|
|
Македонци на парада во Чешка - 1912 година |
Во 1912 година во Прага е организирана еден од најголемите соколски слетови на кој учествувале гимнастичари од многу словенски држави. На овој слет учествувале и Македонците од Османлиското царство и тоа неколку месеци пред Балканските војни. Чесите по тој повод ја издале оваа разгледница со фотографија на македонските соколи под која пишува на чешки: Македонците на парада. Како што се гледа од разгледница та Македонците се облечени во посебни свечени соколски униформи. На главите носат фесови како доказ дека доаѓаат од Османлиското царство, каде што од 1907 година законски граѓаните на царството морале да носат фенови, но тоа повеќе важело за јавни настапи. Интересно е што и Чесите во тој период немале своја национална држава и биле во склоп на Австро-Унгарија. Бранислав Светозаревиќ |