Среда, 17 Август 2016   
Од Св. Климент до XXIвек: Кардинални промени во христијанството

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Меѓународната конференција „Климентовото дело“, 2016 Филолошкиот факултет и Факултетот за образовни науки Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Културните, и од нив верските, филозофските, етичките и книжевните наследства, не би имале значење во континуитетот на цивилизациите ако не се релевантни за современите идеи, интереси и инвестиции во човековиот интелектуален и духовен развој покрај материјалниот.  Во текот на 1100 години по животот и делувањето на македонскиот црковен просветител Св. Климент Охридски, образовните концепти во општествениот контекст на историјата,  претрпеле промени побрзи и посеопфатни од сите претходни 100.000 годишно култивирање на човекот. Во тие промени, религиите на светот, вклучувајќи ја и денес сеуште најмногубројната, христијанската, своето разбирање за светот и човекот го засновуваат на неменливи духовни и физички закон. Тоа атеистите не го признаваат и бескрупулозно го менуваат, иако во XXI век ги има само 1.8%, но и тоа малцинство на „верници во ништото“ прогресивно го тиранизира мнозинството верници, пред се христијаните.  

Трајноста на законитоста христијаните ја прифаќаат како божествен код кој го заштитува и природниот и општествениот ред од постојано минливите и човеко-центрични промени низ идеолошки движења и шпекулации на несовршениот човеков ум. Промените во последните три века, особено во „пост-религиозната“ и „пост-исторична“ мејнстрим култура на XX и XXI век, се капитално катастрофални. Резултат е идеолошки терор врз христијанското толкување на светот, вредностите и слободите. Гледано низ примери од западната култура, САД и Европа, последиците се: дегенеративни промени, декадентни деструкции во културата, уметноста и забавата, брутално нетолерантни персекуции против содржината и стилот на мислење и живеење, статизам, државно санкциониран атеизам, елиминирање на христијанската интелигенција од академски кампуси и медиуми, декриминализирање на деликвенција, перверзија, хипокритична примена на демократијата, криминализирана фарса во примена на човековите права и слободи, и др. Културите и религиите од сите континенти имаат дојдено до независен концензус дека ваквите промени, субверзивни во суштина а атрактивни и адиктивни по својот забавен, и воспалителен формат, се производ на самото западно „де-христијанизирање“ низ секуларен, прогресивен либерален радикализам индоктриниран и спроведуван од глобалната левица (празни катедрали, празни срца, социјални мрежи полни со секс, насилство, дрога и бестијална омраза).

На тие промени не можела да биде отпорна ниту „источно православната црква“ чии универзални и традиционални христијански вредности ги застапувал и просветителот од „духовната и реалната историја“ на македонското образование и пракса, Климент Охридски (840-916). Седумдесет и шест годишниот живот на Св. Климент е восхитувачки одраз на просветленост во цивилизациски активното средновековие. Просветителскиот и културолошки напредок во овој дел од светот, во Македонија, спроведуван од Св. Климент, го побива стереотипот за „темен среден век“. Ова е столетието во Македонија во кое тогаш една непозната дива земја, денешна Америка, допрва ќе биде откриена од нордиецот Лајф Ериксон (1000 год.) а Норманите од денешна Франција ќе ја освојат Англија (1066 год.).  

Број на христијани во светската популација низ векови

1 век, Векот на Апостолите - 500.000 христијани

10 век: за време на Св. Климент - 50.000.000 христијани

21 век: од 7.3 милијарди жители - 2.18 милијарди христијани (32%)

21 век: Број на христијански деноминации и организации - 41.000

21 век: Вкупен број на верници од разни религии - 89%

Број на атеисти/анти-теисти, со водачи како Richard Dawkins - 1.8%

Број на агностици - 9%  

(Податоци од Pew Forum on Religion and Public Life, 2010; Center for the Study of Global Christianity, CSGC)

XI-X век: Библиските студиски програми во Православното просветителство

Ако историчарите на уметноста се сложуваат дека религијата е колевка на уметноста, изворите на учењето на Св. Климент се служеле со највисоката уметност - верување во Божествената Тајна.

Теолошката психоанализа на конструктивното, креативното, доброто, во духовните записи на книжевникот Св. Апостол Павле, I в., е вклучена во просветителската програма и на просветителот од Македонија, Св. Климент, кој ги проповеда Библиските учења:

За љубовта, величествената химна на бесмртната врска (relegio) меѓу душата и Бог

„1. Ако ги владеам јазиците на човекот и на анѓелите, но во себе немам љубов, ќе бидам само ехо на ударот, неподнослив тапан. 2. Ако имам дарба да гледам во иднината и да ги разбирам сите тајни и сите знаење, и ако имам верба што покренува планини, но немам љубов, ништо сум. 3. Ако се што поседувам раздадам на сиромашните или си го запалам телото во пламен, а немам љубов во себе, ништо не сум постигнал. 4. Љубовта е трпелива, љубовта е љубезна. Таа не завидува, не  се фали, не е горделива. 5. Љубовта не е груба, не е себична, лесно не се налутува, не е злопамтило. 6. Љубовта не ужива да чини зло, но се радува на вистината. 7.  Секогаш заштитува, секогаш верува, секогаш се надева, секогаш издржува. 7. Љубовта никогаш не изневерува. Затоа, сите пророштва ќе престанат; сите јазици ќе замолчат; сите знаење ќе поминат. 8. Бидејќи ние разбираме само ограничено и предвидуваме ограничено, 10. Но кога ќе дојде време за совршенството, несовршеното ќе исчезне. 11.  Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете. Кога постанав човек, детските нешта ги оставив зад себе. 12. Сега како во огледало гледаме само еден блед одраз; но тогаш ќе се видиме лице в лице. Сега делумно знам; тогаш целосно ќе знам, како што ќе бидам и целосно знаен. 13. И сега остануваат следните три вистини: вера, надеж и љубов. А најголемата од нив е љубовта.                                                          

(Нов Завет, Првото писмо на Св. Павле, до Коринтијаните, 1:13)

Од New International Version (NIV) превод: М. Е. Кукубајска

За Плодовите на духот (доблестите), вредности кои атеистичката Биоетиката не ги толерира, но ниеден закон не може да ги побие: 

љубов, радост, мир, трпение, добрина, љубезност, милозливост, верност, само-контрола, (Св. Павле, Галатјаните 5: 22-23)  

„Светото Писмо“, Стар и Нов Завет, биле основата за студиската програма и наставниот план на христијанскиот мисионер и црковен лидер, Климент Охридски, развиван и предаван на најраниот универзитет во Југоисточна Европа, во Охрид, Македонија.

Во Охридската школа основана од него, Климент ги предава науките за духовно толкување на човекот и природата, ги пренесува и во теорија и во пракса (од калемење на знаења и мудрост, до калемење на овошни дрвца и совети за природните науки). Своето здраворазумско разбирање за практичниот живот, Климент го засновува на почит кон божествено инспирираните духовни закони и нивното интегрирање во сеопштиот развој на човековите цивилни и морални вредности. Меѓу нив се и темелниците на христијанскиот морал, Десетте божји заповеди. Климентовото познавање на духовната историја на христијанството и неговата искуствена мудрост го има согледано архетипскиот симбол и суштина на мислата и материјата кои во себе го содржат позитивното, кое се бори и го корегира негативното,  во свесна и совесна борба на доброто против злото.

Со лексикон од 10-ти век, просветителот Климент ја проповеда истата библиска детерминација за борба против злото, злото персонифицирано и трајно активирано од господарот на темнината (на духот, умот и телото) кој постојано предизвикува побуна и неред против стабилноста на физичкио ред и на духовната рамнотежа во човекот. Тоа се  огледа и во борбата на тогашната Католичка црква против Православната и на трите официјални јазици за образование против словенските јазици и култура (борба која продолжува и денес). Во латинскиот јазик, како и во имагинацијата на колективната свест на  народите, и во онтолошкиот  и архетипскиот корен на деструктивното, метафизичко-верската локација на злото е поставено во лево. Во фолклорниот лексикон на многу монотеистички религии останала телесната и духовната локација: на левото рамо на човекот е ѓаволот, бегај од тој лев човек, на лева нога станал – денес е настран).

Свеста за имагинарно-реалната позиција на злото (лево, наспроти десно), е дел од поучните преданија на Климент, како и на неговите христијански современици низ Европа, Блискиот и Средниот Исток. И пред 1000 години, sinistra на италијански значи лев, а sinister на англо-саксонски означувал злобен, лош, подол, расипан, со што се оквалификува поларитетот на негативните феномени, состојби и делувања. Во контекст на поништување на христијанската вистина, и во IX и X век позитивните сили во човекот и природата се спротивставуваат со добра вест (со надеж, вера и љубов), лоцирани во добромислата, доброто дело, за спас против корумпираноста на човекот во земниот живот, за спас на праведните на Судниот Ден, кога Исус Христос, седнат на десната страна од Господ Отецот, ќе суди против следбениците на левата страна, која заведува, измамува, прогонува и ја уништува вистината во свеста и во светот. Оваа верничка свест била суштински и одлучен влог во дидактичките и етички поучувања на Св. Климент.

XX-XXI век: Идеолошки агенди на атеистичкaта индоктринација за распад на западната христијанска цивилизација и православниот морал

Од ранохристијанските слова во првиот век, за човекољубие (agape), грижа за ближниот, интегритет на фамилијата, благословен и структуиран дом, мир во душата и мирољубивост меѓу луѓето, библиски верувања и докази за правда (Јосиф и браќата), еднаквост (Библиски проповеди и на словенски јазик, рамноправен со еврејскиот, грчкиот и латинскиот), во следните илјада години човекот и човештвото претрпуваат несогледливи трансформации. Напредокот носи и противречности кои можат да ги разбираат и решаваат само посветените на духовно просвет(л)ување. Духовните противречности спротивставени на духовната свест доведуваат до засилен духовен регрес, до ретрограден фетишизам. Човековата одважност во фазите на научни откритија и теоретски експерименти, се возгордува до степен на самопрогласување за бог - од редот на поетите, филозофите, научниците, богатите, политички наметнатите, до безредието во ретроградните потреби за обнова на пред-христијански паганизам и неограничен хедонизам во уживање на слободата - до степен на хаотичен судир: меѓу убавото и доброто создадено од Бог и релативизираното убаво и добро деконструирано од човекот (процес доминантен пред се во западната култура на Препород и човеко-центричност). Таа анти-теистичка фаза во XX-XXIвек доведува до морална декаденција која ги обзема сите науки, култури, стил на живеење и начин на мислење. 

Теории за општествено-културни промени (револуции) усмерени против христијанскиот светоглед манијакално се наметнуваат како авангардни курикулуми на либералните катедри во западна Европа и САД. Нивни водечки и немилосрдно нетолерантни агенти за потис нување на христијанските традиционални вредности се претставници на атеистичките, најчесто еврејски, деструктори и деконструктори. Таа тенденција е индикативна како одметнички синдром во јудаизмот (Златното теле – револт против Божјите заповеди преку Мојсеј, или Вавилонската кула – човекоцентричен предизвик на семоќната и сезнајна природа на Бог). Таа негативистичка тенденција останува да е тема на истражување меѓу теолозите и културолозите особено поради фактот што христијанството е продолжение на Стариот Божји закон, споделуван со евреите како наследство на јудео-христијански вредности на кои атеистичките евреи се непомирливи противници.  Една куса листа на такви теоретски експериментатори со школи и правци за  уредување на општеството и на материјалниот и психички свет на човек, ги содржи и следните имиња и нивните ставови. Тие ставови се во директен антагонизам против библиската програма и план за изучување на православната наука за Бог и човекот, проповедата и од Св. Климент Охридски и од христијанската црква денес.

Георг Лукач, еден од основачите на атеистичката Марксистичка, Франкфуртска школа на критика на христијанскиот карактер на западното општество и култура, е познат по својата апсолутна нетолеранција против христијанството:„Кој ќе не спаси од Западната цивилизација?“... Барам култура на песимизам... свет напуштен од Господ.

Теодор Адорно, водечки член на Франкфуртската, анти-христијанска школа, заедно со Ернст Блох, Валтер Бенџамин, Макс Хоркхајмер, Херберт Маркузе и Егзистенцијалистите од Франција - агитатор на Новата европска Левица, го теоретизира апсурдот, бесмисленоста и нихилизамот (инспириран од Ниче), како потреба и на уметноста му се исмева на христијанството: „Целта на уметноста денес е да внесе хаос во редот.“

Валтер Бенџамин, западно европски марксист од Франкфуртската школа, критичар на западната христијанска култура и морал, промотор на анти-позитивизмот, како главна постапка во борба против оптимизмот на верата во човечноста и во Спасителот (Исус Христос) промовира филозофија на очај и деморализирање на доброто: „Да се организира песимизам не е тешко, треба да ја избркаш метафората за морал од политиката.“

Зигмунд Фројд,  анти-христијански критичар набожествената природа на душата, опседнат со проучување на нагонот за смрт, компулсивноста на злото, сексот, агресијата, душевниот конфликт на безбожната душа, Нихилизмот и лудилото на Ниче, гаи психопатска и социопатска омраза против здравиот дух и здравото општество, зашто нездравото тој го гледа во се и во секого, а особено во тогаш доминантниот број на христијани во Америка, наспроти Европа која уште од Хуманизмот, Ренесансата, Просветителството и Француската револуција веќе го абортира христијанството од својот анти-духовен организам. Фројд се заканува со своето учење за телесен и интелектуален неморал како средство за ефикасна дегенерација на една цивилизација:

„Само кога би знаеле Американците дека им носиме чума!“

„Сексуалниот морал ..... треба да се презира. Јас се залагам за неспоредливо послободен сексуален живот.“

Жак Дерида, марксистички непријател на христијанските основи во општествената критика, етика, естетика, уметност, историја, и контраверзен постмодерен поборник за деконструкција на редот и мирот во нештата, потврдува дека природата и вистината (идентитетот) за неа се создадени (потекнуваат) од човекот, а не од некаков Бог:

„Постмодернизмот... за свој примарен предмет го има идентитетот на реалноста и нејзиното потекло кое никогаш не е ниту од природата ниту е дадено, туку човекот е тој кој секогаш го создава.“ („За пишувањето“)

И Ал Гор, милитантно левичарскиотглобаленактивист за политички и економски деконструкции на општествата врз основа на агресивна, наводно анти-капиталистичка, а во суштина експлоататоркса, анти-христијанска пропаганда за спас на неодржливата Дарвинова природа,  артикулира крајно егоцентричен индивидуализам и бескрупулозен проект за контролирана зависност на масите и состојба на нов нихилизам во кој глобализмот ќе оперира по свои моќни небулози: 

„Она што суштински го дефинира постмодернизмот е спојувањето на нарцисоидност  и нихилизам.“ (2012)

Деструктивното во  XX-XXI век, низ примери од книгата „Деца на Апокалипсата“, автори: американски православни монаси (John Marler, Andrew Vermuth)

Наспроти филозофијата на нихилизам на германецот Ниче и апсурдот на француските Егзистенцијалисти, христијанската просветленост од временто на Св. Климент продолжува и низ руските христијански, книжевни величини како Фјодор Достоевски. Неговата духовност просветлена од Бог, знае дека „Ако не постои вера во бесмртноста на душата, тогаш се е дозволено.“ и дека „Убавината има значење кога го спасува светот.“ Тоа го признаваат и Џек Лондон во „Железна пета“, Џорџ Орвел во „Животинска фарма“ и „1984“, Олдос Хаксли во „Храбар нов свет“, но ваквите цинични сатиризирања на тоталитарната контрола и атеизмот не се веќе политички коректни за мејнстрим агендата на новиот светски поредок.

XX век постанува високо пермисивен и промискуитетен во сите области на науката, културата и уметноста. Општествено културолошките дегенеративни промени воспалени со атеистичките револуции (Француската, Советската и нивните комунистичко-социјалистички клонови), после стотици милиони уништени животи и духовна агресија против четирите доблести (кои се клучни за разумно цивилизирање: праведност, расудување, воздржаност и храброст), кулминираат во ново исконструирани, платенички „револуции“ на Новото Доба,  (од Хипи-Бит револуции, Чегевара и Хо Ши Мин, до Occupy Wall Street, Арапска пролет, Портокалова, Хонг Конг Чадор револуција, Шарени мутанти на нео-комунистички револуции...).

Западната теорија и пракса за радикални трансформации, која го доведе и Барак Хусеин Обама за водач на процесот на терминирање на христијанската конзервативна традиција во САД, Европа и светот, денес демонстрира и протестира преку макси и мини револуции - да се ефектуира како надкултура (елитизам), надопштество (држави без граници), наднационални територи и заедници (без културна генеза), на големата мапа на обединет свет. Таа мундијалистичка агенда има за цел да го доведе до морално и духовно банкротство западното општество (религија, образование, култура, медиуми, забава, спорт), за преку неговите проектни инвестици да програмира и репрограмира нов идеолошки империјализам во сите гео-политички региони на светот, и регии на умот.

И во овој апокалиптичен континуитет на атеистичките теории за идеолошко репрограмирање на свеста и за диктирана стратификација на тоа глобално општество, европеизам (како кај Карл Хаусхофер, и кај националсоцијализмот на Хитлер кој го заменува христијанскиот крст со кукастиот), христијанската религија е на првата линија на ударот. Парадоксално - и во овие движења, нов масовен геноцид на христијанството во подрачјата разорувани од воената диктатура на глобализмот,  продолжува неочекуваниот феномен: христијанската вера сепак да бележи светски пораст, особено во Источна Азија, Западна Африка и Арапскиот полуостров, земји каде половина од населението е муслиманско.

Во однос на „вчерашниот свет“ и неговите сомнителни продолженија денес, атеистичката школа треба да си дозволи една примарна здравствена заштита со почетна интелектуална чесност. Така посмирено и почовечки би отпочнале итно потребните споредбени истражувања и на левите и десните идеологии.  Контролирање на пристрасното лудило на антителата во левата индоктринација е пресудно за да можат  нејзините пропагандни удари „поправично“ да ја применува својата толеранција меѓу слоевите на општеството кои не се сведуваат само на нивните нео-макрсистички идеологии да ги проверува пред сеуште да верува во нив, и во она во што веруваат некои од токените на маскултурата и медиумите на кои веќе не сакаат да и веруваат ново-просветлените, ниту во Европа, ниту во Америка, бидејќи следните анти-мисли сеуште се против христијанството, вклучувајќи го и православното образование преку Св. Климент: 

Карл Маркс, „Идејата за Бог мора да биде уништена.“

Фридрих Ниче, „Првиот и последен христијанин/ Христос/ умрел на Крстот.“

Пабло Пикасо, „Сите ги прејдов и намлатив куп пари.“

Хуан. А. Самаран, за олимписките организации, „Позначајни сме и од католиците.“

Џон Ленон, „Сега сме попопуларни и од Исус Христос.“

Блек Сабат (рок бенд), „Зарем не се урнисуваме низ бескрајна бесмисленост.“

MTV спот - дрвја закитени со фетуси, музичари безживотно виснати на куки за месо, а пост-модерните Адам и Ева пред ТВ екранот прифаќаат/загризуваат јаболка со MTV лого. 

Sex pistols, панк група, „Јас сум Антихрист, не знам што сакам, но знам како тоа да го постигнам. Сакам да уништувам...“ 

Во XXI век, кога христијанските морални и духовни законитости од времето на Св. Климент, сеуште имаат трајни вредности за повеќе од 2 милијарди жители на планетата, и кога неверниот човек цинично и одважно ја продолжува војната против Бог, против вистината и против љубовта, современите револуционерни заблуди сепак се сведуваат на старите побуни против нечиј друг „систем кој треба да се сруши“, додека во тој процес на рушење се претвораат во најлоша можна варијанта на системот кој нив ги проектира, додека радикалните промени водат до прогресивна анархија (регрес) и каде лудилото е норма, а дехуманизацијата метастазира и го репродуцира феноменот на злото, одново се случува архетипски левиот Луцифер да го декларира својот постојан антагонизам против десниот, Спасителот. Несовршеноста на нарцисоидното и себично човештво ги повторува грешките на Каин против Авел, Ромул против Рем, Нерон против разумот, Волтер и Русо со „разумот“ против душата, Маркс со утопии и дистопии против реалноста, Дарвин против Создавачот; тиранијата на секуларниот елитистички естаблишмент (со некогашната суб-култура) против волјата на манипулираните маси (дел од кои биле употребени токму од нивните лидери за промени), Новиот Светски Поредок против природниот ред, на земјата и во универзумот (духовен и физички).

Последици: Генерација Икс – изгубена, оттуѓена генерација, втурната во нонсенс и потоа во хејтерска потрага по нео-утопистички конструкти и пост пост-модерни одбрани на нео-марксизмот, на бесот од неговата неодржливост и неадаптибилност на „идеалите“ во пракса; на бесмисленоста наметната од псеудо-елитистичкиот, квази-интелектуален варваризам. Оваа борба се претвора во расцепкано и дифузирано рушење на преостанатата христијанска вистина и реалност за животот на верникот во Бог. Ваквиот е револт против авторитети и системи; борба на оние кои не веруваат во христијанскиот поим за  добро, убаво и љубов; деконструкција и деструкција на традиционалната етика и естетика; дегенерација на идентитетот и конзистентноста; безумно физичко и ментално насилство (пр.: борците за родова еднаквост во САД,  насилно, и со помош на законот - се наметнуваат на другиот пол,  во една иста спортска гардероба, исти туш кабини, исти тоалети за машки, женски и – за произволен род); побуна против бесмисленоста со уште поголема бесмисленост; „квази револуционерна контра-култура“, контра-општествено граѓанско-цивилно (анти-цивилизациско) уредување неизгласано во државна демократија; манијакални алтернативци, психоделични нео-хипици, панкери, рокери, рејвери, андерграундери, боди-билдери, скинхедси, хеви-металци, рапери, гангстери, скејтери, шминкери, педофили, зависници од секс, дрога и насилство; поделени идентитети, психопати, социопати, убијци, садистички и мазохистички ритуали, празни души полни со телесна еуфорија на страст без љубов; заблуда за вистината, амнезија за човечноста, триумф на апсурдот (уметникот на апсурдот го обожува својот бестијален херој, учениот Ханибал Лектор); отсуство на комуникација со душата/духовното (со Бог), окултизам, ново-добска пракса на магија, даркерство, сатанизам (WICCA), општење со негативната, уништувачка енергија. Такво не е учењето на Св. Климент од пред 10 века, и денес, зашто на такви промени Господ не го учи човештвото; никогаш.   

Заклучоци:

За христијанскиот светоглед науката не е исклучување на Бог, туку човеково истражување и творештво засновано на истражување и откривање на неоткриениот, Божествениот творечки дизајн. За атеизмот се затворени  прашањата за вистината од каде сме, зошто сме, каде одиме.

Непросветленото, духовно стерилно, интелектуално површно, агресивно битие на естаблишментот на XX-XXI  век, со својот атеистички, секуларен, догматски, радикално либерален, едноок и дистопичен поглед на реалноста, е неспособно да прави разлика помеѓу променливоста на материјалниот свет и непроменливоста на материјата и енергијата, на физичкиот и духовниот свет, заснован на невидливите (за неверниците), а сеприсутни докази за постоењето на  бескрајниот, сезнаен и семоќен Бог кој управува со тој свет. Причина: атеистот му робува на материјалниот свет, ослободен од слободата на духовниот светоглед. Бог ослободува. И Бог не е мртов. Мртва е само душата на празниот човек.

Денешната западна наука и филозофија имаат се помалку јасни одговори на се поголемиот број најдлабоки прашања за постоењето на човекот, материјата, душата. Ако материјата ниту се создава ниту се уништува, тогаш зошто постои нешто а не постои ништо (како ништото кај атеистите). Но и да постои, и тоа не е создадено од човекот, туку од Бог. Тогаш создавањето на светот и животот мора да е натприродно (а не само по себе, и од човекот, како што индоктринира Дерида и неговите социјалистички и комунистички следбеници по либералните универзитети во светот и во Македонија).  Се менува само она во светот што е „создавано и рушено“ од човековите деградирани и деградирачки инстинкти. Во тој тек на западните промени, науката за физичкото престанува, и одново почнува потребата од спојување на науката за надфизичкото, метафизиката, религијата, верата, препознавањето на Бог од страна на просветлените, оние за кои се залагаше светиот основач на азбуката за зборовите на светлината, за сеприсутноста на Бог во животот на човекот, Св. Климент.   

Стивен Хокинг, научникот којсепак не верува дека е атеист,се запрашува и на оваа тема, делумно сугерирајќи религиозен одговар за тајната на универзумот, на небесата:

„Ако би дошле до заокружена теорија (за постанокот на светот), тогаш тоа сознание би требало - спрема основните принципи - да му постане разбирливо секому, а не само на  неколкумина научници.  Тогаш и филозофите, и научниците и најобичните луѓе би биле во состојба да земат учество во расправата по прашањето `Зошто`: Зошто постоиме, ние и вселената?“ Ако најдеме одговор на ова прашање, тоа би бил крајниот триумф на човековиот ум – зашто тогаш би го спознале Божјиот ум.“

stiven-hoking     
Стивен Хокинг одржува јавно предавање Stockholm Waterfront конгресен центар, 24 август, 2015

А одговорот на тоа прашање сепак никогаш нема да постои за научниците кои не веруваат, а веќе постои за верниците. Причина: поради аксиоматската вистина дека создаденото (the creation) не може да го интерпретира и дефинира Создавачот (the Creator).  Создавачот е веќе во се создадено од Него, а тоа може да го спознае создаденото кое, барем и на основното свое ниво на само-спознавање - ја препознава и признава Божјата честичка (God’s particle), како дел и од видливите и од невидливите закони на Бог, во неговата материја, енергија, простор и време, светлина и брзина, во се што не е внесено во човековиот лексикон, и неспоредливо многу повеќе. Исус Христос помина 33 човечки години на земјата, за преку неговото Божје отелотворување да биде совршен практичен пример и показ на несовршеното битие - кон патот од привременото до трајното, колку и тој пат до ѕвездите да е послан со милениумски отровни субстанци кои по грешка ги создава несовршениот, грешниот човек, работејќи против своето тело и душа.  

Исус Христос зборува и преку беседите на Св. Климент од пред 1100 години, и денес, зашто Бог Е – и Алфа и Омега, Совршена Вистина на верата, апсолутен закон на природата во кој нема место за релативизам, ревизионизам, за шарени, сиви, црвени,  корумпирани револуции на светот, светот како монструозна центрифуга за перење на умови, души и... пари (белосветски и црносветски). 

„Јас сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован,1,1,14) ... „Дојдете, сите вие обременети и уморни, кај Мене одморете се. Само побарајте Ме, Јас сум овде!“ се обраќа Христос кон сите на светот, а дали го прифаќаат или „убиваат“ жителите на неговиот свет зависи од нивното практикување на правото на слобода да изберат меѓу верата во бескрајноста и на нивното битие на доброто, на правдата и на љубовта, наспроти неверувањето, атеизмот.

kliment-kiril-metodij

Православните христијанските просветители, IX- X век: Климент со учителите Кирил и Методиј

Црвка „Св. Богородица Перивлепта“ („Св. Климент“), Охрид, XIX век

Литература:

Bainton, Roland.  Early Christianity.  1984.  ISBN:  089874735X.

Betancourt, Alex. (2008). Walter Benjamin and Sigmund Freud: Between Theory and Politics. Saarbrücken, Germany: 

Cross, Frank L., ed.  The Oxford Dictionary of the Christian Church.  Second Edition, 1993.  ISBN:  0192115456.

Hawking, Stephen, A Brief History of Time: From the Big Bang to Black Holes,Bantam Dell Publ. group, 1988.

Jay, Martin The Dialectical Imagination: A History of the Frankfurt School and the Institute of Social Research

Kaufmann, Walter Nietzsche: Philosopher, Psychologist, Antichrist. Princeton University Press, 1974 . 

Монах Јован, Монах Андреј, Деца Апокалипсе, Светигора, Митрополија  Црногорско-приморска, Цетиње, 2000

Rose , Seraphim, Nihilism, The Root of the Revolution of the Modern Age. Platina: St. Herman of Alaska, 1994.

www.globalchristianity.org/globalcontext.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.