Среда, 27 Јануари 2016   
Виргинскиот Манастир св. Ѓорѓи сеуште мистерија

virginskiot-manastir

ВИРГИНСКИОТ МАНАСТИР СВЕТИ ЃОРЃИ СКОРОПОДВИЖНИК

Скопје какво што не го познавате

Денес е прифатено мислењето дека познатиот манастир се наоѓал токму на Виргинов рид, кај денешната Саат-кула. Таквото тврдење се поткрепува со неколку споредбени анализи базирани врз старите документи. На просторот под скопската Саат-кула сè уште постојат остатоци од ѕид чии археолошки анализи покажуваат дека најверојатно станува збор за делови од многу стара градба.

Со историјата на Скопје поврзани се толку многу куриозитети, така што некои податоци се чинат не само необични, туку се граничат речиси со неверојатното.

 Еве еден таков податок: декоративен релјеф од стара средновековна скопска црква од 12 век, пронајден е на просторот кај Учителската школа (Идадија), пред Втората светска војна. А тој релјеф служел – како поклопка за канализација! Неверојатно, но вистинито. Еден историчар на уметноста се обидел релјефот да го пренесе во тогашниот музеј, но подоцна му се губи секаква трага. Се претпоставува дека камената декорација и припаѓала на катедралната црква Св. Богородица Троерачица. Многу тајни во себе крие и историјата на еден од најстарите скопски манастири. Тоа е манастирот Св. Ѓорѓи Скоропомошник кај народот познат и како Горга (доаѓа од грчкиот збор брз, итар). Тој главно се лоцира на т.н. Виргинов рид, кај денешната Саат-кула. За негов основач и прв ктитор се смета императорот Роман Трети Аргир (1028-1034), во 11 век. Тој манастир понатаму ќе има исклучителна улога, сè до доаѓањето на османлиите во Скопје, на крајот од 14 и почетокот на 15 век. Кога Петар Делјан со востаниците го освоил Скопје од Византијците во 1040 г., тој ги одобрил сите привилегии што манастирот претходно го имал.

НАЈСТАР И НАЈБОГАТ МАНАСТИР
 
Иако тезата дека овој манастир се наоѓал кај денешната Саат-кула и Султан-Мурат џамија главно е прифатена, историчарите оставаат можност за нејзина корекција и за спротивставени мислења. Културолозите и археолозите кои го истражувале постанокот и значењето на овој духовен центар, укажуваат на два документа кои се значајни. Тоа е Милутиновата повелба од 1300 г., како и познатата Виргинска грамота на Константин Асен од 1277 г. Овие документи јасно зборуваат дека му е посветувано големо внимание на манастирот. Нему му се дарувани многу поседи и располагал со голем имот. Манастирот особено заживеал во единаесеттиот, дванаесеттиот и тринаесеттиот век. Се претпоставува дека со него е поврзан постанокот на пазарот и на чаршијата, со оглед на тоа дека уште во единаесеттиот век, на ливадата под манастирот се одржувал познат панаѓур, кој го озаконил уште императорот Роман Трети Аргир. На таа ливада, од десната страна на реката Серава (се претпоставува дека од левата се наоѓал манастирот), постепено започнале да се создаваат импровизирани објекти за чување и продавање на стоката. Тоа се секако подалечните корени на она што и денес го познаваме како простор за пазарење и тргување со најразновидни стоки.
Постои податок дека во манастирот, исто така, се произведувале најразновидни артикли, млеко, сирење, вино, а вишокот од нив бил продаван за време на манастирските панаѓури. Веќе кон дванаесеттиот век, во Скопје интензивно се развива просторот на Доленград, односно на Подградието и Чаршијата. Тогаш се дооформуваат и градските заштитни бедеми започнати уште од времето на Самуил, кои се граничеле со манастирската ливада и местото каде што се тргувало. Иако Св. Ѓорѓи Скоропомошник долго време го држел приматот на значаен духовен центар, во тој период започнуваат да никнуваат и нови црковни објекти.
Интересни се постарите истражувања и податоците за местоположбата на овој манастир кои предизвикувале повеќе спротивни мислења. Тие не и се познати на пошироката јавност. Имено, според документите, односно нивните досегашни толкувања, манастирот се наоѓал на Виргинов рид (над) Серава, но за многумина истражувачи таа определба била непрецизна и широка. Така, на пример, истражувачите помеѓу двете војни манастирот го сместувале на сосема спротивни краишта од градот, некои дури и надвор од Скопје. Денес има потреба од ново читање на грамотите од 13 и 14 век. Имено, дали делот за местоположбата на манастирот е добро прочитан? Дали во тој дел не се потребни извесни корекции? Дали тоа ново читање може да фрли нова светлина врз тајната каде точно се наоѓал овој манастир? Во тој дел од грамотата, според оригиналот преобјавен во 1936 г., буквално се вели дека манастирот се наоѓал во правец “кон Скопје град на Серава, на ридот наречен Вергин”. Според запирките кои се употребени во оригиналот, можно е поинакво читање од досегашното: имено, дека градот Скопје се наоѓа на Серава, а манастирот бил на Виргинов рид кој не мора да се поврзува со оваа река.

МЕСТОПОЛОЖБА НА МАНАСТИРОТ
 
Според еден истражувач, манастирот се наоѓал во горниот тек на реката Серава, на еден рид во Топаанско Поле. Тој рид и денес постои на улицата Џон Кенеди, во Чаир. Тоа е поранешната месност наречена “Три куќи”. Според него, таму биле откриени и конкретни остатоци од градби што се спомнуваат во историските документи. Друг истражувач го сместува на Гази Баба, во близината на некогашното турбе, а смета дека неговата можна локација може да биде и Иса-беговата џамија. Значи, долу, под ридот, на кој се наоѓа денешната Саат-кула.
Но, најзагадочна теза за местоположбата е онаа која вели дека, всушност, станува збор за манастирот и црквата Св. Ѓорѓи во Нагоричане, бидејќи бил откриен податок дека постои и друга река Серава, со исто име како и скопската, но која се влевала во Пчиња. Еден научник го изнесува и мислењето поткрепено со тврдења од мештаните дека манастирот се наоѓал во близината на селото Бутел, каде што постоеле остатоци за кои староседелците тврделе дека се од манастирот наречен Св. Ѓорѓи. Денес, главно е прифатено мислењето дека познатиот манастир се наоѓал токму на Виргинов рид, кај денешната Саат-кула. Таквото тврдење се поткрепува со неколку споредбени анализи базирани врз старите документи. На просторот под скопската Саат-кула сè уште постојат остатоци од ѕид чии археолошки анализи покажуваат дека најверојатно станува збор за делови од многу стара градба. Со својата патина, но и со низа други елементи, тој укажува на верски објект токму од периодот за кој станува збор. Манастирот можеби е урнат во 1436 г. кога на неговото место е изградена Султан-Муратовата џамија, во моментов една од најстарите во градот. Но, не е исклучено на тоа место да се наоѓала и некоја друга средновековна црква.
Се разбира, најбитно од сè е значењето на овој манастирски комплекс кој зборува за далечните години на неговиот постанок, но и за богатата духовност што се развивала и постоела на нашите простори .

Пишува: Данило КОЦЕВСКИ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.