|
|
Непозната Македонија - Верувале ИЛИ НЕ |
Верувале или не... 1903 во Белфаст бил завршен прекуокеанскиот пароброд „Македонија“, шифра 116012, долг 160 м, за 377 патници во прва класа и 187 во втора, екипаж од 370 луѓе, се движел со брзина од 18 јазли. На своето прво патување спасува морнари што доживеале бродолом, но имал и судир со бродот „Кристијан 9“. Во 1907 го руши рекордот со најбрзото патување од Австралија до Шри Ланка. Седум години подоцна, од транспортен се претвора во воен брод, со 8 топа. На 3 декември 1914 со уште два брода бил упатени кон Фокландските Острови. По победата британската флота се вратила, а бродот останал и тука го дочекал крајот на војната. Кога бил направен, чинел 340.000 фунти, а бил продаден за 25.000 во Јапонија. Во 1931 бил расклопен на делови. Морнарицата на САД 1812 посебно била горда на бродот „Македонец“, едреник кој во војната бил во служба на Британија, но подоцна бил заробен од САД. Бил фрегата со 38 топа, долг 45 м. Американската морнарица го користела по војната како комерцијален брод. Меѓу луѓето што имале чест да се качат на бродот бил и Вилијам Хенри Леонард По, брат на познатиот поет и писател Едгар Алан По. Превземено од: Непозната Македонија - Верувале ИЛИ НЕ |