На 22 декември 1906 година, Груев идејќи oд Струмица, од малешевскиот околиски војвода Сандо Китинов од с. Лешко, Горноџумајско, решиле да преноќат во најдобро организираното село за тоа - Русиново... Сакале да се сместат во куќата на Димитар Алаѓозов...
Домаќинот објаснил дека утре, на 23 декември, ќе дојдат по наемнината за пасиштето газдите на тоа пасиште - Турци од Пехчево и затоа не е можно во неговата куќа да останат четниците', напишал Русински. Но, селскиот војвода Иван Белчев не сакал ни да чуе за тоа, па по негово убедување, Груев, Китанов и четниците, сепак, отседнале во куќата на Алаѓозов. Токму тоа, се покажало како кобно: Четниците разговаралe со висок тон. Вратата била полуотворена, па смеата се слушала и на скалите, а кучето било затворено. Мула Алиов, газдата на пасиштето, заедно со еден заптија дошол во селото и се упатил право кон куќата на Алаѓозов. Затвореното куче не лаело кога овие дошле затоа што било затворено. Двајцата Турци се качиле по скалите, слушнале разговор, се качиле уште 5-6 скали и низ полуотворената врата ги виделе четниците. Веднаш се вратиле назад. И четниците ги виделе. Турцитв не избегале, туку се сокриле зад западниот агол на куќата. Прв се симнал Сандо Китанов. Турците пукале, но не го погодиле. По него се симнал Даме, a куршум го погодил во десната нога. Четникот Георги Поп Стојанов, од Владимирово, кој одел по Китанов, обидувајќи се да се префрли преку оградата, бил убиен со два куршуми. Тој бил првата жртва. Сандо Китанов излегол неповреден од куќата, но еден куршум го погодил во главата и тој умрел на самото место. Дамв Груев и неговиот верен другар и соборец Горги Карчев, заедно со курирот Григор Митев Крапев, решиле да се упатат кон планините. Курирот Карпев бил без оружје, но ги довел источно од месноста Петлец и тука тие можеле да се сокријат. Но, крвта која течела од Даме, оставала траги по пресниот снег. Кај месноста Валмово, ги стигнала и потерата од Безгаштево, а дошла и војска од Берово. Даме тогаш му наредил на куририрот да си оди и да се спаси, за да не падне и тој како жртва', опишал Русински. Тогаш бил ранет и Карчев,и нему и на Даме им било јасно дека не можат да се извлечат. Селаните слушале пукотници и знаеле дека двајцата се борат со стотина турски војници. Потоа се замолкнало.
До денес, не е утврдено дали двајцата се самоубиле или пак загинале од турските куршуми. |