|
|
Скокам од радост кога ја гледам вашата љубов спрема нашиот мајчин јазик |
ПИСМО (24 октомври 1857 год.) “Драги, Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и со голема радост разбрав за Вашите благородни чувства кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Добро сте направиле што сте му пишале на Партенија (Зографски, н.б.) за неопходните книги. Скокам од радост кога го гледам Вашиот стремеж и љубов спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мнозина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да ја служат и божествената служба на стариот наш прадедовски јазик…О како ми е срам, зашто на грчки Ви ги изнесувам своите словенски чувства и само од неодамна почнав да читам, да пишувам и да разбирам словенски. Но, кој е е виновен за тоа? Фанариотските архиереи коишто насекаде ги изгореле документите на словенските книги... Согласен сум со вашиот предлог и во скоро време ќе дојдам. Д. Миладинов” Рајко Жинзифов, Димитрија и Константин Миладинови.”Ден” ( Москва), |