Среда, 13 Јули 2016   
Николај Сергеевич Новгородов – „Сибирскиот поход на Александар Македонски“ (2)

novogorov

„Во јужната хемисфера на ширина од 47 степени до Јужниот поларен круг каде удираат бранови на три океани, каде дрвја не растат, висината на сонцето во сенка да се измери би било невозможно. Затоа, во овие географски широчини, Александар се движел имено во Северната хемисфера и ние сме многу блиску до идеата дека тоа било Сибир.“ – вели Николај Сергеевич Новгородов рускиот автор на "Сибирски поход на Александар Македонски".  

Во второто продолжение, Новгородов се обидува да даде одговор на прашањето зошто Александар Македонски изгуби три-четвртини од непобедлива војска. Според него овој пораз го предизвикале жителите на Сибир, предци на луѓето кои подоцна ги поразија армиите на Наполеон и Хитлер, а како основна причина ги наведува климатски услови во Собир.

Во обид да ги расплетка замрсените конци на историјата, рускиот автор вели дека научниот свет преќутува за низа наоди и откритија што јасно укажуваат дека Александровиот поход бил на Сибир. Во тој контекст тој дава низа податоци, докази, при што ја спомнува и „Веда Словена“ на Стефан Веркович. Истовремено тој цитира и други автори, за кои можеме да видиме во неговото продолжение - Не Индија, туку Сибир? 

Не Индија, туку Сибир? 

„Пловејќи по реката до океанот, Александар се нашол во устието на огромниот морски слив. Устието на делтата на Инд, всушност е слично на Волга. Утоката и делтата, со толку различни природни пејзажи и формации, што се базираат на географските податоци, се вклопуваат со сомнението дека Александар бил на устието на реката Инд. Каде бил тој? Огромни утоки на јужниот брег на Азија нема, но затоа ги има на северниот брег – заливите на Об и Енисеј. Во устието на реката, Александар бил принуден да  ја помине зимата. Било толку ладно што неговата војска едвај ја дочекала пролета, кога “зимата се сожалила над него”. Bo текот на “оваа песна” за огрев бил искористен поголемиот дел од флотата. Утоката на Инд лежи на Северниот повратник (тропска клима) и потребата да се спалат бродовите немало потреба. Исто така, флотата на Александар му била потребна за поморските војни, па тој испратил во Вавилон налог да се сечат шуми и бакар за изградба на бродови.

“Индија”, по која се движела маршутата на Александар, немала триголен облик како на Хиндустанскиот потконтинет, туку четриаголна. Нејзините димензии се зачудувачки: 16 илјади стадии (околу 2560 км) од запад кон исток и 22300 стадии од север кон југ (околку 3800 км). Поголемиот дел од таа “Индија”, представувала рамнина, за што што се потребни четири месеци пат. Само по себе тоа укажува на претпоставката дека станува збор за Западно-Сибирската рамнина. При описот на климата во “Индија”,  Александоровите патеписци не штеделe епитети, опишувајќи ја суровоста на тие места. “Земјата им лежи на крајниот север, целата покриена со снег и не е достапна за другите народи, поради екстремно ниските температури. Поголемиот дел од земјата представува обезшумена рамнина”. Тој стигнал до земјата на Индијците, кои живеат во соседство со архонтите. Армијата пропаѓаше кога минуваше по таа земја: што лежела на длабок снег и која немаше доволно храна”. 

Постојат историски извори и јарки знаци за Арктикот. Војниците мрмореле: “Кој се придобивките што ги добиваме од новите победи? “Земја прекриена со вечна темнина”? Каква награда ние добиваме?” “Темнина, вечна ноќ, спуштена на неподвижните води на морето без дно?” Повторно ние ја гледаме вистината на поетите во спорот со историчарите.

Многу народи и племиња Александар сретнал на патот. Едни од нив се несомнено Сибирските племиња, како што е примерот со Аримаспите. Херодот пола век пред Александар ги споменува Аримаспите како најсеверниот народ на патот кон Хипербореја. Според раскажувањето на Скитите, тие живееле во подножјето на Рипејските планини (Урал), каде престојувал богот на северниот ветар Бореј. Можеби не е случајно, што 70 км северно од Катанга во близина на планината Биранга постои шумски остров, Ариј-Мас

Неарх во Елада донел извештај за Серите, долговечни-народи (без оглед на неверојатноста, дека живееле до 200 години). Серите подоцна често се среќаваат во описите на народите во северниот дел на Сибир. Во близина на реката Кофена (Котена), живееле воинстените Катаи, кои Александар, сепак ги покорил. На средновековните карти на Сибир е прикажана земјата Катаи и Кара-Катаи на брегот на реката Катуна. Тие Катаи ги навеле персиските поети да представат дека Александар ја посетил Китаја (Кина).

Александар се сретнал и со малите барски жители, со кои живееле и Сибите. Великиот освојувач изјавил: “Ние со вас сме иста крв”, како и со Сабарите. Тука некаде Александар го поставил сатрапот на Сибиртија. Сатрапитите тој начесто ги поставувал на местото на локалните кнезови. Споредувањето на Сабарите со Сибирите ги добивате беспрекорно Сибирците. Во изворите постои одличен опис на некои од планините во кој Александар упаднал. Планините биле многу високи, до две илјади стадии. Секако, не вертикално, туку по должината на патеката. Конкавни падини, рамни во подножјето, а на врвот – вертикални камени литици. Планините биле со рамни површини и обемни шуми, пасишта и извори. На нив собирало и до 30 илјади бранители. Очигледно, ние не зборуваме за алпските завиени планини. Во Евроазија има две такви платоа: Декан во јужниот дел на Индија (15 степени гео. ширина) и платото Путорана во севеверен Сибир. На Деканското плато, висико и до 800 метра, што ја исклучува можноста за снег, паднатите војници на Александар, при едно невреме од овие карпи, не можеле да бидат погребани, бидејќи не можеле да ги најдат во снегот. Сега, на врвот на планината Путорана нема никакви шуми, како што нема ниту обработливо земјиште. Но во ерата на Александар, можно е во Сибир да било малку потопло. Неопходно е да се земат примероци од земјата на Путоранските планини и да се истражуваат комплексите за проверка на оваа хипотеза.“

Новгородов во својот труд додава дека во многу древни историјски извори има доволно докази за Сибирскиот а не за Индискиот поход на Александар. Според него, единствена препрека на неговата теорија за Сибирскиот поход е честото споменување на слоновите. Сметајќи дека можеби во IV век пр.н.е. во Сибир било нешто потопло и слоновите да биле водени?, тој продолжува со изнесувањето на своите докази меѓу кои и од славјанските хроники:

Доказ за престојот на Александар во Сибир

„Славјанските летописи и хронографи се полни со извештаии за контактите на Славјаните  со Александар. Но, ние не ги забележуваме внимателно. В.Н. Татишчев повикувајќи се на Јоакимскиот летопис, напишал дека “во времето на Александар Македонски, владееле три славјански кнеза: првиот Великосан, вториот Асан третиот Авенхасан. Александар Македонски им испратил писмо на славјанските кнезови, сакајќи да владее со славјанскиот народ”. Oбично историчарите дури и не го коментираат ова соопштение, мислејќи дека Јоакимовиот летопис бил фикција на Татишчев. Меѓутоа во контекст на новото толкување на Источниот поход на Александар, неслучајно се поклопуваат славјанските имиња од Јоакимскиот летопис со античките автори. Кај Аријан и Куртиј Руф споменат е “индијскиот” народ ассакени и нивниот цар Ассакен. Главниот град на тоа царстрво го нарекле Массака (Массага). 

И.В. Шчеглов во “Хронолошката листа на најважните податоци од историјата на Сибир” издадена во Сургут во 1993 година, говори за походот на новогордците под водство на Улеб кон железната врата во 1032 година. Походот завршил неуспешно, така што тие биле победени од Угорците, “и обратно нивните малку се вратиле, но многумина погинале”. Угрите традиционално живееле кај Камне. Отука следува, дека новогордците речиси еден и пол милениум го помнеле доаѓањето на Александар во северниот дел на Сибир, и згора на тоа организирале експедиција кон вратата во камен, што ја подигнале.

Несторовата хроника од 1096 година го содржи познатиот разкас за новогордецот Ѓурат Рогович за тоа, како тој го пратил својот слуга кај Угрите, и рекол дека тие се таинствен народ. Овие луѓе, “седат во планините”, и преку малите прозори прават гестови. Бараат железо, а за железо даваат крзно. Ѓурат Рогович му раскажал за тоа чудо на Владимир Мономах, а Мономах не бил изненаден и му објаснил на новогордецот, дека станува збор за народ, закопан во планината и кој му помогнал на Александар Македонски за Железната Врата.

Никаноровата хроника, Мазуринската хроника, Полската Велика хроника, Чешката хроника, "Хрониката на целиот свет" на Мартин (Марчин) Бељски сведочат за посетата на Александар Македонски на славјанската земја и за грамотите, со кои тој ги дарувал словенските народи за поседување на земјиштето. Во Полскиот хроника се вели дека итриот Александар, без срам, испратил и за полското земјиште. Се уште не се грижиме за нашите хроники и нашите кнезови.

Меѓутоа, ставот кон идејата за "Александар во Сибир" е многу потолерантна надвор од Русија. На пример, Ал Омари, родум од Дамаск, секретар на султанот од Египет, во XIV век. во книгата "Патот на погледот до главните центри на државите“ напишал дека "Во Сибирската и Чулманската земја владеат екстремно ниски температури, снег ... бугарски трговци одат до Чулман, а трговци од Чулман одат во земјата на Угрите, кој се на крајниот Север. Зад нив, не постои населба, во прилог на големата кула изградена Искендер ".

А арапскиот калиф Ал-Васик дури и испратил експедиција кон Железната врата, за да бидат целосно убедени. Експедицијата била предводена од Салам Ал -Тарџуман кој владеел триесет јазици. По враќањето после 28 месеци, Салам изјавил: "Портата е непроменета, гарнизонот не спие". Тоа беше во средината на IX век. Односно, пред повеќе од илјада години, ова место било познато во целиот свет, а не само на Новгородци кои биле до Железната Врата.“

Интересно е што Николај Сергеевич Новгородов својот одговор за Александровиот поход во Собир го наоѓа во „Веда Словена“ од Веркович. Од овде рускиот автор вади заклучок дека прататковината е во Собир и дека Александар сакал да го види домот на претците. Опишувајќи ја прататковината Новгородов за Славјанската земја вели:  

Славјанска татковина

„Александар Македонски остави свој белег во историјата. Што го навело на освојувачки поход: жедта за власт, слава, огромното индиско богатство? В.Н. Демин верува дека Александар се стремел во прататковината за да дознае за водата на бесмртноста. Но, зошто Александар одел во Сибир? Ние го најдовме одговорот кај С. И. Верковиќ: „Александар сакал да го посети домот на предците на Македонците, наречен "Крајот на земјата."

Речиси пред еден и пол век на Балканот (во тогашната македонска провинција на Бугарија) извонредниот етнограф Стефан Илич Верковиќ регистрирал голем број на стари македонски песни. Верковиќ бил босански Србин, Панславист, кој добро го знаел помачкиот (македонски) јазик. Во 1860 година тој ја издал збирка во Белград "Народне песне Македонских Бугара". Се на се, биле собрани 1.515 песни, приказни и легенди со вкупен волумен од 300.000 стихови. Од 1862 до 1881 г. мал дел од оваа колекција (околу една десетина) бил објавена (Веда Словена).

Најважниот заклучок на "Веда Словена" е тврдењето дека прататковината на Славјаните се наоѓа не на местото каде што Славјаните живееле во доцниот XIX век. Ведите јасно говорат дека во врска со корените на предците на Славјаните се далеку на Крајниот север од Северната прататковина, која Македонците ја нарекуваат „Крајна земја“. Оваа земја беше навистина на работ на Евроазискиот континент, во близина на Црното, односно море покриено со темнина, во која влегуваа два Бели Дунави (покриен со мраз и снег). Во крајната земја зима и лето траат по шест месеци, што се одразува не само на Арктикот услови на земјата, туку и за неговата близина на Северниот Пол.

Значи, прататковина на Славјаните „Крајната земја“ се наоѓала во евроазискиот Поларен регион. Но, таа е голема, од полуостровот Колски до ртот Дежнев. Пробајте го ова, погледнете!

Сепак, во "Славјанските Веди" постојат и други знаци кои ќе ви овозможи доволно блиску да се локализира пребарување на областа. Во "Ведите" се споменува народ Јуријци. Арапски патник Ибн Фадлан и Ал-Гарнати кој ја посетиле Волшка Бугарија, Јурој наречен Угра. Ако е така, „Крајната земја“ се наоѓа во непосредна близина на Угра, и Приполарниот Урал и Задурал.

Покрај тоа, во "Крајната - земја" се Светите планини. Во Заполарје се планините на полуостровот Коласки, Приполарниот Урал, планинината Буранга, платото Путорана, сртовите Верхојанск и Черски. Од овие рударски планини нашето внимание главно го привлекува Путорана. Зошто? Бидејќи во "Славјанските Веди" се спомнуваат топоними и "херои", многу слични фонетски со путорамските топоними.

Прво, во "Ведите" се споменува змеј кој живее во планинско езеро и не ги пропуштал луѓе низ планинската клисура и езерото. Змејот бил наречен Сурова Ламја. Недалеку од Норилск во планинскатадолина на платото Путорама има едно езеро наречен Лама. Тоа може да биде дека езерото Лама во близина на Норилск е именувана по Сурова Ламја.

Второ, на работ на теренот, во согласност со "Ведите", се споменува Чета-крај (Чета-земја, всушност Читајска земја). Рускиот преведувач на "Славјанските Веди" Александар Игорович Acов смета дека е можно Читајскија земја да е именувана Китајска земја. Во овој случај не станува збор за Кина. Во средновековна мапа на Витсен (XVII век) реката Китаем се  нарекувала Енисеј, а Китајската земја се смета за земја меѓу реките Об и Енисеј. На југ од езерото Лама во Потуранските планини се наоѓа езеро Хет. На современите мапи пишаното име на езерото се удвојува во загради наречени Кита. Во северниот дел на Сибир меѓу Об и Енисеј и исток се карактеризира со изобилство на хетски хидроними. Поместување на "x" во "к" (Хатанга – Катанга, Хетта – Кета), како резултат на турцизмот многу карактеристична за Сибир, а не само за Сибир.

Трето, во „Крајната земја“ се наоѓа Харапското поле. Во Харапската земја во близина на двата Бели Дунава е земја на Вистината (Правда). На север од платото Путорана е реката Горбита, а во јужното  плато е реката Горбиачин. Со оглед на законот за трансформација на буквите ("г" - "x", "п" - "б"), во присуство на формата "чин", Горбита и Горбиачин се разјаснува локализацијата на Харапското поле и земјата  на Правдата.

Четвртото, во "Ведите", се вели дека до Харапското поле живееле диви луѓе. Тие не ја ораа земјата, ниту пак сееле, не биле вклучени во било каква продуктивна работа, живееле од грабеж и во основа се дивјаци, пештерски троглотиди. Дивовите, диви луѓе се познати од хрониките на рускиот и славјанскиот фолклор. Овие влакнести гиганти, опасни во битка, биле опеани како непобедливи херои.

Низами пишуваше за ова во својата песна "Искендер-Наме". Патувајќи во Волшка Бугарија, арапските патеписци имале исто така можност да ги видат. На Едигеј татаринот му биле подарени двајца влакнести дивови фатени во Сибир на планината Арбус.

На истокот Дивовите биле наречени Деви. Професорот В.Ф. Поршнев, доктор по историски науки, верува дека дивовите-девите се остаток на хоминоиди, неандерталци, кој успеале некако да достигнат да преживеат до наше време. Во денешно време се викаат снежни луѓе (приказната за Јети). Хантите, снежните луѓе ги нарекле “Магики”, сугерирајќи дека тие се легендарните Гог и Магог. Низами ги опишал како влакнести гигантски дивјаци кој напаѓале и ограбувале населби во тоа време.

Во западниот дел на платото Путорана помеѓу реката Горбиачин и езерото Хета (Кита) ние откриваме повеќе од десетина Гого-Маговски хидроними: реката Тонелгагочар, (тунелската река Гог), реката Ирбегагочар (рибарската река Гог), реката Гогочонда, Хантијскиот залив Могокта, реката Мокогон и Умокогон, реката Макус, заливот Моген и Могхадам. Таквото изобилство на Гого-Маговските хидроними на површина од 30 на 30 км покажува јасно дека тука живееле дивите снежни луѓе.

Сумиранњето на погорното совпаѓање на Путоранските топоними со топонимите од  “Словенските Веди“ може да се каже дека не е воопшто случајно. Повторно, може да тврдиме со силни аргумент дека ова совпаѓање воопшто не е бесмислено. Со значителна сигурност може да тврдиме дека Славјанската прататковина била “Крајот на Земјата”, а тоа е Тајмир,

Можеме истотака со сигурност да претпоставиме, дека овде постоел договор со Александар Македонски (Тугарин Змеевич), не е возвратен од претците на Славјаните.“

Во делото "Сибирски поход на Александар Македонски", рускиот автор се обидува да одговори и на прашањето зошто Александар водел војна со Русите. И како завршила таа војна. Во поддршка на својата теорија, тој го изнесува следното:

Војна со Русите

„Тоа е изненадувачки, но сите важни позиции ќе ја најдат исправноста кај поетите во нивниот долготраен спор со историчари. Останува да се разјасни прашањето за војна со Русите, која се споменува во сите поетски извори.

Познатиот персиски поет Низами Ганџави, значителен дел од прославените походи на Александар кој ги опишал во поема „Искендер-Нама (околу 1203), му ги посветува на војната со Русите. Доволно е да се каже дека на војната на Александар со Дариј му е посветена пола страница.  Од ова можеме да се заклучи дека војната со Русите била долготрајна и неуспешна за Александар. Очајнички, и не надевјќи се на победа над сериозниот непријател, "поетски" Александар признава, со воздишка, дека безпотребно се вклучил во војната, дека тој ќе биде победен, па дури и смрзнат како куче..

Но, тука интервенира Божјата промисла, и Александар, како вистински избор на боговите, чудесно ги победи Русите. Потоа тој се помири со нив и на сите им заблгодарува.
Тоа беше забележано во првиот дел од текстот каде има нејасни историски споменувања за ова помирување и за писменоста што била дарена од Александар кон Славјаните.

Александар во текот на сибирската кампања имал вкупно три воени судири, односно три целосни војни со древните Руси.

Првата војна е со Уструсините (Уструшани) на Јаик-Јаксарт, која погоре ја споменавме. Александар никогаш не ги победил Уструшаните со својата војска, особено оние кој останале во последниот дел, никогаш потполно не ги покорил Скитите (Скитите во овој случај биле наречени Уструшани од страна на Грците).

Втората војна била со “индијскиот” (вендски) цар Пор. За оваа битка, било посветено многу внимание во античките извори. Овој цар владеел со огромното царство на бреговите на реката Хидасп. Куртиј Руф го опишува Пор како најпаментен и најпросветлен човек на сите индијски народи. Јустин пишува, дека пред битката Пор го повикал Александар на дуел, и во првата пресметка со него Александар бил “исфрлен од седлото” и лежел во калта под нозете на коњот Букефал. Ако не биле телохранителите кои ги прекршиле условите на борбата, крајот на битката ќе била сосема поинаква. Сепак, Плутарх тврди дека битката со Пор, ги потиснале Македонците, што тие потаму категорично одбиле за понатамошен поход. Кој е овој Пор и на кој народ тој бил цар ?

Страбон во “Географија” носи соопштение на Никола Дамаскин дека тој е во Антиохија во близина Дафне каде се сретнал со индијските посланици, на нивниот пат кон Цезар Август со порака од царот Пор. Тоа е напишано на кожа со хеленска азбука и потпишано од Пор. Тој владеел над шестотини цареви, но сепак имало големо мислење за честа да се биде “пријател” со Цезар и му ветил помош во сите негови праведни претпријатија. 

Се разбира, Пор тогаш неможе да го испраќа кон амбасадата на Август по три и една четвртина век подоцна од Александар Македонски, и не може да биде истиот тој Пор. Очигледно, ние имаме тука работа со цела една династија. Од тогаш, Пор современникот на Август, не бил последното дете на тој свет, а во индијската династија на Мауријците царот Пор не се појавува, не ќе биде лошо да се знае, каде владеел и над кој шестотини цареви – Великиот цар Пор.

Одговорот веројатно е во тоа дека во обско-наримските Ханти имало фратерија (род), наречен Пор. Од време на време овој род ги организирале т.н. “спорадични” мечкини празници. Комбинацијата “пор-спор“ укажува на тоа, дека и обските Ханти и царот Пор заедно со својот народ припаѓале на ист етнос, каде грците или ромеите (византијците) ги нарекле спори. Висината на Пор изнезувал 4,5-5 лакти (тоа е околу 2,3 метра), а од историјата знеме дека Антите како посебна група на Словено-Аријските народи биле познати по својот колосален изглед, каде силата и висината биле физички нагласени.

Прокопиј Кесарски (VI в.) исто така забележал кај Славјаните и Антите многу висок раст и огромна сила. Лав Прозоров укажува на тоа дека во фолклорот на Средниот Дунав, Антите ги гледа како гиганти. Ова очигледно укажува на тоа дека царот Пор бил Славјан, имено Ант. И каде се тука Хантите, ви се молам? И покрај фактот дека постои причина да се претпостави дека Хантите потекнуваат од Антите. Незаборавниот ум на В.Н. Демин, кој за жал, одамна не напушти, во својата книга “Нордијска Русија“, во 2007 напишал дека за време на својата посетата на Обскиот Север во летото 2002 година, тој ја запишал хантската легенда, според која во далечното минато, Хантите и Русите биле еден народ, кои зборувале еден ист јазик. Исто како што дефинитивно се поврзани зборовите Инди и Хинди, исто така слични се и зборовите Анти и Ханти. И тоа не се само обични зборови, зад нив стојат и исти народи.

Унгарските етнографи кои го бараат домот на нивните предци кај Об, се запознале со легендите на крајот од XIX век. Унгарците денеска во огромна мера имаат славјанска генетика а тоа го покажува и физичкиот изглед, сепак биле блиски роднини со Хантите, за што не биле задоволни поради нивната блискот со Русија и повеќе од оден век се молчи на оваа тема. Но, во голема мера може да се радуваат на фактот дека нивните предци заедно со Пољаците го “чистеле клунот” на Александар Македонски. Освен, се разбира, ако покажат љубопитност.

Третата војна на Александар била со сибирските московјани. Нивниот главен град бил наречен Масага (Масаха). Се вели дека на реката Месохија го основал внукот на Ное по име Мосох (Моск). Населението на градот било мосохенци (московити), а со нив владеела царицата Клеопида.

Диодор соопштува, дека Александар ја разделил армијата на три дела. На чело на едниот дел тој го поставил Птоломеј, каде му наложил да го пустоши крајбрежјето. Леонит за истата цел, го испраќа во подножјето на планинскиот регион кој постанал рушевина. Во текот пламнале пожари, биле извршени грабежи и убиства, бројот на жртвите се проценува на повеќе од десет илјади луѓе. Се чини дека оние кои се бореле во близината на Норилск зачувале многу “воени” топоними: реката Батајка и нејзината област кај месноста Војнар, реката Убојна, р’тот Оружило, реката Могилна и Покојницкаја.

Кај Јустин може да прочитата дека на деветиот ден на нападот на Масагите, кралицата Клеопида сфатила дека градот не можел да се одржи. За спасение на народот самата му се предала на Александар. Синот од него го таа го нарекла истотака Александар, а потоа тој станал цар.

Загатка за бегството на Александар

Во античките извори имаат мистериозна епизода, во која целосно деморализирани војска на Александар бега, исто како и Наполеон од Москва.

"Тоа беше невозможно, без да ги загрози луѓето ако остане или да се движат напред - во кампот ги притискал глад, на некој начин уште повеќе болести. Сепак, на патот немаше толку многу мртви, како малку живот, луѓе кои умираат. Да следат сите лесно не можеше дури и болните, бидејќи движењето на четата беше забрзано. Луѓе чувствуваат дека колку побрзо се движат напред, толку поблиску ќе биде спасението. Потоа заостанува бараа помош од познати  и непознати. Но немаше животни да ги носат, а самите војници едвај го влече своето оружје, и застанаа пред очите на ужасите на наредната катастрофа. Затоа, тие не се ни осврнуваа на честите извици на своите луѓе, сочувство беше потиснато од чувство на страв. "

Плутарх посочи дека како резултат на ова враќање на Александар донесе од "Индија" само 30 илјади од 135 илјади на своите непоразен борци, и Куртиј Руф бил многу изненаден, колку на овој начин, Александар го претворил својот срам во слава? Но, бидејќи за решавачката битка во која Александар бил поразен, приказната не знае, Александар останал во меморијата на потомците како победник. Војската не му го прости овој катастрофален пораз, почна да зрее заговор и наскоро и Александар бил отруен.

Што всушност се случи? Зошто Александар избегал толку брзо и ја изгубил армијата? Куртиј Руф ја отсликува причина за бегството многу живописно: "Во поголемиот дел од времето на годината има толку многу снег, така да речиси никогаш не се гледа ни трага од птици или од било кое друго животните. Вечна магла го покрива небото, ден и ноќ, со што вие одвај може да ги препознаете блиските предмети.

Војската, поведена во овие пространи пустини, каде што целосно не постои човечка помош, беше подложена на сите несреќи: глад, студ, замор и очај кој ги имаше обземено сите. Многу загинаа во непроодните снегови, а во време на страшните мразови мноштво ги изгубиле своите екстремитети. И лишени од се, ... потиштени од замор од пропаѓање во снегот, останати неподвижни, вкочанети од студ, не може да го поднесат ".

Очигледно, со Александар се случи истото што подоцна се случи со Наполеон, кој загуби во Русија 105 илјади од своите 135000 непобедлива војска. "Се надевав дека можеме мирно да презимиме (во Массаге - Москва) во средината на непријателски настроени луѓе, кои не притискаше од сите страни, како заробен брод во мраз. Мислев дека со руска зима ќе се суспендираат непријателствата. Ние ќе ја отспиеме ... Во пролетта Французите би покажале дека тие се лесно ќе пораснат! .. Се надевав дека ќе се борам со луѓе. Но, јас не можев да  ги освојам пожарите, мразовите, гладта и смртта. Судбината беше посилно од мене. " Ова се зборовите на Наполеон Бонапарта, и многу добро може да му припаѓаат и на Александар Македонски.“

Од сето горе презентирано, видливо е дека Николај Сергеевич Новгородов се обидува да се спротивстави на искривената историја која ја презентира западот за Славјаните.

(продлжува: - Топоними на сибирскиот пат на Александар Велики)

Македонска нација

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.