|
|
Тие се исцело Македонци (јануари 1871 год.) |
ПЕТКО Р. СЛАВЕЈКОВ, ПЕТКО Р. СЛАВЕЈКОВ, “Најпосле македонското прашање излезе на јаве и се покажжа во печатотНие вњелиме најпосле, зошто тоа прашање не е нова работа. Ние го заслушавме уште пред десетина години од некои Македонци.Најнапред ги задовме зборовите на тие млади патриоти...штината на нашите нетолку сериозни препиерки. Така и ние мислевме до пред една -две години кога нови разговори со некои Македонци ни покажааа дека работата не е само голи зборови, но мисла што мнозина сакаат да ја спроведат живот. И жално и тешко ни беше да слушаме такви зборови, зашто работата ни се гледаше доста деликатна, и особено во условите во коишто се најдуваме. Денеска тоа прашање веќе излезе на пазар, благодарение на несообразноста на еден од нашите собраќа и ние сме веќе принудени, сакале не сакале, да се јавиме. Ние пак не сакавме да зборуваме никогаш за тоа прашање ако постоењшњ само одделот на учебните книги зашто ние не гклледаме штета за тоа, дека некои саљкаат да си ги учат децата на татковотот си наречие; напротив , ние гледаме во тоа еден знак на освестување. Основната настава бива плодотворна само тогаш кога се предава на мајчин јазик којшто го разбираат децата. Грешката е во тоа да не се избере еден таков пат што нема да води кон разгледување на наречјата ами кон соединување согласност. Колку што е грешнно да се учат македончињата на наречјето на горните Бугари, толку е грешно и тоа што се распарчува јазикот во училиштата на секакви наречја и секој да го следи своето, без најмалку внимание кон другите. Во таков случај секое наречје треба да си има своја книжевност и никојпат да не ја достигне онаа состојба што треба да ја има како книжевност на цел народ. Разлика во наречјата има кај сите европски народи и дури многу поголеми отколку кај нас; но ниту еден од тие нариоди не помислил да си го раздроби учебниот јазик на многу наречја и литератури. Тие избрале еден среден пат и примиле само еден учебен јазик, којшшто е понапреднат меѓу нив. Тоа требаше да го направиме и ние. Од сите наречја требаше да избереме е3дно средно, кое да биде разбирливо за сите обл;асти и на него да си ги учиме децата. Тоа ќе биде и правилно и разумно и корисно, зашто ќе се запази единството на нашиот народ. Само послениот услов е доста за да не претпази од секакво раздробување на нашата бедна литература и да не покрене против оние, што сакаат такво разделување. Но кога во разделувањето влегуваат и други цели, цели за раскинување на уште несоединетиот наш народ, тогаш секој има право да се противи на такво зло. Таква цел се гледа дека имаат некоуи од нашите македонски браќа и таа цел ја кријат тие под превезот на јазикот и на неговите наречја; затоа си дозволуваме и ние да кажеме за македонското прашање. Многупати сме слушнале од македонистите дека тие не биле Бугари ами Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале некакви докази за тоа, без да ги дочекаме. Македонистите никогаш не ни ја пока-жале заснованоста на таквото нивно мислење. Тие се упорни во своето македонско потекло, коешто никако не можат да го протуркаат до кај што треба... Но секако потеклото на Македонците од древните Македонци е од најсомнителните работи. Нивното мислење денеска може да се опре само на местото каде што живеат, а тоа е најважното. Кога старите Македонци живееле на истите тие места, зошто и денешните жители, да не се од македонска крв. Тие се вистински Македонци, заклучуваат македонистите и се успокојувааат на своето големо откритие... Сме слушнале и друго основание. Некои македонисти се делат од Бугарите по друга причина, по тоа: што тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам што… За да придадат сила на своето произволно основание македонистите посочуаат разлика меѓу македонското и горнобугарското наречје, од коешто првото било поблизу до словенскиот јазик, а второто било измешано со татаризми и др. Ние не сакаме да веруваме во сериозноста на слични укажувања како што не му се верува и на читателот, но бевме принудени да поверуваме кога видовме со колкава упорност се бранеше од македонистите. Нашите зборови дека разликата на наречјето ниш-то не покажува, дека тоа е последица на историски услови а не на различно потекло, тие зборови ништо не помогнаа. Македонистите упорно си останаа на своето. Воопшто мислењата на македонсистите немаат ни зрелост, ни еднаквост. Пожелно е да се види нивното учење наредено во општа форма, за да може наполно да се оцени неговата засннопваност и неговите последици. Додека да го дочекаме тоа, ние ќе си дозволиме да искажеме тука неколку од последиците што ќе произлезат за нашиот народ и за македонистите од разделувањето.... ...Може македонистите да мислат дека во народните работи ќе борават секојпат горните Бугари, како помногубројни и поразбудени и дека Македонците ќе останат на второ место. Тоа значат зборовите на македонистите: се откинавме од Грците под други ли да паднеме? Едно просто опстојателство, тоа е, дека горните Бугари досега пишува на свое наречје без најмалку внимание кон македонското, тоа се зема од Македонците како знак за горнина на горните Бугари, и за стремежот да заповедувааат. Но работата е далеку од такво значење, ние пишуваме на нашето наречје, зашто него го знаеме, а не од потценување на македонското. Кога ќе се сасили изучувањето на јазикот кај нас и се разбере нуждата за општ книжевен јазик, ние со најголема благодарност ќе пишуваме на македонското наречје ако се види тоа за добро и полезно, или ќе го земеме од него она што е неопходно за дополнување. До колку се однесува за плашењето од бројот на горните Бугари и нивното побрзо разбудување, тоа не е прилично и да се споменува како што не треба да се гледа тоа и меѓу децата на еден татко. Дека некои се свестиле час порано од тоа не следува, дека тие треба да бидат погорни. Нашиот заклучок е дека нема причина да се делиме и не треба да се делиме, ако си го сакаме народот и неговото добро.” Петко. Р. Славејков,”Македонски в’прос” ( Цариград), 18 јануари 1871; Блаже Конески, Кон македонската преродба, Македонските учебници од XIX век, II издание, Скопје, 1959, стр.73-76; Љ. Лапе, Одбрани текстови..., II, стр. 1712-173; |