|
|
За солунската печатница на Даскал Камче |
СПОМЕНИ НА ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ ЗА СОЛУНСКАТА ПЕЧАТНИЦА НА ДАСКАЛ КАМЧЕ (1894 год.) “Овие “Лични мои Спомени” се започнати да се пишуваат, според моите белешки, во 1889 година и беа наменети да се објавуваат по малку во секоја годишнина на ”Македонскиот Календар” што требаше да почне да излегува тогаш. За истиов “Календар” беше ја напишал и г. М. Дринов својата статија: “Првата бугарска типографија во Солун и некои од напечатените од неа книги”, којашто после, бидејќи се виде дека “Ка-лендарот” не може да се издаде, беше напечатена во кишката ЏЏЏИ на “Периодичното списание” и како одделна книшка. Во таа ина-ку прекрасна статија почитуваниот и неуморен бугарски писател и историограф вели и се мачи да докаже дека првата бугарска печатница во Солун била основана од Хаџи Теодосија. Тоа, меѓутоа, не е точно. Како што се гледа од моите “Спомени”, основачот и сопственикот на таа печатница бил Даскал Камче од Ваташа, Тиквешко, Македонија. Податоците на многуважениот професор на Харковскиот универзитет во тој однос не се вистинити и точни. Синот на Даскал Камче, Димо Камчев е уште жив во Битопола и помни доста околности и подробности за печатницата на татка си. Во... август (1892) се видов и разговарав по истото прашање и со г. А. Шопов во Цариград, којшто ми соопшти дека и по неговите податоци, собрани во последно време при неговите патувања низ Македонија, основачот и сопственикот на солунската печатница бил Даскал Камче, а не Хаџи Теодосија, којшто бил само нејзин управник и си ги печател своите книги во неа.” Д. В. Македонски, Из дневника на Един Б’лгарски учител (Лични в’споменанија). Част прва (Преди Русско-Турската војна) (1868-78), “С’гласие”, I, 1, Софија, 18.ВИ 1894, III.; |