Среда, 27 Септември 2023   
Црквата во Филипи е Првата Црква на европскиот континент

filipi-2

Апостол Павле, чиј спомен го чествува Македонската Православна Црква е една од најзначајните личности за христијанизацијата на Македонија, а потоа и на целиот овој регион, а подоцна и на Европа.

Професорот Ратомир Грозданоски е еден од еминентните богослови во Македонија, кој посветил голем период од својот научен труд во анализа и истражување на Апостол Павле и Македонија.

Во неколку делови Ви пренесуваме една пократка аналзиа.

filipi-3

Во Македонија, во Филипи, започнува европското христијанство. Евангелието во Европа влегло многу тивко и скромно, преку доаѓањето на свети апостол Павле во Македонија и неговата прва проповед во Филипи. Кај Македонците тоа не се појавило свечено како во Ареопагот пред атинските филозофи, ниту така официјално како на Кипар пред државникот, туку тивко и скромно, како што било раѓањето на Господа Исуса Христа во Витлеем, во пештерата.

Кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата Црква на европскиот континент била формирана „во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија“ (Дела 16,12). Изразот „прв“ (prwvth), како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски. „Прв град“ може да биде разбрано и како прв град од Европа којшто го примил христијанството од апостол Павле.

filipi-1

Црквата во Филипи била првата европска црква што ја основал апостол Павле (‛H ’Ekklhsiva stou;~ Filivpou~ h\tan hJ prwvth Eujrwpaϊkhv ’Ekklhsiva pou; i{druse oJ Paulo~). Оваа прва христијанска црква во Европа ја карактеризираат силната вера во Бога и големата љубов кон апостолот.

Тоа значи дека христијаните од Македонија, коишто ја сочинувале Филипската црква, биле исполнети со вистинско богољубие и братољубие, коешто е основа на Законот и Пророците, на Евангелието и спасението (Види: Матеј 22,37-40; Марко 12,30-31; Лука 10,27; спореди: 5. Мој. 6,5; 3. Мој. 19,18; Матеј 7,12 и Лука 6,31).

А за нивното благочестие пишува и светиот апостол Павле и ги пофалува, претставувајќи ги за пример пред другите христијани. Македонските христијани, доброволно, со љубов и дарежливо милосрдие, материјално го помогнале делото на свети апостол Павле (Филип. 4,10-20).

Пишува: Порф. д-р Ратомир Грозданоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.