|
|
Борбата кај Карбуница |
Една е од најголемите и најжестоки борби во целото Илинденско востание била борбата на 4 август 1903 година во селото Карбуница, Долна Копачка. Селото го бранел востанички одред од околу 200 востаници, предводени од војводата Арсо Мицков Околу 8 часот наутро еден баталјон редовна војска од 800 души и башибозукот од околните албански села го нападнале селото Карбуница. По четвртиот обид, османлиската војска успеале, околу 12 часот да го заземат селото. Востаниците се повлекле на порано подготвените позиции кај месноста Ѓурѓевица, каде што продолжиле борбите. Во меѓувреме, на позициите кај Ѓурѓевица, пристигнале уште 350 востаници од Горна и од Долна Копачка, кои се вклучиле во борбата. Откако ја проценил состојбата, војводата Мицков преку курир испратил повик за помош до демирхисарските раководители. Демирхисарската реонска чета, засилена со селани, предводена од војводите Јордан Пиперката и од Димитар Дечев, со околу 150 востаници, веднаш пристигнала и тоа во моментот кога на противникот му стигнала помош од кичевскиот гарнизон и одморни толпи албански башибозук на чело со прочуениот злосторник Сефер од Зајас. По доаѓањето османската војска веднаш започнала со нападите. Набргу по кусите престрелки, борбата продолжила гради в гради. Пушките беа врлени настрана, а само ножови блескале додека се бореле гради во гради турската војска и башибозукот против македонските востаници. Од сите страни се слушале пискотници и извици. Македонските востаници иако неискусни во блиска борба покажале невидена храброст. Во моментот кога изгледало дека противникот ја презел иницијативата, еден демирхисарски востаник со истрел од пушка го погодил Сефер и го убил. Убиството на Сефер бил пресуден за исходот на бојот. Востаниците ја искористиле збунетоста кај непријателот и уште посилно навалиле. Противникот се дал во бегство. Во таа дванаестчасовна борба македонските востаници учествувале со 700 души, при што имале 30 мртви и ранети, а турската војска и албанскиот башибозук ангажирале 1.500 души од кои загинале и ранети имало 120 души. По борбата војската се повлекла во Кичево, а башибозукот се скрил по шумите. За таа што се случило во Карбуница народот испеал и песна: Не оди Сефер село Карбуница Нели ти реков, седи не оди, Не оди Сефер село Карбуница, Таму ми те чекат славните комити, Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат, Ќе ти пресечат глава до рамена, |