|
|
Договорот Сајкс - Пикот |
Македпнска нација На 16 мај 1916 година, како што ја распарчаа Македонија во 1913 година, така на таен договор Велика Британија и Франција со рака повлекоја линии по географската карта на Блискиот Исток, со што беше распарчена Отоманската империја. Неводејќи сметка за народот, британецот Марк Сајкс и французионот Франсоа Жорож Пикот, ги исцртаа идните државни граници кои ја одредија судбината на милиони луѓе, граници кои постојат до денес. Согласно Договорот Сајкс-Пико, Белика Британија требаше по војната да ја добие контролата над областа на денешен Израел, Јордан, Ирак и во области по должината на Персискиот Залив. Франција требаше да ја добие областа на денешен Либан, Сирија, северен Ирак и југоисточна Турција. Русија пак требаше да го добие Истанбул и Босфорот. Покрај тоа, на Русија и припаднаа и ерменски делови на Отоманската империја. Во времето на потпишувањето на договорот, Русија сеуште беше царство, односно не беше почната револуцијата. Договорот беше чуван во тајност, се додека по Октомвриската револуција новата болшевичка влада не го објави. По објавувањето на Договорот Сајкс-Пико арапското население останало вчудоневидено Поточно, Британците претходно од страна на познатиот Лоренс од Арабија им ветувале независна држава. Велика Британија била посрамена со откривањето на вистината, бидејќи со тоа излезе на виделина дека води двојна дипломатска политика. Последиците од овој Договор, со кој била одредена еден дел од државната граница помеѓу Сирија и Ирак се присутни и во Сириската граѓанска војна од 2011 годите, како и во судирите, кои, со делувањето на поравоените формации на организацијата Исламска држава на Ирак и Левант (ИДИЛ). Не случајно тука делуваат и силите на САД, Русија, Арапските Држави и Турција. Се е поврзано со тајните договори за сферите на влијание и новите прераспределби поврзани со контролата на изворите и енергетските траси на гасовододите. Бидејќи и Македонија се наоѓа на овие енергетски траси, како главна раскрсница која ја поврзува Европа со Блискиот Исток, земјата е изложена на двојна дипломатска политика. Од една страна стратешки партнер, а од друга страна се спроведува сценарио за нејзина дестабилизација и воведување на марионетски режим кој ќе ја спроведува политиката, со која Европа мора да остане енергетски зависна од САД. Само да си спомнеме. Веднаш по најавата дека трасата за рускиот гас од гасоводот кој доаѓа од Турција и ќе поминува низ Грција, Македонија и Србија кон Европа, САД најави дека Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ се наоѓаат на линија на огнот. Набргу потоа се случија т.н. бомби, Кумановските настани, политичката криза која ја започна опозицијата на чело со СДСМ доби на интензитет, а потоа по трасата на гасоводот потекоа реки бегалци. Ваков редослед на настаните не е прв пат во Македонија. Само да си спомнеме дека главните борби за време на конфликтот во 2001 година се водеа по проектираната траса на нафтоводот Амбо, северозападна Македонија. И тогаш т.н. „пријатели“ ги користеа СДСМ и Албанците. Едните сонуваат да дојдат на власт без избори, а вторите за Голема Албанија. Сите се колнат во човекови права и демократија, а всушност сите имаат заеднички содржател – парите. Едните да го имаат монополот на снабдувањето на Европа со енергенс, а СДСМ и Албанците контрола на (нелегални) бизниси и Соросовите пари. Колкава е спрегата меѓу нив можеше да се види по Кумановските настани минатат година, кога загинаа осумнина македонски бранители. Тогаш З. Заев отворено се сликаше со поддржувачите на кумановската криминално-терористичката група, а на медиумите заговараше федерализација на земјата, можност да се говори на албански јазик на цела територија, како и поставување на Албанец за премиер. Но, исто така говореше и за виткање кичма и промена на името и идентитетот на македонскиот народ. До каде хипокризијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и соросовите хулигани, може да се види од протестите на опозицијата, кои отворено ја нападнаа македонската историја, македонскиот идентите, притоа скврнавејќи ги историските споменици на нашите претци и давајќи им потврда на сите оние кои ја негираат нашата историја. Со тоа, тие отворено им помагаат на оние кои отворено го спречуваат влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Впрочем, грчкиот претседател Прокопис Павлополус за време на неодамнешната посета на Негуш, ќе изјави дека грчкото вето на амбициите на Македонија да се приклучи на ЕУ и НАТО ќе остане и за него нема да се преговара се додека Македонија „инсистира на погрешно толкување на историјата и ја присвојува грчката историја“. За време на посеттата на македонските гробници тој уште ќе додаде дека „циничните фалсификатори на историјата, ... како што покажа неодамнешното варварско однесување према бегалците, немаат право да се преправаат дека се пријатели на Грција и, уште повеќе, неразбирливо е да се залажуваат дека со таквите ставови може да се приклучат во ЕУ и НАТО.“ На ваквиот негов став по однос на македоското прашање, го прашуваме грчкиот претседател кој е овде циник, кој ја краде македонската историја и дали знае за односот на грчките власти кон бегалците!? Зарем не гледа дека нема поголем цинизам од она што го зборува. Зарем незнае дека тие ги држат со лажни ветување 11.000 бегалци кај пограничното село Сехово со месеци во нехумани, нехигиенски услови и дека нивни волонтери ги упатуваат кон Македонија преку нелегални премини притоа изложувајќи ги бегалците на разни опасности. Што се однесува пак до историјата, добро е познато кој ја краде македонската историја, исто како што е познато дека Зоран Заев се обидува да ја украде власта на нелегален начин, без избори. Но, луѓето од оваа фела, како што се грчкиот претседател и опозицискиот лидер добро се разбираат кога се во прашање позициите, моќта и парите. Покрај се што се случува, тука се и Албанците, молчеливи и тивки, како да чекаат некаков сигнал. Точно е дека македонскиот народ поверува во искреноста на албанските политичари, поверува во нивната БЕСА дека по се што направи македонскиот народ за нив (училишта, универзитети, вработувања и др.) дека заеднички ќе се борат против вакви напади врз македонскиот народ. Но, изгледа за нив е поважен „Големиот брат“, што тој ќе каже. Сега размислуваат дали да излезат на избори закажани за јуни. Доколку не го направат тоа ќе ја продолжат агонијата во земјата и ќе го изгубат образот. Можеби, Албанците сега веруваат дека вреди да го направат тоа за повисоки цели, но забораваат дека можат исто така да изгубат многу. Истите тие што ги поддржуваат, можат да ги извисат како што ги извисија Арапите, како во минатото, така и денес. Тие се денес тука, а утре ќе си заминат, оставајќи ги да живеат со Македонците без образ и со изгубени пријателства и привилегии. Затоа албанските политичари нека помислат што прават! Меѓутоа, добро треба да размисли и владеачката партија за своите следни потези, зошто продолжувањето на агонијата, сите ги носи во погрешен насока. Сега е време за мудри и решителни потези, нешто што го нема во стратегијата на оние кои ја дестабилизираат земјата, а што го има во гените на Македонецот. Сега ни треба нешто кое е стекнато во вековната борба за слобода. Сега е време за нешто што ќе ги изненади сите и ќе ги извади од тежиште сите непријатели на оваа земја. Пред се Македонецот мора да се обедини, а тоа го може и мора да го направи. Македонците не смеат да си дозволат да бидат колатерална штета. |