кожа или коска. На овој начин Македонците ги пренесувале своите мисли и чувства, a природно се јавило и опевањето во стихови и мелодија. Токму затоа пишаните документи кои ги среќаваме низ целиот свет имаат поетски призвук.

makedon2

Лигатурата од повеќе слова создава форма, уметничка слика на пејсаж или фигура. Сликата е симбол и зад таа ликовна убавина се крие невидлива, графичко фонетска порака. Фонетските симболи - словата се тешко воочливи за неписмените племенските заедници, но за одбраните обожествени Македонци лесно препознатливи.

Во однос на тоа каков ефект постигнува сликата, идејното ликовно решение на буквата е слободно, како и должината и големината, искосеноста и положбата. Типови на
слова нема, дебелината на линиите е слободна, со додадени украси и сето тоа во еден хармоничен сооднос помеѓу словото и цртежот.

Лигатурата се појавува и во подоцнежните писма произлезени од македонската словарница на цутот меѓу кој се и нотите. Музичката нота е графички симбол за означување на музички тон. Поставени во систем, нотите укажуваат на должината и висината на тонот. Спојувањето на две ноти со иста висина или повеќе ноти со нееднакви висини со лак претставува лигатура. Најпозната лигатура е амперсанд — &. Овој знак е создаден од словото Е и Т кои го претставуваат збор „ет“, што е и латински сврзник „и“. Се користи во француската и англиската словарница.

***

Кодот на Македонците живее до ден-денес во новоформираните заедници, кои го признаваат, или не го признаваат. Некои историчари ги зачудува фактот што во сите цртежи и шари, се среќаваат исти симболи со слични стилови, во различни периоди од таканаречената „праисторија“, и тоа низ целиот свет. Тие ова го објаснуваат како коинциденција. Тој код, ние современите луѓе денес сме го преточиле во разните форми на изразување во уметноста, музиката, традицијата.

Забележлив и најадекватен пример за влијанието на најдревниот начин на изразување - лигатурата се и денешните лога, лигатури на познати брендови.

Македонското писмо немало фази во својот развој. Тоа е најразвиено писмо, од својот зачеток, најмалку од пред 400.000 г. Во својата словарница содржи од 19 до 22 слова, словата биле во облик на сончеви зраци. Македонската словарница не се изменила, туку само се надополнила со нови слова, вкупно 31 слово. Неговата најголема вредност е едноставноста и можноста за примена на сите јазици во светот, произлезени од македонскиот јазик.

***

Долги години науката ни создава слика дека праисторијата e периодот пред појавата на пишаните документи. Тоа е материјалната култура која ја оствариле мали човечки заедници, чии што опстанок се базирал на ловечко - собирачки начин на живеење, а историјата е периодот од појавата на писмото. Археолошката документација за овие заедници се однесува на трагите кои тие ги оставиле зад себе во вид на цртежи и рецки во пештерите, или на отворен простор или орудија, и нивната разработка се сведува само дека тоа се цртежи кои алудираат на примитивност.

Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век е пласирана тезата дека само историскиот антички период е време на зачетокот на модерна Европа, не водејќи сметка притоа за древните наоди, како докази за големите достигнувања на човештвото. Не можејќи да одат подалеку во своите истражувања бидејќи вистината се крие единствено кај македонскиот народ, научната лига свесно се откажува од припишување на историскиот придонес на македонската цивилизација, но уште посвесно се обидува да го затскрие фактот за тоа, зад некое безимено племе од арапско-семитско потекло кое било доселено во јужниот дел на Македонскиот Полуостров.

Археолошките артефакти говорат за распространетоста на македонската цивилизација низ: Европа, Азија, Африка, Австралија и Америка. Главните аргументи ни ги претставува Бранко Сотировски во писмена форма, но и сликовито во својата книга и интернет страница ЗЕТА МАКЕДОНИЈА.

***

Потребно е да се знае дека предците на Македонците биле луѓе на светот, со организиран социјален живот во рамките на Големата Зета Македонија, распространет на пет континенти и со засега утврден временски период од 400.000 год. Големата Зета Македонија е историскиот период во кој се забележуваат корените на сите верувања, митологии и религии и целокупната структура на сите светски јазици, тоа е македонската ера, ерата на македонизмот со нејзините словесно-славни владетели – богови ЗЕТОВИ и НЕВЕСТИ, ТЕШТ и ТЕШТИ, а народот во таа држава – обожествени. ДИРЕКТНО ПОВРЗАНИ со Господ од секогаш, со словото – Македонци, со верата во Господ Сонце ПРАВОСЛАВНА.
Извадок од книгата „Зета Македонија“ од Бранко Сотировски. Промоцијата ќе се одржи на ден 04-12-2015 г. во Кинотека на Македонија во 19 ч.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.