|
|
Последните три желби на Александар Македонски |
Кога почувствувал дека е на прагот на смрта, Александар Македонски ги повикал своите генерали и им ги соопштил своите последни три желби: - Да се пренесе неговиот ковчег врз рамото на најдобрите лекари. - Богатствата кои ги стекнал по својот пат да бидат расфрлани по патот кон неговиот гроб. - Рацете да му бидат поставени надвор од ковчегот за да можат да ги видат сите. Еден од генералите зачуден од необичните желби на Александар побарал од него објаснување за причините. Александар Македонски одговорил: - Сакам најдобрите лекари да го подигнат и носат мојот ковчег, за да покажат на сите дека и тие се немоќни пред лицето на смртта! - Сакам земјата да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме тука и ќе остане! - Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наскапото што го имаме – времето! Времето тука ни е ограничено. Можеме да правиме пари, но не и време. Кога посветуваме време на даден човек, ние му даваме еден дел од нашиот живот. Го цениме ли доволно она што го даваме и примаме? Зошто времето истекува низ прстите на Бога… Popara.mk |