Во оваа украинска легенда, која првпат се сретнува во 17 век, во хронологијата (синописот) на Теодосиј Софрониевиќ од 1672 година, се вели:
„ За слободата и независноста Словенска - Славјаните во својата храброст и мажественост од ден на ден со сложни подвизи, војувавме и против древните грчки и римски цареви, и секогаш славно восприемавме победа, секогаш слободни живеевме. Придонесовме исто и за великиот цар Александар Македонски и таткото негов Филип, покорувајќи го светот под власт на оваа држава. Затоа Славјаните, поради воинственото дело и труд, привилегија добија од Александар Цар на Славјаните, на писмо напишано со злато во Александрија, за слобода на земјиштето на кое се утврдени, во триста и десето лето, пред раѓањето Христово.“ Ова е препис објавен во 1785 година во синописот на кнез Владимир.
Macedonia : a True Endless Story ... |