|
|
Бранислав Светозаревиќ |
Германците, односно Вермахтот и Гестапо во Втората светска војна имале одлични информации за теренот во Македонија, каде што Македонците незванично ги признавале како посебен народ. Доказ за тоа е плакатот кој бил растурен низ западна Македонија од страна на Германската команда за Тетово, Гостивар и Кичево, фотографирана во септември 1943 година (по падот на Италија) од страна на познатиот македонски деец, револуционер и таен агент, тетовчанецот Виктор Аќимовиќ, во кој командата се обраќа директно до МАКЕДОНЦИТЕ, да бидат СЛОБОДЕН НАРОД и да не ги подржуваат комунистите. После една година на 08. септември 1944 година, (по падот на Бугарија) Германија и званично ја признава Независна Држава Македонија. Втората снимка го прикажува тајниот документ од 05. септември 1944 со кој по наредба на Фирерот Македонија мора да се признае без одложување. Иако фашистичка, Германија ја признала реалноста во Македонија, се разбира заради свои стратешки цели, но сметала на симпатиите на Македонците и нивна неутрализација, но било предоцна. Македонското револуционерно движење, подржано од народот, веќе прогласило своја држава на АСНОМ и покажало во кој правец ќе се движи правичната борба за слобода и сопствена држава. |