Среда, 03 Февруари 2016   
Македонија и македонскиот народ можат да се пофалат со прекрасно мозаично наследтсво уште од античкото време

mozaik1
Прва мозаична претстава на Пресвета Богородица (Заштитничка на Скопје)

Мозаикот како дело преставува слика,  добиена преку симбиоза на мали парчиња материјал. Материјалот може да биде скоро се, што би ги задоволило физичките и хемиските барања за долготрајност. Најчесто е камен, венецијанско стакло или  керамички плочки. Парчињата се спојуваат меѓусебно преку излевање на бел цемент. Постојат повеќе начини на изработка на мозаик, но најчестата поделба е на директен или индиректен во зависност од тоа дали се работи со инверзно(обратно) редење на материјалот, па потоа го лиеме, или пак,  при самиот  тек на работата ја добиваме крајната слика на мозаикот, до онаму каде сме сработиле(постапно ги поврзуваме камчињата меѓу себе).
 Мозаикот како техника постои уште во антиката, кога е и највеќе екплоатирана, а започната  е далеку наназад во древните цивилизациски почетоци. Неговите  претходници потекнуваат од  Месопотамија, каде се создаваат првите дела (рејлефи)добиени преку сложување на емајлирани плочки.
Македонија како земја и македонскиот народ можат да се пофалат со прекрасно мозаично наследтсво уште од античкото време.  Македонците изработуваат прекрасни мозаици,  и создаваат свој посебен стил и посебен бренд наречен македонски мозаик, чии остатоци денес ги среќаваме во Пела. Македонскиот мозаик се разликува во материјалот кој се користи за негова изработка. Тој е првиот мозаик кој се составува од необработен  камен, со кружна форма и одредени нијанси на белата, црната, сивата боја, како и окерот.  Во следните векови Македонците започнуваат со изработка на колористички мозаици, од обработен камен, и таа традиција ја задржуваат се додека не згасне Источното Царство.

mozaik2

mozaik3

Пела - мозаик

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.