Среда, 02 Март 2016   
Ѓорче Петров за состојбата во Централниот Комитет на Организацијата

gorce-goce

(1895 год.)

“Штом пристигнав во Солун, наеднаш бев зачленет во ЦК. Тоа беше во 1895 година во месец март. Како претседател на ЦК го затеков Татарчева; секретар беше Даме Груев; касиер Андон Димитров и член Хаџи Николов. Тие не беа одбрани. Немаше формалности, просто највидните другари се збираа и го сочинуваа ЦК. И јас влегов во ЦК како виден деец, просто без дискусија. Состаноците стануваа најчесто кај д-р Татарчев одвреме навреме во пооделни случаи. Протоколи, запишувања никакви. Веќе се добиваа писма од раководителите во доста многу градови, повеќе од Солунскиот крај и од град Битола. Доаѓаа по пошта, пишани со шифра и хемиско мастило на разни адреси; доаѓаа и по кираџии-курири. Имаше определени луѓе да ги примаат, да ги донесуваат. Даме, бидејќи беше целосно предаден на  оваа работа, ги вршеше најмногу практичните работи, особено за град Солун како и најдобро запознат со него. Дамета бев го гледал порано како селски учител во Битола, а по делото сега лично се запознав во Солун. Даме беШе отпуштен и од Егзархијата и макар што не бил формално ополномоштен за деловодител на Комитетот, фактички тој беше таков, тој најмногу трчаше зашто беше и слободен. Тој најмногу усно се разбираше за работите од селото со луѓе кои доаѓаа во Солун и најмногу тој ги пишуваше писмата за Солунско. За Битолско повеќе пишував јас. За Софија до Делчева пишувавме двајцата, а двајцата и ги дешифриравме. Ние двајцата останавме како посилно предадени на работата, а другите припаѓаа повеќе формално. Татарчев ги потпишуваше поважните писма. Сите писма што се добиваа, ги читавме сите заедно, а за поважните се дискутираше и се знаеше веќе кој ќе одговори. Повеќе работевме и по лични познанства - кој го познаваше војводата, кому требаше да му се пишува, ги дававме на некои членови да ги кријат. Потоа ги испраќаа откога прејдов во Софија, овде за да ги чувам (1896 и 1897 год. до крајот додека ЦК пропадна, до затворањето на ЦК). Систематска преписка  на ЦК како што сега се разбира, со околиите уште немаше. Централизирана власт - исто така немаше. Сооп-штенијата имаа повеќе карактер на информирање. Овде-онде стануваше случај да се даваат директиви со другарски карактер, а сосем ретко се даваа заповеди. Уште немавме како правилно да наложуваме. Кога пишуваше писмо Централниот ко-митет обично ја осветлуваше внатрешната положба во Бугарија. Сите се интересираа за комитските работи во Бугарија. Немавме уште јасни поими за тие работи, не бевме во врска.

Кога дојдов во Солун, Делчев беше во Штип и будно ја тераше работата таму, најбудно од сите. За време на распустот дојде Делчев во Солун за конгресот. Првпат се запознавме со него тогаш.

Работите по околиите се водеа речиси на самостојна нога. Раководството беше туку речи во единечни раце или барем ние си работевме со по едно лице по градовите. Нашите односи имаа секогаш карактер поскоро на едно другарство отколку на хиерархиска потчинетост. Касата ни беше секогаш слаба, се издржуваше повеќето од самиот град Солун; од провинцијата повеќе бараа отколку што даваа.”

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.